Среда, 17 Април 2024   
Врапците и малите дечиња по цел ден црцорат „Македонија повторно горда“

DOOM Македонска нација

Убавите утра и мирисот на пролетта ја будат надежта кај македонскиот народ дека наскоро ќе дојде подобро време, дека ќе се ослободат од предавниците на националните интереси и македонофобите. Утринското биење на црковните камбани само ја најавуват буицата на народ која на изборите ќе ја збрише ненародната власт на СДС и ДУИ. На митинзите на ВМРО ДПМНЕ се наѕира една нова горда Македонија, која ќе го врати достоинството на народот.

Дури и врапците и малите дечиња по цел ден црцорат и го повторуваат мотото на ВМРО ДПМНЕ „Македонија повторно горда“. Сето тоа внесува позитивна енергија за промени што предизвикува страв кај челниците на СДС и ДУИ. Уплашени дека по изборите пред судот на народот ќе одговараат за своите злодела тие започнаа црна кампања.

Заканите од враќање во минатото, уцените од етнички тензии и застој на евроинтегративните процеси стануваат секојдневие на митинзите на СДС и ДУИ. Лидерите на овие партии и нивниот кандидат, упатуваат не само закани туку и навреди за противкандидатите, надвор од пристојноста и домашното воспитание. Тоа се обични уличари, исплашени за својата кожа.

Стравот ги тера да се претставуваат како проевропски ориентирани реформатори, но на сите им е јасно дека со своите активности само не одалечија од ЕУ.  Никој во ЕУ не сака во своите редови да влезе корумпирана и криминална власт. Свесни за тоа тие континуирано уценуваат и го плашат народот дека опозицијата е проруски настроена, дека Русите ќе дојдат.

Велат дека водат позитивна кампања, но пораките на нивниот претседателски кандидат дека народот има избор меѓу две алтернативи – интеграција место изолација, соживот наспроти етничка недоверба и тензија, прогрес наспроти враќање назад, преставува закана со која сакаат да го убедат народот да гласа за нив, за да останат на власт и да се спасат од одговорноста.

Меѓутоа, дали некој може ним да им верува, после толку искажани лаги во последните седум години од нивното владеење?. Едниоставно тие не се ни проевропски ни реформаторски настроени партии. Тоа се организирани рекетарски организации. 

ДУИ со помош на својот слуга СДС го потчини македонскиот народ и другите етнички заедници. Македонците, Турците, Власите, Ромите, Србите и др. станаа граѓани од втор ред. Секој обид да се врати равноправноста и правдата ДУИ го преставува како албанофобија. Всушност тоа е македонофобија. Тие се плашат дека еден ден ќе одговараат за сите зла кои ги направиле кон народот на македонската држава.

Барањето за активирање на Хашките случаеви, како и можноста да се одговара за криминалот внесува паника во ДУИ.

Дојде време кога природата сака да се ослободи од ѓубрето, кога живиот свет бара чиста средина, остранување на загадувачите. Дојде време кога старо и младо без разлика на етничка, верска или друга припадност  се сплотија за да издејствуваат промени. Сите во еден глас бараат СДС и ДУИ да си заминат од власта.

Време е лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова да ја преземат власта и да го исчистат насобраното ѓубре.

Време е Македонија да стане повторно горда.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.