Среда, 21 Февруари 2024   
Македонија е опкружена со соседи предатори!

1svekrva Свекрва

Додека полтронската власт, високи преставници на ДУИ и СДС, исплашени од македонскиот народ, коленичат пред меѓународната заедница за да им помогнат да ги добиат изборите во мај и да задржат позициите во власта, голем дел од  македонскиот народ е заробен во сопствената држава поради неможноста да извади патни исправи со наметнато име.

Преставниците на ДУИ и СДС како намерно да сакаа  да создадат вештачки недостаток на патни исправи, хаос во општетсвото, за да ја натера опозицијата за уставни промени, а  истовремено обичните граѓани, превозниците, бизнисмените и други да извадат бугарски пасош за да по инструкции ја завршат агендата на одредени сили за растурање на државата.

Власта постојано повторува дека ДУИ и СДС се проевропски ориентирани, додека сите кои се против влегувањето на Бугарите во Уставот биле проруски ориентирани. Отука, не случајно, заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоена, ден по средбата со техничкиот премиер Талат Џафери, меѓудругото се осврна и на престојните парламентарни и претседателски избори во Македонија, при што изразил загриженост поради ширење на дезинформации и хибридни активности, односно поради активирање на локални и руски играчи кои можат да запалат искра. 

Дека преставниците на ДУИ и СДС не бираат средства за да си ги спасат кожите по пролетните парламентарни избори, говорат и заканите кои доаѓаат од нивни  луѓе. Имено, тие во свои колумни ги повторуваат предупредувања за некакво можно „украинско сценарио“ и за „можна интервенција на НАТО“, доколку  Бугароите не бидат внесени во Уставот.  

Во играта на големите сили, каде некои играчи сакаат да ја ослабат Европа, да ја остават без одбрана, да ја држат потчинета, се е можно, па и создавање на ново жариште. Тоа наводно би било објаснето како закана од Русите. Секогаш кога европските земји економски, монетарно и воено се обединуваа, кога стануваа респективна сила, на Балканот избувнуваше некаква криза,  Така денес по војни на поранешните југословенски републики, можни се и нови судири.

Но за тоа е потребно локални колаборационисти и не треба да се обвинува опозицијата како неводно проруски играч, кој може да биде причина за украинско сценарио. Тоа може само да биде сегашната власт, која со низа Закони, одлуки, како и неспречување на криминалот и корупцијата создаде услови земјата да се најде на линија на фронтот. А не чудно за да останат на власт да го запалат кибритчето.

Македонија е опкружена со соседи предатори, кои наместо да возврат со благодарност, признание и сочуство за се што Маедонецот направил за нив, се мачат со сите средства да ја уништат и да ја избришат од историската меморија.  Меѓудругите и Бугарите, за кои се бара да влезат во Уставот се обидуваат да ги  избришат Македонците од историската меморија прикажувајќи ги како дел од нивното племе.

Меѓутоа, доколку овие соседи или други го припремат украинско сценарио, тоа ќе биде уште еден срам не само на ДУИ и СДС, туку на целата меѓународна јавност - на цивилизацијата.

Но се лажат сите оввие несреќчници кои мислат дека ќе ги избришат Македонците и Македонија од картата на светот. Мекедонија нема никогаш да умре бидејќи нејзината судбина е да го спасува не само нив, регионот, туку и пошироко.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.