Среда, 10 Април 2024   
ЗА ЗЛАТНИТЕ РУДНИЦИ НА АЛЕКСАНДАР, ЗА СТЕВО, НО И ЗА ПРОФЕСОРКАТА

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранеше министер и амбасадор

1. ПиАр тимовите на лицето Стево Пендаровски заподенаа забележливо агресивна предизборна кампања за да го претстават него во што посветло издание како небаре од Бога пратен и даден кандидат претседател каков што нема втор. А тој пак со сето свое его и самобендисаност и во крајно лош манир на брзозборко кој во недостаток на аргументи само мавта со рацете како сообраќаец, како да е веќе во занес дека вториот претседсатлски мандат веќе му е во џебот!? Стево упорно настојува (но се лаже дека некого ќе убеди) да нагласи дека никому не згрешил во минатото, ниту пак има некаква афера за него и членовите на неговиот кабинет.

   На Стево кариерата е тесно врзана за македонската полиција каде од аналитичар беше промовиран во порт-парол (беше миленик на пок. Доста Димовска), а не знам (само можам да претпоставам) по кој основ се најде во кабинетот на пок. Претседател Борис Трајковски!?  За мене е голема енигма како тоа и Стево, но и Зоран Јолевски - кои беа нераздвојни од пок. Трајковски, не тргнаа во негова придружба во летот кон Мостар каде се случи авионскката несреќа во која загинаа и Претседателот и вкупно десет македонски души.

   Сметам дека Стево не е зрел ниту достоен за втор претседателски мандат. Особено после неколкуте глупави изјави и реакции на почетокиот на неговиот прв мандат! Па што да кажеме за изјавата: "Кога би примал 600 евра плата и јас би се иселил од Македонија", или кога му се обраќа на бугарскиот премиер Бојко Борисов со зборовите:"Бојко љубави"! Но да споменеме и дека по приемот на благодарница на еден настан коментира во стилот: "Јас преферирам кеш (во готово)". Иако со богато искуство во мас-комуникациите, Стево очигледно не ја научил основната лекција: дека тв камерите и микрофоните се  н е м и л о с р д н и  и "фаќаат" буквално се!!!

2. Деновиве во Гевгелија е отворен инкнлузивен парк за хендикепирани лица, а на тој чин активно учествуваа и неколку странски амбасадори.

   Овој чин повторно ја оживеа во мене една занимлива идеја што ја носам во мислите веќе неколку децении. Имено, се залагам за креирање на парк што гарантирам ќе привлече многу туристи, а би се викал " Златните рудници на Александар" (Alexandеr's gold mines). A eве за што се работи.

Од Кожуф планина кон гевгелиското поле од праискона тече Конска река која е  з л а т о н о с н а  река, а Филип II  Александар III таму експлоатирале злато во грумени (nuggets), што тие на лице место го топеле и ковале монети со кои ја плаќале македонската фаланга и администрацијата. Златото го ваделе од лесокот, а од кога ќе го исцрпеле оделе се подлабоко со вадење камења и потрага по песок со злато. Камењата ги ределе на брегот со што се создавале грамади, т.е. купишта од кои некои како мали пирамиди достигнувале и по десетина и повеќе метри. Дури, според некои извори, и денес постојат отвори во горниот тек на Конска река каде се топело златото и се ковале пари. Денес Конска река е запуштена, претворена во депонија за цврст отпад, а локалното население си ги користи камењата за изградба на приватни куќи.

   Но не е во прашање само златото што го експлоатирале античките македонци на Конста река. Во тој регион има еден вид дрва што ја менуваат бојата на лисјата и што е единствен пример во светот, со исклучок мислам дека ги има само и во Сингапур.

   Да резимирам, имаме фантастичен локалитет што вреди да се осмисли и презентира, а за што не треба да се загрижуваме што ќе речат и како ке реагираат јужните соседи! Златните рудници се таму, на Конска река кај Гевгелија и тоа не е "Пропаганда на Скопје", туку неспорен факт!!!.

3. Некако синхронизирано, во ист ден и ДУИ, и албанската опозиција, но и американската амбасадорка во Мкд, Н.Е. Ангела Агелер, лансираа една теза дека: "Уставните измени можело да се донесат и пред формирањето на новата влада"!? Кандидатот за претседател А. Тарвари дури - замислите - даде рок од шест месеци да се направеле измените!? И двете политички групации на албанците го условуваат своето учество во новата влада со промена на Уставот на РМ и вметнување на бугарите до преамбулата. 

   За ставот на партиите на албанците во Македонија (не  "албански партии", бидејки такви партии има во Албанија!!!) ми е сосема јасно бидејки тие од секогаш биле продолжена рака на американските интереси, но како треба да се свати изјавата на амбасадорката Н.Е. А. Агелер? Дали сценаристите на длабоката држава постануваат нестрпливи заради очигледната реалност нивното сценарио за разнебитување на Македонија да не се оствари што е очигледно заради цврстиот став на ВМРО-ДПМНЕ и уште некои помали македонски партии дека нема да има промена на Уставот на РМ под бугарски диктат и се додека Бугарија не ги имплементира 16те пресуди од судот во Хаг за почитување на правата на македонците во Пиринска Македонија.

   Дали опозиционите партии на албанците во РМ ќе опстојат на својот став (уцена), или нивните изјави се обичен "политички фолклор", како што би рекол Христијан Мицкоски, ќе видиме, но очигледно е дека ни престои уште подинамичен период до, но и по, изборите.

4. Eдна кандидатка за претседател на Македонија како еден од столбовите на својата предизборна програма навестува дека - доколку победи ќе покренела постапка за излез на Македонија од НАТО!? Ај да се работи за професорка од Музичката или Ликовната академија и да не и замериме, но кандидаткава да ти била професор по безбедност и општонародна одбрана!!!

   Не знам што споменатата професорка и кандидатка за претседател ги учела струдентите, но за да промовира ваква теза или не ги разбира работите, или свесно ги искривува нештата!. Ало професорке, па зарем не сваќаш колку погрешна, па дури и опасна ти е таа теза што упорно ја повторуваш во јавните настапи. Согласен сум: и за мене е неприфатливо да бидеш приморан да го менуваш Уставот и уставното име на земјата за да постанеш член на Алијансата (и покрај фактот што сите стандарди и предуслови за прием одамна беа исполнети од наша страна), но што мисли таа (професорката) некој ќе и дозволи такво нешто? Заборава ли професорката што се ни приредија со шарените револуции, снимените телефонски разговори и што се не друго за да се сруши патриотската влада на Никола Груевски, а не пак кога сме веќе внатре - таа да ја вадела земјата од членство!? Да видиш, да не веруваш!!!

   Ало професорке, ни титанот од Втората светска војна, генералот Шарл де Гол не успеа сосема да ја повлече Франција од членство во Алијансата по големата кавга со американците за нуклеарното вооружување на Франција (САД беа против Франција да гради сопствена нуклеарна бомба настојувајки да ја убедат дека токму американците ќе ја гарантираан нејзината безбедност со нивното нуклеарно оружје). Франција се повлече од воената компонента на НАТО, но не и од политичката компонента, а претседателот Саркози повторно ја вклучи земјата и во воената димензија на Алијансата!

   Изговорен збор и јавно промовирани ставови повлекуваат адговорност, а изнесеното (од професорката во кампањата) само може да и наштети на нашата земја.

   Се надевам дека нити гласачите, а уште помалку надлежните во Алијансата нема да ја сватат сериозно дотичната професорка.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.