Среда, 10 Април 2024   
Ламбе Арнаудов: СТЕВО, СТЕВЧЕ, СТЕВЧУЛЕ, СТЕВТЧУЛЧЕ, СТЕВТУЛЧУЛЧЕ...

1Lam1

ДЕМИНУТИВ ОД ДЕМИНУТИВ НА ДЕМИНУТИВОТ...

Ете, тоа е вистината за најмалото човече на политичката сцена во МАКЕДОНИЈА во изминативе триесетина години.

“Вистината е почудна од измислените приказни.“

Но има разлика. Измислените приказни имаат кус рок на траење, додека пак, ВИСТИНАТА е вечна.

Сега кога помина времето на измислените приказни за невидливото мало човече, токму благодарение на него и неговиот личен, но и партиски СТРИПТИЗ, дојде времето, се појави на виделина, целосно се разголи, сета изгужвана полна со целулит и отворени красти на неговата политичка градба, проектирана од поддржувачите, статичари инжинери и самите на стаклени нозе и без тврда подлога.

Сите заедно се тетерават, се држат еден за друг, а ниту еден нема стабилен, и конечно сите заедно ќе паднат во длабоката јама што ја копаа за МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНИЈА.

Тоа е домино ефектот, што предавниците не можат никако да го избегнат. Така глупаво се поредија еден зад друг и од тоа, нема спас за ниту еден учесник во овој срамен поход врз темелите и демократските придобивки на нашата татковина Македонија.

Во измислените приказни ова политичко детенце беше претставено како моќна горда птица која на своите силни крила лета високо над сите и ни го покажува “хоризонтот“ што само тоа мало детуле го гледа, а сите ние не можеме да го видиме и дофатиме затоа што сме многу помали од најмалото, и слепи на невидливото.

И, идилата лажна, ќе траеше и понатаму, да не беше секогаш тука вечната стража, неумоливиот фактор на корекција и одржувач на човештвото и светот: ВИСТИНАТА!

А, ВИСТИНАТА за него брутална, е таа, што тоа детенце, кога творецот на вистината – НАРОДОТ го приземи на земјата се виде дека сиромашниот завалија да ти немал воопшто КРИЛА.

Тогаш сигурно се прашувате како летал?

Одговорот е кристално јасен:

Како и секој ПАРАЗИТ качен на вратот или рамената на друг, и лета и го колва доброчинителот, сé додека не му ги уништи и потоа бара друга жртва.

Леташе качен на вратот на Киро Глигоров, како крлеж, се наполни со “неговата“ вештина и кога му стана кисела се префрли на Бранко Црвенкоски.

Кај Бранко не помина добро оти кај него “двајца петли на едно буниште“ не врви, а ти си бил секогаш многу мало петле.

Станавте мала летечка ескадрила со Зоран Заев и Шеќеринска, ја “бомбардиравте“ МАКЕДОНИЈА, се обидовте да ја уништите до крај но крилата ви ги скративме и не успеавте.

Христијан, неговиот тим и ВМРО-ДПМНЕ докажа дека кога се во прашање интересите на татковината и народот се секогаш непобедливи.

Во меѓувреме јавно демонстрирајќи го својот цинизам леташе високо извесно време и на рамениците на покојниот Борис Трајкоски сé додека самиот под чудни и неразјаснети околности слета тамо каде што душманите “погрешно“ го наведоа, а малото тогаш не беше со него.

На крај се обидуваш со Ковачески, ама двајцата сте во фаза на својот развој на влекачи, ниту имате крила, ниту погонско средство што ќе ве покрене. Ќе останете, заедно двајцата тука најдолу.

Заклучок и порака истовремено:

Не се лета на туѓ грб и лажни крила, вештачки.

Не се зема летач врз себе кој ќе ти ги истопи крилата, а тој ќе падне врз тебе, амортизаторот, и ќе се спаси, за кусо време потоа да побара туѓи раменици и врат одново.

Погледајте сега каде се тие врз кои качен леташе детулево. Сé ќе ви е јасно.

Најглупавото од сé што направи е што се обиде да се качиш и јавниш НАРОДОТ.

НАРОДОТ лета највисоко. ТОЈ е најгоре, над него нема никој освен ГОСПОД и не ни дозволува никој да ВЈАВНЕ а камо ли ти кој не си ни ГОСПОД ниту било што друго далеку од сé.

Затоа веќе ти одѕвонува во ушите сé погласно секој ден пораката од тие кои ги понижуваш, обесчестуваш, обезвреднуваш и наместо да им обезбедиш сигурна бериќетна просперитетна и среќна држава, постојано ги сметаш за “СТОКА“ и ги сместуваш во “ТРЛО“:

ЧАО ЉУБАВИ!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.