Недела, 17 Декември 2023   
Ламбе Арнаудов: Благодарност за вербата во МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

1 Lambe  Ламбе Арнаудов

16-12-2023

По повод роденденот на големиот народен трибун Д-р. ХРИСТО ТАТАРЧЕВ, а и во чест на останатите ПЕТМИНА АПОСТОЛИ на револуционерното организирано движење за слободна, самостојна и независна држава МАКЕДОНИЈА.

Луѓето се разликуваат по многу особини и посебности, но најважната разлика е онаа со која луѓето се делат на:

“Има луѓе кои се малку на број и знаат однапред што ќе се случи и останатите, кои што ќе разберат од кога нештата ќе се случат.“

Затоа МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВИ е бескрајно благодарен што пред 130 години ВИЕ  шестмина патриоти и несебични родољуби, сте го препознале генетскиот код на својот народ цврсто верувајќи дека ваков народ искован од цврст не’рѓосувачки материјал поврзан и исткаени на репродукцискиот МАКЕДОНСКИ РАЗБОЈ, убедени дека и во иднина ќе се раѓаат синови како НИВ и подобри, кои ќе им ја исполнат вечната, никогаш незгасната, длабоко внедрена во срцата и душите, желбата за слобода и сопствена држава.

Малубројни, за нив недостојни во тоа време, ги исмејувале, други ги нарекувале сонувачи, трети пак романтичари потпирајќи ја “вистинитоста“ на нивните кукавички тези, оти тоа што ТИЕ, АПОСТОЛИТЕ МАКЕДОНСКИ, го зацртале и подоцна го напишале во Уставот на Организацијата е невозможна мисија против силната турска империја и гладните апетити на соседите околу нас.

Но, очигледно се измамиле, не ја препознале вредноста на својот народ од кого произлегле но за жал и не му припаѓале како што тоа длабоко во срцата чувствувале и биле убедени ВТЕМЕЛУВАЧИТЕ.

Умни, разумни наоружани со длабок патриотизам и верба во вистинитоста на големината и значењето на доброто што го прават дека народот ќе го препознае и со радост прифати.

Знаеле дека, романтизмот со кој започнува секоја идеја мора да се помине како етапа, на која тука ќе се застане и е последна од патот непрооден кој не може да се расчисти. Но таквите и не се потребни за да се спречат нивните сопки, пречки и заседи и веднаш од нив се откажале дури и не помислиле на нивната деструктивност, убедени дека многу брзо ќе бидат поразени и токму тие ќе бидат на кои МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ќе му се смее и отфрли како одроди и нетукашни.

Сигурни во себе, многу скоро, романтизмот ја достигнал својата следна фаза и прераснал во нешто многу цврсто, неуништливо и вечно, во идеологија.

Идеологија која сé уште трае и е присутна во нашите души со оглед на тоа што и покрај тоа што имаме своја држава, за жал “благодарение“ на неранимајковци, блудни синови и непрокопсани на мајка МАКЕДОНИЈА сé уште не е заокружена нашата целосна државност, која за среќа наскоро ќе се оствари сонот што сите го сонуваме и тоа благодарејќи токму на вашите верни сопартијци по ген, ДНК и идеологија наследници во ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот Христијан Мицкоски и неговиот дрим-тим, каков што до сега Македонија немала.

И, додека сé уште траат мрежите, сплетките, заговорите, внатрешните предавства и отворените непријателски брутални директни закани по нашиот народ и татковина, тука е најмоќната, најлојалната, најсилната и засекогаш сигурна мајка заштитничка, КАУЗАТА.

Таа, каузата која е составен дел од нашиот организам, кој живее, размислува, се радува, тагува, болот го претвора во моќ, очајот во излез, омразата во љубов, слабоста во херојство, колебливоста во верба, неизвесноста во сигурна победа.

Каузата благодарение на ВАС стана комплетно обележје на македонскиот народ, збир на сите позитивни особини и вредности кои македонскиот човек е спремен несебично да ги подари и со задоволство на својот народ, а за возврат ништо да не побара.

Сигурно има што да побара, да, човекот Македонец сé за македонскиот народ. Македонецот за Македонија.

Сосема скромно и разбирливо за луѓето, но тешко достапно за крастосани и дегенеративни  умови кои секогаш посегнуваат по туѓото, а своето го подаваат на други да им го чуваат. И како и да се завртиш тие немаат ништо, а ние со нашата кауза имаме сé.

Имаме кауза изградена, длабоки цврсти темели, силни столбови носачи, попречни греди костенови негнилежни и непотрошувачки материјал, сé заедно ЉУБОВ КОН МАКЕДОНИЈА.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.