Среда, 10 Април 2024   
ВМРО-ДПМНЕ како Цунами ќе ги збрише СДС и ДУИ!

1Mane 4

Мане Јаковлески

Над 60.000 граѓани присуствуваа на митингот „Македонија повторно горда“ на ВМРО-ДПМНЕ, со кој започна кампањата за претседателските избори.  Масовното присуство за поддршка за кандидатката за претседател на државата проф. Гордана Силјановска Давкова најави цунами кој ќе ја збрише актуелната власт на СДС и ДУИ и нивните кандидати за пратеници и претседател на парламентарните и претседателските избори.

Присуството на над 60000 илјади граѓани на митингот најави дека народот доаѓа по своето, дека сака да си ја врати во свои раце киднапираната држава, дека времето на власта на СДС и ДУИ заврши. Масовноста покажа дека народот е спремен да се бори за своите права кои сегашната власт бесрамно им ги одзеде. Македонецот е спремен да се бори против внатрешните и надворешните сили кои им го оспоруваат правото на идентитет, јазик, култура, држава.

И покрај сите напори на актуелната власт да го скрши и обесхрабри македонскиот народ, тој застана сложно зад ВМРО-ДПМНЕ за да се спречи растурањето на државата.  Народот со својата масовност стави јасно до знаење дека стои зад предводникот на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат, зад оние кои застанаа во одбрана на националните интереси.

1kat11122334444

Присутноста на митингот на голем број граѓани од различна етничка припадност е знак на огромниот револт против актуелната власт на СДС и ДУИ  која за седум години владеење доведе до хаос и анархија, и речиси ја уништи државата. Но, истовремено тоа беше и огромна поддршка на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и кандидатката за претседател на Македонија проф. Гордана Силјановска Давкова, да бидат избрани за да се справат со последиците од седумгодишното владеење на „Али-баба и 40 разбојници“.

Од власта велат дека нивниот пат е европски просперитет, но тие со својот однос толку ја потресоа и разбрануваа водата што нечистотијата е насекаде видлива. Потресите кои ги предизвикаа создадоа високи бранови кои наскоро ќе ги збришат од власта СДС и ДУИ, партии кои ветуваат сешто, но не направија ништо, туку земјата ја втурнаа длабоко во калта.

Масовниот митинг е само првиот бран против власта. По него следуваат се поголеми и поголеми бранови  на незадоволство од алтуелната власт, кои ВМРО-ДПМНЕ како цунами ќе ги збришат СДС и ДУИ и нивните кандидати на парламентарните и претседателските избори.

Во овие моменти кога во прашање е државата никој не смее да изневери!

Никој не смее да не ја испочитува вољата на народот!

Крајно  време е опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ заедно со народот да ја исчисти нечистотијата од земјата, да се воведе ред и да се возобноват институциите на системот за земјата да стане пристојна и просперитетна.

Големата присатност на митингот на граѓани од различна етничка припадност, е знак дека народот има огромна доверба во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ проф.др. Христијан Мицкоски и проф. Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател на Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ТВОЈА!

ПРОМЕНИТЕ ВО ТВОИ РАЦЕ!

1kat111223344444

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.