|
|
ЗА МАКЕДОНИЈА ДА ЖИВЕЕ СО СВЕТЛИНАТА |
Марија Емилија Кукубајска Огледало, огледалце мое, кажи на светот најсветло што е! Ти си - и светол и свет, народе македонски, земно-небесен. Никогаш не биди плен на вештачките. Црна дупка не си, ни масивен вртеж што голта и угинува и човечност и вечност. Најсветло е светото срце на чело на твоето добро дело. Сјајна милост тоа зрачи низ порталот, со знакот: крај на мракот, за умот да зрее правични закони на разбирање и разумен развој со народите. Од предисторија мудроста зрачи препород, обновен влез во ѕвездени неба, недопирен за наезди од приземни, загадени, лажно просветлени силувачи. Од предисторија мудроста зрачи препород, обновен влез во ѕвездени неба, недопирен за наезди од приземни, загадени ѕвезди силувачи на доброто. А доброто - најмудро владее тоа овошје на душата за здрава целина меѓу ум и универзум. Светлината е љубов за живот. Љубовта е светлина. Без љубов - хаос во енергијата, темнина во тајната да се биде верен на човечноста, да се чува свет интегритет. Светоста не признава раз(д)орни разлики меѓу големи и мали убавини. И материја е разиграна радост, славење на редот меѓу разлики во гравитации. Издржливо, трпеливо, народе мој, барај, следи светлина. Низ неа - свеста е енергија покрената кон природно озаконето укажување на тие што клукаат со лажен зрак, што плукаат по Бог. Отвори порти да влезе светлината, господар на вистината! Отвори очи, погледај кој не сака да те’ види тоа што си. Бележи кој те стега во негова смртна спрега. Учи за моќта на мудроста, за верност кон храброста, за самоодбрана - за воздржаноста да не личи на лажна улога на милост. Биди решен, барај решенија, човечни содејствија, тајни откривај. За трајно да не ветуваат вето темнините, празнините, робството под нескротени нагони за погони на поганите. Тие загадуваат се’ живо и неживо, чинители се на беззаконија, и ринат суштини, гребат, им се чини дека чинат расчинување на космички закони. Но, квантум физиката не признава лаги, ни повисоки ни пониски вредности на димензиите. Секој ентитет и идентитет едновремено звучи и зрачи и општ и сопствен реалитет: историја во себе и вон себе. Заштитувај сопствена топологија и топонимија, во јазикот - код, во методот – рамнотежа. Не биди неактивен, не давај да си нееднаков. Со тоа нападот однадвор се активира и ремети гравитации, те отфрла од фокус на љубовта меѓу ум и срце, небо и земја. Светлина ти разбива, те експлодира, разнесува. Динамиката на култивирање плодови на духот - од огледало на природни закони се проектира. За заштита на симетријата по патот на светлината, за истрајност на човечноста среде античовечни бури, политички авантури: брани свои делови во целината, непрекинато зголемувај имунитет, лекувај се, чувај се од гаснење на светлината во тебе. Еднаквоста на мудроста со добрината одржува стабилен ред и мир во зраци на движењето - во човекот, во човештвото, во постоењето посебна, а заедничка убавина, слава на светлината. Биди мудар, добар, здрав и свој, светол свету мој!
*Сликата Image # 82 (www.kubaiski.com), од познатиот американски сликар од македонско потекло, Александар Кукубајски беше одбрана за хуманитарната изложба на донирани слики (20 април, хотел Изгрев, Штип), во прилог на изградба отворен рекреативен центар во Штип, за лица со посебни потреби и за корисници од општата популација. |