Петок, 01 Март 2024   
Ламбе Арнаудов: Образот ви е на кондурот, ѓон на образот

1Lam1

ОМРАЗА! Најидиотскиот порок на човештвото. ОМРАЗА кон својот народ.

Каде ли ви се насобра и кога се всели во вашите генијални глави на злото? Со што тоа го заслужи македонскиот народ  и Македонија? Каде се прекина љубовта што е појака и поблагородна од сé на светот, а секогаш и меѓу сите народи претставува највисок дострел на изразено чувство од нас упатено кон најсветото?

Го знам одговорот.

ТАКВИ СТЕ РОДЕНИ!

Години, векови, милениуми, злото е составен елемент, и тоа доминантен во вашето РЕЗИЛ ДНК.

Безнадежни сте, и ви нема поправка, хаварисаната духовна состојба на клиенти што ни најдобро составен конзилиум на светски експерти, психолози и психоаналитичари не може да ве излекува.

Тешко им е, претешко. Не ја знаат причината за оваа неизлечива болест и затоа не можат да ве лекуваат.

Вчудоневидени од наталожената омраза во вас што постојано расте и покрај применета каква таква терапија (неуспешна), креваат раце и ве прогласуваат за непознаница од прв ред.

Заедничко за сите е што се согласни дека местото ви е во глобалната психијатриска болница кои сами ја изградивте за себе, и каде што најудобно и најсреќно се чувствувате.

Фашизмот речиси исчезна.

Автофашизмот се расцвета и разбукти. Каде?

Токму овде во напатената и несреќна Македонија, благодарение на вас, мајстори од дванаесеттата Ложа на срамот, понижувањето, проклетијата и идиотизмот што го демонстрирате, сурово и безобзирно врз народот, вие клети, народни прво, а потоа  државни непријатели.

Со секое наредно предавство што во серија го сеете вашето отровно семе, сé потешко го казнувате народот.

Систематски но незапирливо го разнебитувате МАКЕДОНЕЦОТ посебно, но и сите граѓани кои ги прогласувате за невидливи, непостоечки ВИШОК  во општеството што го градете само за вашите празни глави, дебели мевови и единствени во постојана врвна форма, работливите задници.

Тие, задниците, работат ли работат, без престанок и максимално се трудат да ја надокнадат  дембелијата на искривоколчените глави.

Варшавското ГЕТО замина во историјата. “Добре дојде македонското гето“

Го напикавте народот во теснец, го опколивте од сите страни со телесни жици, од народ признат, ценет, почитуван заради своите светски вредности, направивте не племе туку орда која ништо нема, име, јазик, идентитет, историја, ги избришавте насилно сите обележја на МАКЕДОНЕЦОТ.

Сите нé направивте азиланти.

Азиланти меѓу своите во својата татковина.

Немаме крстителства, без документи сме, не можеме да излеземе од ова сивило, ниту можеме да влеземе во посветлото.

Никој дома не нé сака, надвор не нé прифаќа.

Се прашувам во кое столетие живеам и дали воопшто живеам.

И сето тоа благодарение на вас, белосветски идиоти, антологиски незнајковци кои образот, најсветлиот орган на човековото тело сте го ставиле на долу, на кондурите и го валкате со прав, кал и фекалии, а на главата несмасно сте го ставиле ѓонот.

Среќа што е така. Веднаш ве препознаваме. Лесно ќе ве излечиме. Ако не психоаналитичарите и психијатрите, тогаш кондураџиите.

Ќе го соберат сиот ѓон од вашите сурати, и ќе зашпараат дел од трошоците, а вас ќе ве направат жигосани со одрана лузна која што цел живот ќе ја носите, многу грда, сите да бегаат од вас, ама со прст да покажуваат на вас ОБЕЛЕЖАНИТЕ, казнети и отфрлени од мнозинството.

Како и секоја чума и инфекција, траете ограничено. Лек секогаш се наоѓа. НАРОДОТ.

Народот ќе ви пресуди. Веќе ви го подготви мешовитиот бордел за заеднички престој на остарени проститутки кои во серија го изневерувале својот народ и сега е...те се меѓу себе.

Не сте вредни ни интересни ни за тоа да ви го прават.

Видовте ли?

СÉ Е ПОЛЕСНО КОГА НАРОДОТ Е ТУКА!

Допрва ќе видете што ќе ве снајде.

Се намерачивте на непријател кого никој не може да го победи, а не вие дебелогазовци.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.