|
|
Го читам "војводата" како расправа политика и се занимава со ВМРО-ДПМНЕ повеќе од СДС |
Мане Јаковлески Македонската јавност се навикна на неговата навика да се бранат бугарските интереси, секогаш и секаде. Научивме дека тој е човекот на бугарската политика во Македонија. И тој статус посветен на Мицкоски и ВМРО веројатно е пишуван во некоја од неговите раскошни канцеларии низ Скопје, додека во позадина слуша радио Ултра Сандански и неговата "само ти, срце си ми пријател", а на масата седи последното интервју на Радев за високо тиражниот софиски Труд. Така занесен заборава да одговори, зошто овие 30 години од национален лидер стана бугарски портпарол. Како се случи со административна плата да стане буржуј чие богатство е еднакво на тие од приватизацијата против која се бореше? Како се случи сите кои за него гинеа и лежеа затвор во негово име, да бидат напуштени од него? Како се случи лавот да стане маче во скутот на Заев и да занеме пред промената на името и да слави за договорот со Бугарија? Посреќен ли си сега? Колку чини војводо предавството? Работата е дојдена до таму, наша или нивна Македонија. Одбери еднаш да бидеш со народот. До следното твое писание, па макар и за билборди за македонска музика. |