|
|
Со Гордана Силјановска Давкова и идниот Премиер на Р. Македонија Христијан Мицкоски, Македонија има иднина! |
Македонска нација Професорката Гордана Силјановска Давкова по свечаната заклетва во Собранието, со највисоки државни и воени почасти, ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски. Таа е шести претседател на Македонија и прва жена на оваа позиција по осамостојувањето на државата. Силјановска при заклетвата се обврза дека должноста ќе ја извршува совесно и одговорно, ќе го почитува Уставот и законите, ќе го штити суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија. Но, при заклетвата, Силјановска го употреби името Македонија без придавката „С“, што предизвика реакција на грчката амбасадорка во Република Македонија, Софија Филипиду, која во знак на протест го напушти Собранието. Покрај грчката амбасадорска, реакции за некористење на придавката „С“ имаше и од неколкумина домашни политичари, продадени души на ѓаволот, заборавајки дека Македонија е вековното име на земјата, заборавија исто така на промена на името против вољата на граѓаните и на неисполнетите ветувања на европските политичари дека доколку Република Македонија го смени името ќе биде примена во ЕУ. Имено, од 2018 и 2020 година, од канцеларката Ангела Меркел и од владата во Берлин, како и други европски држави, беа дадени озбилни ветувања за интеграцијата во ЕУ, но до денес ниту едно не е исполнето, и покрај болните и изнудени измени на Уставот на Р. Македонија, Иако професорката Гордана Силјановска Давкова не го употреби новото име со придавката „С“, таа го потпиша документот со (не)уставно име, кое цела македонска јавност знае на каков начин е донесено. Тоа што нејзиниот претходник како претседател немаше кичма да го направи, таа како права македонска жена, амазонка, хероина, мајка и борец, професор по уставно право и политички систем, застана во одбрана на темелите на уставниот поредок и укажа дека Преспанскиот договор е отворено прашање. Во својот говор во Собранието таа сепак кажа дека ќе го почитува овој парламемет и дека „ќе биде претседателка и на левата и десната страна, на сите граѓани, дека нема да прави разлика меѓу нив по етничка, верска, полова ни по која било друга основа.“ Најголем дел од својот говор Силјановска го посвети на жените кои за жал ги нема многу во политиката. Таа посочи дека „државата ја имаме благодарение не само на комитите и партизаните, туку и на комитките како Сирма Војвотка и на партизанките како Вера Циривири-Трена, Вера Јоциќ и Ибе Паликуќа“. Исто така на својот пример укажа дека и жена може да стане претседател, што треба да преставува инспирација за поголемо вклучување на жените и нивната филозофија во политиката. Македонија да стане европска, е создавање единство, владеењето на правото, а не „владеењето на малкумина и владеење на мажите“. Гордана Силјановска Давкова ќе биде првата жена претседател на Македонија. Таа доби доверба од над 560 илјади гласови од граѓаните, а единствен кој верувал дека тоа ќе се случи, како што вели, бил лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Гордана Силјановска Давкова во Кабинетот на Претседателот во „Вила Водно“ ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски. Во наредните пет години таа треба да ги исполни ветувањата и да ја оправда довербата на граѓаните. Гордана Сиљановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment - between Norms and Reality“ во 1994. Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем. Со Гордана Силјановска Давкова и идниот Премиер на Р. Македонија Христијан Мицкоски, Македонија има иднина! |