Среда, 13 Декември 2023   
ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО/МАКЕДОНИЈА (КОРУПТИВНО) СЕ ВООРУЖУВА

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. Македонија  сеуште е во шок од двојното свирепо убиство во стил на егзекуција на 14-годишната Вања Ѓорческа и велешанецот Панче Жежовски. Гневот и осудата на овој злостор не стивнуваат, а сите ние останавме без бројни одговори што македонската полиција и обвинителството ги должат не само на домашната, туку и на јавноста во регионот и пошироко.

   Засега се знаат следните нешта:

1. Првоосомничениот Љупчо Палевски е во затвор во Турција и за него е побарана екстрадиција, т.е. да биде предаден на македонските власти;

2. Пет лица се во затвор заради соучество во злосторот:

3. Се поизвесно е дека и родениот татко на несреќната Вања е директен соучесник во киднапирањето на сопствената ќерка;

4. Убиството на малата Вања е извршено во близина на скопското село Бразда, каде првоосомничениот Палевски имал куќа и добро го познавал теренот!

   Но сеуште остануваат многу прашања на коишто јавноста очекува одговор.

Власта, конкретно полицијата и обвинителството, се должни да појаснат:

1. Од каде произлезе првичната информација дека несреќната Вања последен пат е видена наспроти Универзалната сала во Скопје, на ул. Партизанска каko слободно влегува во бело ауто? Дали полицијата свесно сакаше да ја замајува јавноста со вакво тврдење бидејки последователно соопшти дека, наводно, биле прегледани дури педесетина камери, сите подруми (Колку подруми и каде? Јас живеам нецели стотина метри од зградата каде е киднапирана кутрата Вања, но преглед на подруми или други активности  н е м а ш е!!!), и не приметиле ништо сомнително, а во деновите по исчезнувањето видовме снимка од камера од една селска фирма на која се гледа како се движи восилото со киднапираната Вања и друго возило како претходница!!! 

2. Првоосомничениот за убиството (Палевски) имаше три дена за да може да ја напушти Македонија и да побегне од правдата. Зошто??? Дали објаснувањето може да се бара и да се најде во фактот што е јавна тајна, дека првоосомничениот бил долгогодишен соработник на македонските тајни служби и уживал нивна заштита? Како доказ за тоа е фактот што против него има осум кривични пријави за тешки прекршоци, а ниту една не е процесуирана!?

3. Девојчето е киднапирано од влезот во зградата каде живеел и првоосомничениот, а некои извори тврдат дека дури живееле на ист спрат и нивните станови ги делел еден ѕид што укажува дека многу добро се познавале;

4. Вања беше висока 175 сантиметри и тешка скоро шеесетина кила, што значи дека со нејзиниот одбранмбен инстинкт морала да реагира кога сватила што и се случува (киднапирањето), но како тоа никој да не примети бидејки настанот се случува во  влезот на семумкатна зграда со многу станови и жители, како и  бројни дуќани на првиот спрат и приземјето?

5. Македонските медиуми тврдат дека сите шест учесници во киднапирањата и двојното убиство биле соработници на тајните служби и членови на некаква паравоена групација на чие чело бил првоосомничениот Палевски, 

6. Украдениот автомобил на убиениот велешанец Панче Жежовски, со кого осомничените добро се познавале, а во кој била кинпапираната Вања, неколку дена се движел низ Скопје, а полицијата наводно не го приметила иако во градот се инсталирани камери на секое ќоше во рамките на системот "безбеден град" (safe city)!? Oсвем тоа, во тие денови Скопје беше под права опсада заради министерскиот состанок на ОБСЕ;

7. Дали се потврдува тезата  дека и таткото на Вања е директен соучесник во планирањето и извршувањето на киднапирањето со тоа што им јавил на киднаперите кога девојчето излегува од дома за да оди на училиште? 

   Има уште многу, многу прашања на кои очекуваме одговори, пред се: кога турските власти ќе ни го предадат првоосомничениот за двојносо убиуство Палески за да се соочи со правдата? Експертите тврдат дека постапката за екстрадиција во Турција може да трае многу долго!

  Сите ние граѓаните во Македонија го доживеавме двојното убиство како лична загуба (особено егзекуцијата на малата Вања, златно девојче полна со живот и со љубов), но изминативе ден-два приметни се настојувањата на актуелнава номенклатура на власт да се дефокусира вниманието на јавноста со тоа што се измислуваат и се лансираат други афери. Но не ќе можат да успеат! Првоосомничениот беше во минатото претседател на Градската конференцуја на СДСМ на Скопје, а сега е актуелен претседател на некаква ексремна партија "Десна" и несомнено соработник на македонските тајни служби. Од овие факти нема бегање!!!

Иако за министерот за внатрешни работи двојното убиство е најнов во низата случаи и афери, тој нема ни најава (а камо ли помисла) да си поднесе оставка!? А ни премиерот Ковачевски нема намера да го смени од од таа позиција заради бројните пропусти во истрагата!

1. Македонија за прв пат од стекнувањето на независноста ќе добие премиер Албанец. Од 28. јануари сегашниот спикер на Пармламентот Талат Џафери ќе ја превземе должноста премиер на македонската влада!

