Среда, 17 Јануари 2024   
Македонија како да не ги научи лекциите од минатото!

1svekrva Свекрва

Македонија веќе три децении се обидува да го најде своето место под сонце на меѓународната сцена. Македонскиот народ повеќе од три децении се бори да ја зачува својата држава формирана на единствената слободна македонска територија. Но под притисок на соседите и нивните спонзори, како и внатрешните соработници, го смени знамето, името и се доведе во прашање македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. Во обезличувањето на македонската држава многу допринесе воениот конфликт и Рамковниот договор од 2001 г.

Македонија ништо не научи од конфликтот во 2001 година, кога ОНА од Косово ја нападна Македонија. Целта на припадниците на ОНА или албанските терористи како што првично ги нарекуваа преставниците на ЕУ и НАТО, беше да ги ослободат наводно албански територии кои биле окупирани од „славомакедонците“. Соочувајќи се со далеку поднадмоќните македонски безбедносни сили и неминовен пораз, припадниците на ОНА ја сменија реториката и преку ноќ за меѓународната заедница станаа борци за човекови права.

Под притисок на меѓународната заедница конфликтот во 2001 година заврши со Рамковен договор од Охрид, кој стана основа за понатамошно растурање на македонската држава. Припадниците на ОНА, трансгормирани во партијата ДУИ, од терористи станаа политичири,  кои сметајќи дека земјата им е воен плен, веќе две децении откако се во власта ја пљачкосуваат и уништуваат. А доколку некој побара правда веднаш се етикетира како албанофоб.

Во земјата владее корупција и криминал, со кој македонските безбедносни сили засега неможат да се справат, па се поставува прашање дали би можеле да одговорат на посериозни закани по безбедноста на животите на луѓето и нивните имоти иако сме членка на НАТО.

Вооружената престрелка во “Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година со терористичката група влезена од Косово, во период на сериозна политичка криза во земјата, покажаа пропусти на македонските безбедносни сили. Исто така и инцидентот во М-НАВ-Котролната кула за летање на скопскиот аеродром покажа пропусти во обезбедивање на критичната инфраструктура. Само да се потсетиме дека за време на конфликтот во 2001 година. ОНА се закани дека ќе го бомбардира аеродромот, а сега членовите на ДУИ од внатре можеа да ја загрозат безбедноста на македонското воздушно небо.

Овој факт сериозно загрижува со оглед дека земјата е пред парламентарни избори и дека ДУИ и СДС нема така лесно да се откажат од власта. Исто така, регионот врие и секоја една искра може да го заплаши. На пример од Република Српска доаѓаат закани за отцепување од БиХ, а од Косово доаѓаат пораки дека ќе го запалат целиот регион ако не се реши прашањето за нивната неазависност. Најавите дека косовскиот политичар Албин Курти, има амбиции да стане дел од политичката сцена преку клон на Самоопределување ја загрижува политичката сцена во Македонија. Особено загриженост постои поради желбата на Курти да стане лидер на сите Албанци, како и поради минатогодишната посета на Тетово каде се одржа собир на кој беа истакнати обележјата за „Голема Албанија“, незавршената агенда на ОНА од 2001 година.

И додека ние се разоружуваме, соседите сериозно се вооружуваат. Косово забразано се вооружува. Се зголемува буџетот за Косовските безбедносни сили (КСС) за набавка на оклопни возила, беазпилотни летала. турски противтенковски систем, како и противтенковски ракети Џавелин од САД. Покрај Косово и Албанија сериоазно се вооружува со системи заа воаздушна одбрана со краток дострел „Стингер“ и противтенковски ракети Џавелин. Во Тирана веќе пристигнаа и првите хеликоптери UH-60 Black Hawk од САД.

Покрај овие две земји и Србија не изостанува. Таа се вооружува до заби. Се издвојуваат големи средства и се купува оружје од надвор, им се зголемува и домашното проиазводство. Меѓудругото, оваа година во Србија се очекува и сериозно производство на самоубиствени дронови. Ново оружје за сериозни суми купуваат и земјите членки на НАТО од Балканот, Романија, Бугарија и Грција. 

Македонија како сиромашна земја тешко може да ги прати соседите. Се планира да се купат од САД лесни борбени возила Страјкер и сродна опрема во вредност од 210 милиони. Се најавува и набавка на нови системи за противвоздушна одбрана од Франција и артилериски системи од Турција. Но, прашањето е дали земјата може да одговори на заканите по безбедноста и територијалниот интегритет на земјата.

Македонија возврати на услугата од 2001 година и ги даде тенковите и авионите на Украина, а како да нема намера за набавка на нови. Македонија како да не ги научи лекциите од минатото!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.