|
|
Францускиот предлог не бил напишан ниту во Париз, ниту во Софија, туку во Мала Речица ? |
Свекрва Канцерот СДС и ДУИ мора да се отстрани! Неодамна пратеникот Павле Трајанов, изјави дека според онформациите до кои дошол, Францускиот предлог не бил напишан ниту во Париз, ниту во Софија, туку во Мала Речица. Тој бил подготвен од страна на преставници на ДУИ и бугарски дипломати. Односно автори на овој предлог не се ниту Димитар Ковачевски, Кирил Петков или Емануел Макрон, туку Али Ахмети и негови сопартијци и луѓе од Софија. Всушност, Францускиот предлог не ги брани интересите на македонскиот народ, туку туѓи интереси, води кон поделби и не одалечува од ЕУ. Начинот на кој е договорен потсетува на едно друго време - време на Втората светска војна. Тоа е време кога Македонија беше поделена на бугарска и италијанска окупациона зона, со која управува Кралството Албанија. Имено, на состанокот одржан од 20-29 април 1941 година, во Виена, меѓу министерот за надворешни работи на фашистичката влада на Италија, грофот Ќано, и министер за надворешни работи на Третиот Рајх, фон Рибентроп, била склучена спогодба за поделба на Кралството Југославија. Во текот на разговорите кои се воделе во хотелот „Империјал“, била определена и демаркационата линија помеѓу бугарските и италијанските окупациони сили во Македонија. Според оваа спогодба, поголем дел од Македонија, дел од Србија (Поморавјето областите по текот на реките Нишава и Тимок) и еден дел од Косово и се доделуваат на Бугарија. Исто така, Бугарија добива територии од Егејска Македонија и Тракија кои и припаѓале на Грција. Западна Македонија, со градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, потоа Костурско и поголем дел од преспанските села и се доделени формално на Албанија, а фактички на Италија. По Втората светска војна, ставови за поделба на Македонија се појавуваат дури во 2001 година, за време на конфликтот со вооружените терористи на ОНА, денес членови на ДУИ. Додека сите структури на ВМРО од неговото создавање се бореле за обединета Македонија, тогашното раководство предводена од Љупчо Георгиевски, размислувало за поделба на земјата, промена на границите, размена на територии и население. Оваа идеја за разграничување меѓу Македонците и Албанците тогаш беше изнесена од неколку академици. Човекот кој беше одговорен за идејата за размена на население и територии, кој има бугарски државјанство и кој декларира дека Македонците се етнички Бугари, наместо да одговара за велепредаство и за неосновано богатење, подоцна формира своја партија и денес е дел од власта, привезок на ДУИ и СДС, одговорни за низа процеси кои водат до албанизација и бугаризација на земјата. Дека на преставниците на ДУИ воопшто не им е гајле за државата се гледа од фактот што техничкиот премиер Талат Џафери, не ја предводеше владината делегација во црквата „Св. Спас“ за да му одаде почит по повод 152 години од роденденот на Гоце Делчев. Исто така, ретки се преставнци од ДУИ, кои ги почитуваат законите. Македонскиот народ мора многу да внимава, зошто сегашното раководство на ДУИ во власта, креира хаос насекаде во институциите кои ги владеат. Можеби е се со цел за да се каже повеќе вака не може, повеќе не можеме заедно. Ваквиот канцер мора да се отстрани, за да не ни се случи она што се случува на Блискиот Исток. На 8 мај имаме само една задача, масовно да излеземе и легално да ги остраниме СДС и ДУИ. |