Среда, 03 Април 2024   
По седум години од владеењето на ДУИ и СДС, веќе никој не им верува

DOOM Македонска нација

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика народот на престојните парламентарни  и претседателски избори да ја сменат оваа ненародна власт предводена од ДУИ и СДС.  По неговиот повик да се врати државата на народот незадоволните граѓани, како поединци или здруженија и партии, масовно застануваат под развиореното знаме за борба против корумпираната и криминална власт.

Во најбројната досега коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рамо до рамо застанаа 24 политички субјекти и организации спремни да се борат за промени и создавање на стабилна и силна Македонија.

Анкетите потврдуваат дека Проф. Др. Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ја имаат најголемата доверба кај народот и дека нивнот рејтинг на дневна основа се зголемува, за разлика од нивните противкандидати чиј рејтинг секојдневно опаѓа.

Народот повеќе не им верува на ДУИ и СДС, кои за седум години ништо не исполнија од ветувањата. И како да им се верува сега, кога верувале или не, ветуваат дека ако останат на власт ќе има 1.100 евра просечна и 600 евра минимална плата, уште поголеми ако се влезе во ЕУ, зголемување пензиите на 30.000 просечна и 20.000 минимална.

Едноставно,  лажеа дека нема да го сменат името, дека се започнати преговорите за членство во ЕУ, дека откако ќе влеземе во НАТО, во земјата ќе тече мед и млеко, дека ќе го доизградат автопатот Кичево – Охрид, па нов клинички центар, дека пензионерите ќе добијат минимална пензија од околу 18.000 денари и ред други ветувања кои не ги исполнија. Ветуваа многу, но ништо не направија. За тоа време државата го смени името, влезе во НАТО и наместо влез во ЕУ и прогрес, се' упропастија. Ги загрозија националните интереси, безбедноста, овозможија голема корупција и криминал, ја уништија економијата, ја зголемија сиромаштијата, го уништија здравството, образованието  и т.н.

По седум години од владеењето на ДУИ и СДС, веќе никој не им верува.

Свесни дека немаат никакви шанси на престојните парламентарни и претседателски избори, челниците на ДУИ и СДС во немање друг избор за да ги задржат позициите, се користат повторно со лаги, со разни максималистички ветувања, но и закани по мирот во Македонија. Постарите велат „кој губи, има право да се лути“. Но тоа незначи дека треба некој да се заканува со насилства, зошто може да се изгори од огнот. 

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се свесни за сериозноста на предизвиците кои престојат во борбата со корупцијата и криминалот, како и за борбата за обнова на секој уништен сегмет од државата. ВМРО-ДПМНЕ е партија која ветува и го исполнува ветеното. Во таа претстојна тешка борба за промени, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има целосна подршка од мнозинството на македонскиот народ. Особено таа е изразена од сите структури на Партијата, Униите на Ветерани, Жени и Млади, Патриотскиот Институт, неоределените, пензионерите, синдикатите, незадоволните членови на СДС и ДУИ.  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ има целосна подршка од сите без разлика на вера и нација кои сакаат државата да оди напред, да не се иселуваат младите, да се зголемат пензиите, да нема криминал и корупција,...

За да се острани од власт оваа ненародна власт на ДУИ и СДС, власт која го направи народот посиромашен и го погази аманетот на Илинденците и АСНОМ-ците, потребна е многу поголема излезност на престојните избори. Седењето дома на денот на изборите, е глас даден за СДС и ДУИ.

За нашата и иднината на нашите деца и внуци се работи.

1Mit7

 

             

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.