Среда, 22 Ноември 2023   
СПИЈТЕ МИРНО - ДОАЃА И ЛАВРОВ
1martin1
 
Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
 
Скопје последнава недела од ноември ќе биде вистинска кошница преполна со ептен високи гости. Деновиве во дводневна посета ни доаѓа Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, а на крајов на месецов е завршната конференција на македонското претседавање со ОБСЕ на која е најавено присуство на над 70 делегации, предводени од педесетина министри за надворешни работи од Европа и Северна Америка, како и шефови на бројни меѓународни организации.
 
   Не се соопштени темите на разговорите на Ген-секот Столтенберг со неговите македонски соговорници, но со сигурност може да се поретпостави дека во прв план е војната во Украина, безбедносните состојнби и предизвици во Западниот Балкан, како и руското и кинеското влијание во регионот. Закажана е и средба со шефовите на држави или влади на земјите членки на Алијансата - Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Македонија и тоа во Скопје.
 
    Кога сме кај НАТО, интересен е патот на Македонија до полноправно членство во Алијансата. По Референдумот за независност од 8ми септември 1991 година, во Македонија преовладуваше едногласие за иднината на земјата како полноправна членка на Европската Унија и НАТО! Бевме свесни дека членството во ЕУ е подалечна перспектива заради формалностите во преговорите, но во прв план и заради пречките што беа во најава од некои наши соседи. Македонија вредно пријде на реформите дома, во системот на одбраната, но и со меѓународните активности. Бевме меѓу 10те водечките земји-кандидати за члество со паролата "Со јато, во НАТО", но големото проширување помина, а ние извисивме (на соседите им пречело името на нашата земја!?). Со цел да се амортизира гневот заради ускратената покана за членство и тоа не само нам, туку и на Албанија и на Хрватска, САД ја иницираа таканаречената Јадранска група, т.е.Македонија, Хрватска, Албанија и САД кои не подготвуваа за членство, но се случи фамозниот самит на НАТО во Букурешт 2008, каде Грција стави вето (Ах тоа проклето вето! Кој ли го измисли?) и повторно извисивме! А претседателот Буш дури три пати изјави во Букурешт дека е среќен што Алијансата ќе биде проширена (на самитот во Букурешт) со три нови членки: Маседониа (Македонија секогаш ја спомнуваше како  п р в а  од кандидатите), Кроејша (Хрватска) и Албанија! Се поставува прашањето дали е можно претседателот на САД да не знаел за грчкото вето!? Можжеби, доколку Стејт департментот и ЦИА не го известиле!? Американската дипломатија, во прв план Стејт Департментот (Министерството за надворешни работи) свати дека нивната концепција за прием и на Македонија - со што би се комплетирала проектираната вертикала на членки на НАТО од крајниот север на Европа до крајниот југ на континентот (им фали само уште Србија)
не поминува заради грчкото инаетење заради името на нашата земја Заради тоа, тие ја применија нивната позната тактика  "со милост или со сила" - ја турнаа патриотската влада на ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Никола Груевски, го донесоа лицето Зоран Заев на власт, направија хаос во земјата со бојосување на згради и Шарена револуција што резултираше со договорот од Нивице и промена на Уставот и утавното име на нашата земја и повеќе немаше проблем - Грција ја симна блокадата за прием на РМ во НАТО и Македонија на 24 март 2014 година постана полноправна членка на Алијансата.
 
   Различни се чувствата денес меѓу нашите граѓани за членството во НАТО, но лично сметам дека тое е   д о б р а   работа што сме внатре, пред се заради членот пет од Вашингтонската декларација од 1949 според кој имаме гаранција од сите членки за безбедноста и целовитоста на нашата земја која е опкружена со агресивни соседи (а и одвнатре) што не ни мислат добро ни како нација, ни како држава.
 
   НАТО нуди на членките и бројни економски можности за снабдување со опрема и други материјали, но дали ќе ги искористиме сега кога веќе сме рамноправна членка тие можности зависи пред се од самите нас, а се разбира и од нашето снаоѓање и лобирање во Алијнсата поради многу силната конкуренција од останатите членки.
 
   Колку за потсетување, идејата за поспешување на македонскиот од кон полноправно членство во НАТО, пред се  преку афирмација на придобивките од тоа членство и тоа со формирање на Атлантскиот совет ја донесе во раните 90ти години од минатиот век министерот во Експертската влада др Александар Лепавцов. Но таа идеја не заживеа (очигледно на некои структури во земјата не им беше по воља дека ВМРО-ДПМНЕ се иницијаторите за формирање Атлански совет на РМ!?), за денес истата да биде узурпирана од индивидуи во Атланскиот совет на РМ кои немаат никаква врска со атлантизмот.
 
   Нашето членство во Алијансата ќе биде забележено и по еден невиден скандал што се случи за владењето на лицето Зоран Заев. Имено, иако во седиштето на Алијансата како земја-кандидат имавме комплетна мисија, владата предводена од споменатото лице, по сугестија на ДУИ, именуваше "Специјален пратеник" за НАТО во Брисел, во лицето Лазар Еленовски, што несомнено предизвика големо чудење меѓу надлежните во Алијансата во смисол "Што по ѓаволите се случува???" А истата таа влада на ДУИ и СДС не се потруди со години да именува амбасадор на РМ во НАТО и церемонијата на кревање на националното знаме на РМ - што симболично се манифестира приемот на земјата во полноправно членство - помина за прв пат во историјата на Алијансата, без присуство на амбасадор на новата членка!
 
   Ете, тоа се некои дребулии за историјатот на приемот на нашата земја во Алијанстаа, но и на грдото лице и наличје за нас самите.
 
   А што се однесува до скорешниот самит на ОБСЕ, засега само слушаме најави дека ќе бил "историски" и дека се очекувале "крупни" одлуки!
 
  Но едно е извесно: Конечно е расчистена дилемата и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров потврди дека доаѓа во Скопје, значи можеме мирно да спиеме.
 
П.С. Се надевам дека градоначелничката на Скопје Данела Арсовска, конечно ќе го исчисти Скопје, ќе ги осветли скопските улици и позначајни објекти како Владата, Калето, Собраието и други, бидејки ова е ретка прилика да се покажеме пред светот во што поубаво светло!
 
 
 
 

На прво место

News image

До 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – Охрид и експресните патишта

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт до 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – О...

Историја

News image

Албанците од Македонија не се фински швеѓани-Драган Богдановски- 1997г.

Госпоѓа Елизабет Рен, финска државјанка од миноритетската шведска јазична група, бивша министерка за...

Иселеници

News image

АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ЛЕИК ПЛЕСИД (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р МОТОКИ НОМАЧИ ОД ЈАПОНИЈА – ПОЧИТУВАЧ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Професорот  Мотоки Номачи е истражувач на словенската лингвистика, на социолингвистиката и на...

Фељтон

News image

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ (20)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.