|
|
КРАТКОВИДОСТА НА ТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор 1. Македонија е богата со светли датуми од поблиското и подалечно минато што ги одбележале луѓето на оваа света и во Библијата многупати спомената земја! Да го споменеме на пример двојниот Илинден - 2ри август 1903 и 1944, па Денот на зезависноста 8ми септември, потоа 11ти октомври - Денот на востанието на македонскиот народ против фашистичката окупација, и други датуми. Но секако еден од најсветлите датуми е и 4ти фебруари, денот на раѓањето на иконата на Македонија и на македонската револуционерна борба и на нејзиниот народ, Гоце Делчев. Нашиот и само наш Гоце Делчев (но не пречи ако го почитуват и слават и други бидејки неговите идеи и пораки се у н и в е р з а л н и), е светилник на вековната македонска револуционерна борба што резултираше со независност на дел од поделената во Букурешт1913та година етничка Македонија и создавањето на независна Република Македонија. Мораме да бидеме доследни и да укажеме: во тие борби и настојувања за независност на Македонија не учествуваа само македонците по род, туку и поединци на други народи кои живеат во Македонија! Следствено, празниците што ги наведов се празници на с и т е кои живеат во Македонија и како такви ние сите треба да ги чуствуваме и почитуваме. Благодарение на големиот Георги Димитров, по мајка Македонец, а по уверување космополит, денес ги имаме и ги поседуваме посмртните остатоци на нашиот Гоце. Се поклонуваме на неговиот саркофаг во црквата Св. Спас во Скопје и секоја година највисокото државно раководство, Поглаварот на МПЦ, претставници на политички партии и претставници на здруженија на граѓани се поклонуваат пред вечното почивалиште каде му се исполни и неговата животна желба: да почива во слободна и независна Македонија. Иако години наназад се соочувавме со невидена агресија од источниот сосед кој настојува да си го присвои нашиот Гоце, до сега успеавме да одолееме и да не дозволиме скрнавење на неговиот светол лик. Со години наназад највисокото државно раководство - Претседателот на државата, спикерот на Собранието и Претсеедателот на Владата на Македонија, се поклонуваа пред саркофагот на Гоце. Но не и оваа година. Актуелниот (насаден на таа позиција спротивно на Уставот на РМ) Претседател на Владата на Македонија, Талат Џафери не дојде да се поклони и да положи цвеќе пред саркофагот на Гоце. Наводно имал други обврски (?), а наместо него тоа го стори извесниот Бојан Маричич, прв потпретседател на Владата. За постапката на бившиот мајор на ЈНА Талат Џафери говори многу лошо за него лично бидејки, иако е само технички премиер (според неуставниот договор со антимакедонската СДСМ за Албанец за премиер на техничката - неуставна влада сто дена пред изборите), тој сепак е на позиција премиер на сите граѓани на оваа понижена земја и мора соодветно да се однесува и да ги почитува!!! Што мисли Талат, но и неговите ментори од Зајас и Мала Речица, со ваквото етноцентрично однесување? Ќе ги понижуваат македонците, ќе освојуваат територија и ќе манифестираат супремација над своите православни сограѓани, Македонци!? Па видовме во 90тите години од минатиот век до каде доведоа тие големонационалистички концепции во стилот: "сите...во една држава". Зарем Талате со твоите ментори тоа го посакувате и тоа во првата четвртина од 21от век? И мислите дека тоа некој ќе ви го дозволи. Додуша, јасно ми е дека некои соседи и особено некои важни светски политички центри не ни посакуваат добро и би сакале како во 19oт и почетокот на 20oт век да прецртуваат мапи и да влечат нови граници, но народот такво нешто нема да дозволи. И Талате, да те информирам: моите корени влечат од славна Копачка, во песни опеана. Јас сум растен со албанци, повеќето од Зајас, кои ни доаѓаа кај нас дома, со кечиња и обавезно со пиштоли на појасот (типичен фолклор за луѓето од Зајас) за да побараат од татко ми Злате изјави за стаж, пензија, детски додаток и сл. Но тоа беа Талате нормални луѓе, верни на оваа земја, и огорчени противници на етнонационализмот што го заговараат твоите ментори, а чиј експонент (судејки според твоето однесување и постапки) си лично ти, мајоре на ЈНА, со зевршени школи и воени академии во Белград и воспитуван во еден друг дух. Дали некогаш си се запрашал: каде води политиката што ти ја практикуваш, а ја заговаат повратниците од Швајцарија, сега твои сопартијци од Мала Речица!? Ослободи се од твојата политичка кратковидост Талате! И покрај твоите постапки изминативе триесетина години од осамостојувањето, сепак имаш прилика да се покажеш и да докажеш дека не си како нив Талате. Појди и поклони се на гробот на Гоце да те паметиме дека можеби имало нешто човечко во тебе. |