Среда, 15 Мај 2024   
РЕУБЛИКАТА КОНЕЧНО /ДЕЛУМНО/ ОСЛОБОДЕНА

1martin1 copy copy copy

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Токму така! Републиката од - според мене историскиот 8ми мај ,о.г.- делумно е ослободена. Велам историскиот (!), бидејки токму на тој ден, на двојните претседателски и парламентарни избори народот во Македонија речиси плебисцитарно се изјасни против насилието и понижувањето штои ни го правеа поранешните комунисти, сега преоблечени во ново политичко руво на небаре социјалдемократсни сојуз (СДС) и нивниот коалиционен партнер ДУИ кои во суштина се политичка варијанта на балистите кои направија русвај во Републиката во 2001 ходина и тоа со отворена подршка на фамозниот странски парнер. А велам и "делумно", бидејки бившиот режим е до лудило инсталиран во сите пори (институции) на општеството и ке треба време тоа грдо и опоасно наследство да се искорени!

   Стара мудрост е дека народот можеш еднаш да го излажеш, понекогаш дури и два пати, но не можеш вечно да го лажеш!!! Тоа. впрочем и се докажа на двојните избори на 8ми мај кога народецот наш чесен и племенит, но омаловажен од диктаторската и измеќарска клика СДС-ДУИ и нивните инсталации во сите пори на општеството, јасно им кажа громогласно НЕповќе за грабежот , корупцијата, узурпацијата на човековите права и бројни други беззаконија што дирекно беа причина на материјално и духовно срозување на народот македонски што го доведоа  (апоред сценариото на длабоката држава и институциите кои се во нејзина функција) на работ на етничка катастрофа и завладувањето на белата чума - стареењето на нацијата и иселувањето на младите во последниве седум години!

  Најголем виновник за овие злосторнички дејанија гледам во наследниците на комунистите од претходниот систем, т.е. СДС, кои не презаа од ништо само за да останат на власт, по секоја цена, барем уште некој ден. На тоа многу ефикасно им послужи широкоградоста на партијата на "реформираните" балисти во ДУИ кои ревносно ја даваа  политичката подршка на реформирнаните комунисти, но се поставува прашањето по која цена??? ДУИ имаше повеќе министри во самата влада од наводно владеачката СДС (?), вклучувајки го и Министерството за надворешни работи чиј министер Др Бујар Османи направи огромни штети за македонските интереси, на меѓународен план, а меѓу примарните таргети му беше грижата и промоцијата на Косово, што пак ги загрози нашите интереси со соседна ппријателска Србија!:

  Македонија на овие избори покажа и докажа дека не е некоја зафрлена балканска касаба, туку модерна европска  ржава. На   одлично организзираните избори Македонија за прв пат избра и тоа со огромем број гласови, жена за претседател, шеф на држвата и врхопвен командант на македонската армија, што е редок случај и во Европа каде жени на таа висока позиција можат да се избројат на прсти. Но не е само важно дека добивме жена за претседател. посебно треба да се истакне дека Гордана Силјановска Давкова е универзитетско професор по уставно право со огромно знаење и пребогат меѓународен углед. За разлика на некакви Зајковци (Зоран Заев) и Ковачевци (Димитар Ковачевски) Претседателката Гордана ќе биде фактор што нема да слугува на странските интереси и ќе може авторитативно да се спротивставува на секакви посегнувања на нашиот идентитет, за разлика од споменатите домашнои измеќари на туѓите (странските) интереси!

  Гордана својот цврст став во одбрана на македонските интереси го покажа на самиот ден на полагањето заклетва кога при кажувањето на заклетвата избегна да ја изговори додавката "северна". Но доследна на своите изјави дека ќе го почитува Уставоит кога мора, таа селак ја потпиша свечената изјава со таа фамозна додавка што ни ја подметнаа Nикола Димитров и Зоран Заев.

  Бурни беа рекациите од Атина, Софија, но и oд Bрисел на ваквиот однос на професорката по меѓународно право и устав Гордана Силјановска давкова, а ќе бидат и во иднина, во тоа немам н икакво сомневање.  Сега претседателот Сиљновска и идниот премир Христијан Мицковски ќе е соочат со клучниот проблем - промена на Уставот на РМ и вметнување на бугарите во преамбулата на уставот, но како можно решение предлагам: откога Гордана ќе ги подзаврши најургентните работи што се во нејзина надлежност да посети повеќе земи членки на ЕУ, вред се Вишеградската група (Полска, Чешка, Словачка и Унгарија) и некои поважни престонини и да укажа на неодржливатса на Преговарачката рамка за членство на Македонија во ЕУ. Се разбиура, Словннија и Хрватска ги гледам во тој пакет за лобирње

  Мицкоски веќе има изградено солидна мрежа на комуникации преку Европската народна партија (ЕПП) и треба и ќе ги користи тие врски, Предлагам и да се изврши комплетна реконструкција на македонската дипломатска мрежа со именување на нови, докажани интелектуалци о допломати кои достојно ќе ги бранат македонските интереси и аспирации, во замена на сегашните во најголем дел девизни печалбари кои минатата власт ги праќаше како награда за лојалноста и  измеќарувањето.

На Претседателката Проф. д=р Гордана Силјановска Давкова и иднито премиер Проф. д-р Христијан Мицкоски искрено им препорачувам да не го користат владиното авионле за службени патувања бидејки не смееме ни за миг да заборавиме дека на многумина, дома и особено во странство, не им е по волја нивниот избор и не исклучувам дека се можни непријателски сценарија.

  Не смееме да заборавиме што му направи странсткиот фактор (со помош на домашни соработници) на првиот Претседател Киро Глигоров, и трагичната суднбина на претседателот Борис Трајковски (и уште 10 лица од неговата придружба) во близина на Мостар.

  Слободна и независна Македонија  сеуште е трн во очите на некои наши соседи, но и на длабоката држава ид двете страни на атлантикот!!!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.