|
|
ОМД: Честитки на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за успехот на парламентарните и претседателските избори |
Обединетата Mакедонска Дијаспора како невладина и надпартиска и организација за застапување за промовирање на интересите на Македонците и македонските заедници ширум светот им честита на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за успехот на парламентарните и претседателските избори во 2024 година. Со нетрпение ја очекуваме можноста да работиме со нашите новоизбрани представници за да ги заштитиме и застапуваме интересите на Македонците и македонските заедници ширум светот. Од сите последователни влади, сметаме дека е нанесена голема штета на меѓународниот углед на Македонија. Додавката „Северна“ на нашето име беше омаловажувачки и неуспешен обид на претходните влади да ни го скратат патот како горди македонци да чекориме кон НАТО и Европската Унија. ОМД се залага за силна Македонија, како доверлив сојузник и меѓународен партнер. Нашата култура зборува сама за себе и мора да престане одвратната навика на последователни влади да ја бараат поддршката од меѓународната заедница преку задоволување на барањата на соседните влади. |