|
|
Насилен упад во Контролната кула на аеродромот во Скопје! |
Свекрва Неодамнешниот упад на партиските војници на ДУИ во Контролната кула за летање на Аеродромот во Петровец и нападот врз дежурен контролор за летање претставува сериозен инцидент, акт на загрозување на безбедноста на авиосообраќајот во македонскиот воздушен простор. Во моментот кога била попречена работата на контролата на летање, десетици авиони вршеле прелет на македонското небо. За повеќето експерти насилниот упад во Контролната кула на аеродром во Скопје, во моментот кога повеќе стотици патници, домашни и странски, биле во авионите кои вршеле прелет во македонскиот воздушен простор, преставува терористички чин, за кој е предвидена повеќегодишна казна затвор. Голема одговорност за настанот има и приватната агенција за обезбедување на лица и имоти 2СС, блиска до ДУИ, чии припадници не го спречиле упадот на групата насилници во Контролната кула за летање. Доколку ваков настан се случеше во Контролите на летање на некој од европските или светските аеродроми, насилниците или терористите ќе беа веднаш неутрализирани. Но, зачудува фактот што наместо полиција или армија, приватна агенција била ангажирана да ја чува Контролната кула за летање на скопскиот аеродром, која пак преставува критична инфраструктура клучна за развојот на државата. На овој аеродром слетуваат и полетуваат цивилни и воени воздухопливи (на меѓународни компании, АРМ и НАТО), а секоја нестручна, недоволна и несодветна заштита, како во овој случај, може да ја наруши безбедноста на истата и да преставува реална закана за националната, регионалната и европската безбедност. ДУИ со својот коалиционен партнер во власта СДС, се обидува да ги заштити своите партиски војници кои се инволвирани во настанот, меѓу кои советникот Беким Незири, како и двјцата директори во М-НАВ, Хасим Деари и Фахрудин Хамид, кои со своите политики на вработување на несодветни кадри довеле до ескалација на состојбите во М-НАВ. Владата наместо да регира веднаш по инцидентот, најави разрешување на директорите на М-НАВ, на првата владина седница. Исто така, иако МВР приведе дел од насилниците и ЈО поднесе соодветни пријави, но Судот не им одредил притвор на осомничените насилници. Таквиот однос на властите кон насилниците, кој овозможува истите да го повторат делото, предизвикува огорченост кај јавноста која се прашува до кога ќе им се прогледува низ прсти на челниците на ДУИ и нивните најблиски за извршени кривични дела. Беким Незири, човек од доверба на Али Ахмети, кој е на функција повеќе од десет години, бил член на Управниот одвор и еден од тројцата директори на М-НАВ, директор на Фондот за ПИОМ и министер за економија, по што се вратил во М-НАВ. Неговото име е неколку пати поврзувано со скандали. Медиумите спомнуваат дека турнал инструктор по скали кој несакал да му потпише дека поминал обука за контролор и го полил со вода тогашниот претседател на Управен одбор на М-НАВ бидејќи се противел инструкторот да се разреши. Но, снимките од нападот биле избришани, по што била целата работа заташкана. Исто така, додека бил директор на Фондот за пензиско, тој се поврзува и со аферата за проневера на 19 милиони евра, Упадот на членовите на ДУИ во Контролната кула се случува по прес конференцијата на Синдикатот на контролата на летање Александар Тасевски, по повод партиските вработувања. Наводно партиските војници на ДУИ биле лути на подршка која контролорите Албанци му ја дале на претседателот на Тасевски. Но упадот се случува само неколку дена откако внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети бил фатен во предновогодишната ноќ со 749 пиротехнички средства кои ги превезувал во своето возило„ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, акт за кој може да се биде осуден на неколку години затвор. По настанот на аеродромот во Скопје, медиумите забораваат на внукот на Али, како и на неговата изјава пред припадниците на ЕСЗ „Тигар“, која ја пренесоа медиумите, а во која „големиот бизнисмен“ кој без пари станал косопственик на трговскиот центар Соравија, вели дека поседувал фабрика за експлозиви. Ако Дрин е внук од брат на Али Ахмети, дали тоа значи дека поранешните терористи припадници на ОНА, потоа борци за чивекови права, а денес членови на ДУИ поседуваат фабрика за експлозиви!? Насилниот упад во Контролната кула на аеродром во Скопје и однесувањето на актуелната власт, покажува дека челниците од ДУИ нема лесно да се откажат од власта и дека заедно со СДС ќе направат се истата да ја задржат и по парламентарните избори во мај годинава. Меѓутоа народот, без разлика на етничкото потекло, мора да им стави крај на насилниците и криминалните структири во ДУИ, кои заедно со челниците на СДС, станаа рак рана на македонското општество. Тие се канцер кој го спречуваат секој напредок и го влечат македонското општество назад кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Никогаш не било полошо.
Важно е да ги поразиме.
Христос се роди! Навистина се роди! |