Среда, 03 Јануари 2024   
Зачувување на националните интереси најважна цел во 2024 г.!

1svekrva Свекрва

Во декември 2023 година ЕУ донесе одлука за отворање на преговорите за членство на Украина и Молдавија и за доделување кандидатски статус на Грузија, додека ги одложи преговорите за Македонија и Албанија. Босна и Херцеговина, Србија со Косово беа оставени настрана. И покрај тоа што ЕУ им вети шест милијарди, сепак земјите од Западен Балкан добија јасна порака дека уште долго ќе останат во европската чекална.

Украина, Молдавија и Грузија станаа приоритет на ЕУ, откако Русија започна специјална воена акција во Украина. Очигледно е дека овие држави се  поважни од земјите на Западен Балкан, штом ЕУ започна со нив забрзан процес за евроинтеграција. Оставајќи ги државите од Западен Балкан настрана ЕУ покажа дека тие не им се стратешки важни без разлика што европските политичари постојано повторуваат дека за ЕУ е важна  стабилноста на Западен Балкан.

Иако земјите од Западен Балкан се поподготвени, тие се оставени во чекалната откако ја изгубија својата стратешка важност. Наводно се било според процедурите. Сега се  отвораат преговори со земји како Украина и Моладавија, кои не само што не се ни блиску до стандардот што се бара од земјите од Западен Балкан. Напротив една од нив е во војна, а и двете земји не контролираат делови од својата територија.

Сето ова покажува дека и покрај сите приказни на европските и домашните политичари, Брисел нема намера во догледно врема за прием ниту на Македонија, ниту на другите земји од Западен Балкан.

Но, ваквиот однос на ЕУ кон Украина, Молдавија и Грузија преставува лош пример на земјите од Западен Балкан. Имено пред изборите во Македонија, кај албанските партии се повеќе се забележува зголемен големоалбански национализам, кој заедно со мешањето на Курти, може да доведе до дезинтеграција на земјата. Ништо не е подобра ни состојбата на Косово, Србија и БиХ. Треба ли во земјите од Западен Балкан да започне вооружен конфликт за да регионот стане стратешки интересен.

Во овој театар на апсурдноста, Бугарија поддржана од ЕУ, продолжува да се заканува на Македонија со вето ако не се внесе бугарското малцинство ви Уставот. Се разбира дека сето се прави насилно со цел да се озвлечат дополнителни остапки со кои ќе се бугаризира земјата.

Всушност, тоа не се интереси на ЕУ, туку интереси на поедини членки, кои се историски фрустрирани. За некои земји од ЕУ, интеграцијата на Македонија, не само што не е приоритет, туку сите се свесни дека таа е далечна. Но, она што им е приоритет е да се избрише македонското, Затоа се подржува барањето за влез на Бугарите во Уставот по секоја цена.

Имајќи го сето ова предвид, клучно е да престанеме да правиме какви било натамошни отстапки, дури и да се однесуваат на спроведување на обврските од потпишаните договори - затоа што другата страна нема да исполни ниту една своја.

За Македонија, најважна цел во 2024 година и потоа, треба да биде зачувување на националните интереси, корените, идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.