Среда, 13 Декември 2023   
Никој од власта нема доблест да си даде оставка поради пропусти во истрагата на Вања и Панче!

1svekrvaСвекрва

Од 30 ноември до 1 декември, под председателство на Македонија,  во Скопје се одржа 30-ти Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). На состанокот учествуваа 74 делегации со околу 1000 учесници од 57 земји. На овој најголем политички-дипломатски настан што некогаш се случил во државата, меѓу другите високи политичари, дојдоа и првите дипломати на САД и Руската Федерација, Ентони Блинкен и Сергеј Лавров. По руската агресија врз Украина, тоа беше редок настан, двајцата да се појават на исто место. Но, по низа игри кои предизвикаа каснење на доаѓањето на руската делегација, двајцата се разминаа и не разговараа за да се најде решение за конфликтот во Украина.

Со цел организирање, раководење и кординирање на мерките и активностите за безбедно и непречено одржување на 30-ти Министерски совет на ОБСЕ  беше формиран Штаб „ОБСЕ 2023“. Според изјавите на македонските безбедносни структури во тоа време не можело ни пиле да прелетта. Односно, дека „службите ги презеле сите потребни мерки и активности“ и дека „состојбата е редовна“.

Сепак една група под раковоство на Љупчо Палевски Палчо која на социјалните мрежи говори против ВМРО ДПМНЕ и шири антизападна и проруска политика, била оставена без контрола. Тоа било доволно, групата предводена од Палчо да ги изврши двете грозоморни убиства пред почетокот на состанокот на ОБСЕ.

На 22 ноември бил грабнат Панче Жежоски и земено неговото старо возило „Цитроен“, а на 27-ми со истото возило била грабната 14 – годишната Вања  Ѓорчевска. Иако и двајцата биле убиени, досега никој не поднел оставка, за пропустите при истрагата. Се смета дека доколку навреме била распишана централна објава за возилото, можело преку Системот Сејф Сити да се детектира возилото кое како пто тврдат од опозицијата три дена било во Скопје, да се откриат убијците на Панче и да се спречи убиството на малата Вања.

Исчезнувањето на Панче и возилото, како што пренесуваат медиумите било пријавено веднаш. Зошто безбедносните служби во ситуација кога поради Министерскиот совет на ОБСЕ ја имаат кренато  безбедноста на највисоко ниво, не реагираат веднаш е неразбирливо. Неразбирлив е и мотивот со кој се објаснуваат двете убиства, па во недостаток на одговори од надлежните во јавноста се шират низа претпоставки и прашања.

На пример, се поставува прашањето што ако Вања и Панче се колатерална штета и што ако групата на Палчо која пропагирала антизапдна и проруска политика, планирала да го искористи возилото на пример за да изврши атентат врз некоја личност од високите преставници приусутни на состанокот на ОБСЕ. Какви би биле тогаш последиците по земјата?

Да се потсетиме на атентатот на претседателот Киро Глигоров од пред 28 години. Нападот бил извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот пред хотелот „Бристол“ на улицата „Македонија“, кога претседателот Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција до работното место во Собранието на Република Македонија. Бомбата била поставена во автомобил „АМИ 8“ и активирана со далечински. Претседателот беше тешко ранет, никој од тошашната власт предводена од СДСДМ не поднесе оставка, а напаѓачот никогаш не е пронајден.  

За да нема шпекулации денес, потребни се одговори, но и оставка од морални шричини поради пропустите во истрагата. Инаку, јавноста незаборава, а ќе дојде време кога секој ќе ја плати цената на своето однесување.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.