Среда, 14 Февруари 2024   
ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот, на следните избори ќе ги прегази СДС и ДУИ како воз жаба

1Mane 4 Мане Јаковлески

СДС и ДУИ ниту еднаш не се обидоа да го послушаат својот народ и неговите интереси и затоа на наредните избори ќе доживее катастрофа како ниту една политичка партија до денес.

Одамна е видливо, на СДС и ДУИ ништо не им е свето. Нив не ги интересира ни народот, ниту неговата благосостојба, ниту идентитет, име и јазик. Единствено што е свето за нив е да искрадат уште некој милион.

Без срам и перде, користат црна кампања во која се оцрнува сопствената земја пред меѓународната заедница, се оцрнува ВМРО-ДПМНЕ, се измислуваат разни пропаганди, една од нив која цело време ја шират е, тие биле за запат а ВМРО-ДПМНЕ за исток. Бог да чува!

Последниве денови се обидоа нивните катастрофални грешки со Преспанскиот договор, поточно хаосот со личните документи да ја префрлат вината кај техничкиот Министер за внатрешни работи Панче Тошковски, кој успеа со еден потег да го реши проблемот создаден од актуелната влада на СДС и ДУИ.

Ова не е ни прва ни последна шпекулација која може да произлезе од кујната на СДС и ДУИ. Всушност тоа може да се очекува само од луѓе кои немаат визија, луѓе кои немаат програма како да го зголемат стандардот и да ги заштитат интереси на народот.

Едно со сигурност им оди од рака, велемајстори се како да украдат уште некој милион евра.

Врхушката на СДС не собра храброст барем еднаш да го направат правиот потег, освен катастрофално да ја водат државата, финансиски и предавнички-против интересите на соспствениот народ и држава, најверојатно обработувајки туѓа агенда, а не наша македонска.

Просторот за нивни политички игри сe` повеќе им се стеснува.

Време е СДС и ДУИ да заминат во долга пензија, народот гледа, памети и на крај казнува, тоа го покажува и последната анкета:

Огромна предност за ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ во третата и четвртата изборна единица

1tri44445

Во емисијата „Објектив“ на МРТ беа презентирани резултати од анкетата на ИПИС направена пред претстојните парламентарни избори закажани за 8. мај.

Во изборната единица 3, огромна предност во рејтингот има ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата покажува дека за оваа партија се изјасниле 32,8% од испитаниците а владејачката СДСМ ќе гласаат 14,8% од гласачите покажува анкетата.

Партијата Левица добила поддршка од 3,9% од учесниците во истражувањето, а за партијата ЗНАМ се изјасниле 3,5%. 21% од испитаниците рекле дека не сакаат да кажат за кого ќе гласаат.

Најголема доверба ВМРО-ДПМНЕ ужива и меѓу гласачите во изборна единица 4, покажува анкетата.

Вкупно 30,4% од учесниците во анкетата рекле дека на следните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 16,9% својот глас ќе го дадат за СДСМ.

Во ИЕ 4 за Левица се изјасниле дека ќе гласаат 3,7%, а за партијата ЗНАМ 2,6% од испитаниците.

На Македонија ѝ е потребна промена и политичка стабилност за да се зголемат инвестициите и вработувањата, и да се спречи лоповлукот.

На македонскиот народ не му се потребни СДС и ДУИ.

На Македонија и е потребен Рестарт.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.