Среда, 22 Ноември 2023   
Победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните парламентарни и претседателски избори, се спасот за Македонија од оваа некадарна влада

                                    1Mane 3

Камбаните во цела Македонија повторно бијат за нови „Илинденци“ кои ќе го продолжат аманетот на своите предци, да ја продолжат завршната битка за зачувување на идентитетот.

СДС му има нанесено големо зло на македонскиот народ со потпишувањето на штетните договори со соседите, за криминалот, корупцијата, антимакедонското владеење...

Единствен начин да се острани СДС од власта е народот да излезе на наредните избори и масовно да гласа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Само со перо во рака може да се искорени коровот кој почна да ја задушува македонска почва. Изборот помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од СДС, е како борба на доброто против злото.

На наредните парламентарни и претседателски избори ВМРО-ДПМНЕ со сигурност ќе го порази вирусот создаден од оваа антимакедонска и криминална влада на Заев, Ковачевски и СДС.

Свесни дека народот не ја прифаќа нивната политичка програма и дека ги има прочитано нивните манипулации, речиси било кое раководство на СДС го користеше албанскиот елемент, распродавајќи ја притоа сувереноста на македонскиот народ и држава. Тоа најдобро го покажуваат повеќекратните порази на локалните, претседателски и парламентарни избори.

Раководството на СДС од 1990 година до денес никогаш не го чуствуваше пулсот на македонскиот народот, ниту некогаш направи обид да се приближи до него. Ако некогаш дури и се обидеше да го направи, тоа беа само лажни ветувања кои никогаш не ги исполни.

Доколку се навратиме на македонски парламентарни избори од 1990 до денес може да се забележи следното:

Македонски парламентарни избори - 1990

Во 1990 година беа одржани првите парламентарни избори во Република Македонија (тогаш СР Македонија) по воведувањето на политичкиот плурализам. Во првиот круг на парламентарните избори одржани според мнозинскиот систем на 11 ноември 1990 година најмногу гласови освои дотогаш владеечката партија СКМ-ПДП (подоцна СДС), а во вториот круг најмногу гласови освои ВМРО ДПМНЕ, која доби најмногу мандати – 38. Тогаш СДС  освои само 31 мандат.

Иако ВМРО ДПМНЕ победи на овие избори, поради распоредот на силите во Собранието, настанаа сериозни проблеми за формирање на влада. На крај се пристапи кон формирање на техничка влада и мандатот му беше доделен на Никола Кљусев, кој ја доби довербата од пратениците на Македонското собрание и стана прв премиер на македонската влада.  Уверени дека ВМРО ДПМНЕ може да состави своја влада и Љупчо Герогиевски да стане премиер, експертската влада во август 1992 година си поднесе оставка. Но, наместо ВМРО ДПМНЕ, СКМ – ПДП (СДС), кој умешно со интриги ја водеше играта, формира своја влада.               

Македонски парламентарни избори – 1994

Парламентарните избори во 1994 година се првите парламентарни избори кои се одржаа по стекнувањето независност на Република Македонија. Истовремено, на 16 и 30 октомври 1994 година за првапат се одржаа и непосредни претседателски избори. Победа издвојува Сојузот на Македонија предводена од СДС, откако опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ го бојкотираа вториот круг на гласање.

Иако анализите покажуваа дека во вториот круг на гласање ќе имаат повеќе гласови, веднаш по првиот круг, поради основани сомевања во регуларноста при првичното гласањето, како и можноста од сериозни нарушувања на изборниот процес во вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија решија да апстинираат. СДС повторно успеа со интриги да го исфрли ВМРО-ДПМНЕ од парламентарната трка, по што без конкуренција победи и владееше апсулитистички четири години.

Периодот од 1994 до 1998 година ќе остане запаметен како темен период кога целосно згасна македонската демократска пролет и започна долгата пролет на тоталитарна власт. Тоа е време без дијалог, тоталитарен режим на СДС, кога тој ќе ги постави основите за ескалација на меѓуетничките односи во земјата.

Македонски парламентарни избори (1998)

Тоталитарниот режим кој го воспостави раковоството на СДСМ, народот ќе го казни на парламентарните избори во 1998 година. На изборите кои се одржаа на 18 октомври и 1 ноември 1998 година според мешовит изборен систем, победи ВМРО ДПМНЕ, која по изборите формира влада со Демократската алтернатива и Демократската партија на Албанците.

Меѓутоа, неместо прогрес и земјата да се развива како граѓанска демократија, во 2001 година земјата беше втурната во етнички конфликт, кој СДС со разни интриги, закани и уцени, го искористи да влезе во власта, во таканаречената широка коалиција. Како резултат на политичките игри на СДС добивме спорен Рамковен договор, со кој се промовира и легализира насилството како начин на постигнување на политички цели.

Македонски парламентарни избори (2002)

Разочарани од капитуланскиот однос на владата на Љупчо Георгиевски, како и од ветувањата на СДС дека по 15 септември ќе има вработен по еден од секое семејство, народот го казни ВМРО ДПМНЕ на парламентарните избори во 2002 година. СДС за првпат и веројатно последен пат победи чисто на едни парламентарни избори, кои се изведоа по пропорционален изборен систем

Сепак, победата на СДС скапо ќе го чини македонскиот народ.