 Ние во Македонија градиме (барем според Уставот) граѓанско општество и во принцип не би требало да има проблем кој граѓанин (без разлика на која етничка заедница припаѓа) ќе биде избран на било која функција. Но во случајот со кандидатот за премиер Талат Џафери постојат многу сериозни забелешки заради неговото СиВи, но и заради однесувањето на позицијата спикер на парламентот.

 Талат Џафери има завршено средно воено училиште и воена академија во Белград. Кога се раздружувавме од остатокот на федерацијата, тој во чин мајор на ЈНА дезертираше и се стави на располагање на Армијата на РМ, но и од тамо дезертираше и се приклучи на терористичката ОНА што направи хаос во делови на Македонија во 2001, а во тој конфликт животите ги загубија стотина македонски бранители. Според српски извори, неговата сопруга била благајничка во касарната во Врање каде Талат бил на служба и при бегството таа, наводно, ја испразнила благајната со сите пари пребегала со Талат во Македонија!?

  Сегашниот кандидат за нов премиер Џафери беше избран за спикер во македонскиот Парламент со само 57 гласа, а не со според закон предвидените 61 глас (што се гледа од снимките од камерите во салата), што значи дека и целиот негов мандат и носење закони во тој период се нелегитимни. Но сајсериозна забелешка на негова сметка е дека во воениот конфликт во 2001 бил командант на балистичка група која од заседа уби десетина македонски бранители!!! А да не заборавиме и на неговото невоспитано, па донекаде и силеџиско однесување во македонското собрание каде со пцовки и навреди не ретко се однесуваше кон вработените; често го злоупотребуваше "европското знаменце" (носење закони по кратка постапка и без собраниска расправа) и многубројни други примери на злопупотреби.

  Во најавата од портпаролот на ДУИ и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи дека тие го утврдиле Талат Џафери 100 дена да е премиер на владата што треба да ги подготви изборите напролет (според коалицискиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ по изборите пред четири години), уледи уште еден шок за јавноста во Македонија - дека нивна следна цел како партија е да пикираат и на местото претседател на државата, и со тоа да докажат дека Македонија не е национална држава на македонците, туку нешто друго, според гледиштата на албанците!?

  Ако смеам да го изнесам мојот впечаток и мислење: сето ова го гледан како уште еден oпасен дел од сценариото за разнебитување на Македонија и се што е македонско, што ни ги скрои длабоката држава од двете страни на Атлантикот!!!

2. Maкедонија се вооружува! Министерката за одбрана Славјанка Петровска минатата недела најави дека во текот на 2024 година Македонија ќе набави нови оклопни возила од САД. Таа, во придружба со американската амбасадорка Ангела Агелер присуствуваа на демонстрација на американски такви оклопни возила на полигонот Криволак, но не кажа за колку пари ќе ги купиме тие возила!?

   Моето мислење за ова прашање, морам да признам е измешано!. Добро е да ја опремиме и обучиме нашата професионална армија. Впрочем, сите земји во регионов набавуваат огромни количества воена опрема и техника и истото - без сомнеж, треба да го правиме и ние. Но се прашувам: по која цена и дали сегашната длабока економска криза до којашто не доведе коалицијата СДСМ-ДУИ, дозволува нови задолжувања за купување воена опрема??? Од друга страна прашувам: дали интензивните купувања на воена опрема случајно не се можност за институционален извор на корупција? Ќе наведам еден пример: во текот на минатата година (2022) Македонија купи од САД оклопни возина за 210 (двеста и десет) милиони долари. Колку што знам, за купување оружје се дава провизија од 20% од набавната цена, што значи дека некој (!?) од македонска страна се офајдил за цели 22 милиони долари!!! Кој? Дали можеби мистериозното лице кое - според пишувањето на некои портали, купило три куќи и стан од над 300 квадрати на ул. Орце Николов во елитното скопско Дебар маало? Не знам, но сакам да верувам дека еден ден и тоа ќе се обзнани!

  Од друга страна, прашувам зошто нашите стратегиски партнери од НАТО, каде сме членка, не ни одстапат од нивните резерви оружје (белким не испратија се во Украина?) за да не мораме да даваме сретства од Буџетот на РМ што би можеле да ги вложиме во економскиот развој на земјата? 

   Можете да си претпоставите колку само оружје остана во Авганистан по завршувањето на мисијата ИСАФ!? Првите проценки при планирањето на повлекувањето беа дека ќе треба помеѓу 12.000 и 13.000 големи контејнери за повлекување на лесна опрема и оружје. А замислете колку беа повлечени тенкови, воздухоплови исл. кои по репарирањето повторно се распродаваа на меѓународниот пазар! А колку остана како комплетна опрема на 360.000 безбеднонсни сили на Авганистан (полиција и војска) што ги опреми и обучи НАТО!?  Денес талибанците кои се на власт во Авганистан се меѓу поголемите извозници на американска воена опрема и оружје!!!

  Да резимирам: опремување на армијата на РМ - ДА, но не со коруптивни зделки на поединци од власта!!!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.