За време на нивното четиригодишно владеење во коалиција со Демократската унија за интеграција, формирана од страна на ОНА, која претходната година го предизвика конфликтот, беше извршена промена на Уставот и новата територијална организација на локалната самоуправа, што за многумина граѓани на Македонија не беа прифатливи.

Стружани тогаш најдобро ја почуствуваа репресијата на актуелната власт кога се спротивставија на албанизацијата на градот. Тогаш народот сфати кон каде ги води политиката на СДС.

Македонски парламентарни избори (2006)

На следните парламентарните избори кои се одржаа на 5 јули 2006 година, народот го казни СДС.

На изборите победи опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која потоа формира влада. Всушност, изборите во 1998 и 2006 година беа најрегуларни избори од воведувањето на повеќепартискиот плурализам во 1990 година.

Под раководство на лидерот на победничката партија Никола Груевски, ВМРО започна да реди успеси. Но, овие успеси му сметаа на опозициската СДС кој правеше се за да ја сруши владата на Никола Груевски или да стане дел од власта. Ваквото однесување на опозицијата, како и неуспешниот Самит на НАТО во Букурешт (3 април 2008), кога Македонија не беше примена во алијансата, ќе биде причина да се оди на предвремени парламентарни избори.

Македонски парламентарни избори (2008)

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1 јуни 2008 година. Тоа беа први предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Р.Македонија во 1991 година. Иницијативата за вонредни избори била поддржана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот коалициски партнер ДПА, додека опозициските СДС и ЛДП свесни за рејтингот гласале против.

Народот свесен дека неуспехот во Букурешт е поради ветото на Грција, повторно масовно му ја даде довербата на колацијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Тоа му даде полет на младата влада на Никола Груевски да продолжи со успешното менаџирање во време кога светот влегуваше во економска криза.

Македонски парламентарни избори (2011)

СДС како опозиција не мируваше. Постојаните опструкции и барање на опозицијата за нови избори ќе го натераат ВМРО ДПМНЕ да излезе на втори по ред предвремени парламентарни избори на 5 јуни 2011 година. На овие избори за првпат македонските државјани во странство избираа свои пратеници, откако оваа можност беше воведена со измените на Изборниот законик во 2008 година. И на овие избори победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Новата коалициона влада продолжи да реди успеси во справувањето со економската криза која го тресеше светот, потоа со невработеноста и т.н.  

Македонски парламентарни избори (2014)

Свесни дека немаат доволен рејтинг, СДС ќе ги испровоцира настаните од 24 декември 2012 година во Собранието на Македонија, по кои континуирано ќе инсистираа на нови избори. Тоа ќе доведе до нови трети по ред предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 27 април 2014 година. На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Опозицијата барајќи причина за својот пораз, ги прогласи изборите за нерегуларни и по 15-месечен бојкот на 1 септември 2015 година повторно се врати во Собранието. За тоа време владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжи успешно да ја води земјата. 

Македонски парламентарни избори (2016)

Предвремените парламентарни избори се одржаа на 11 декември 2016 година. ВМРО ДПМНЕ издвојува уште една победа, од деветте по ред одржани Македонски парламентарни избори од 1990 година до денес.

Наместо коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да формира влада со победник во албанскиот блок според востановената практика, по изборниот инжинеринг и интриги поддржани од странски центри на моќ, коалицијата предводена од СДС и ДУИ формираа влада.

Недомаќинското работење на владата на СДС и ДУИ, рекет на секој агол, криминал, расипништво, онкологија, договори во четири очи, делење државјанства на мафијаши од целиот свет, се покажа дека оваа влада е збирштина на некомпетентни фунционери кои не ги интересира ниту народот ниту пак иднината на државата.

И се ќе беше поинаку, ако власта имаше некакви резултати. Но и покрај 8.5 милијарди евра долг, и милијарди потрошени од буџети, нема ниту еден проект или мерка која асоцира на оваа власт, напротив граѓаните ги асоцираат скандали, коруптивни зделки и бизнис интереси. Ги нема автопатите, нема градинки, нема нови училишта, нема ниту учебници, ниту лекови. Нејасно е каде завршија милијарди евра народни пари. Задолжување додека се може е модус операнди на оваа власт.

Граѓаните на Македонија се се поблиску до денот кога на избори ќе стават крај на ваквото владеење, по што ќе следат промени и подобра иднина!

На наредните парламентарни и претседателски избори, ВМРО-ДПМНЕ со сигурност ќе го порази вирусот создаден од оваа антимакедонска и криминална влада на Заев, Ковачевски и СДС.

Во Македонија апсолутно е јасно дека граѓаните ќе дадат целосна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните претседателски и парламентарни избори.

Победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните парламентарни и претседателски избори, се спасот за Македонија од оваа некадарна влада предводена од СДС и ДУИ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.