Среда, 22 Мај 2024   
ЗА ИЗБОРИТЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ НЕШТА

  1martin1 copy copy copy copy

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. Многу хартија и мастило се потрошија за двојните претседателски и парламентарни избори во Македонија и скоро се е веќе е кристално јасно. Велам скоро се, бидејки деновиве се прегласува во неколку изборни места за парламентарните избори (каде ДУИ полнеше гласачки кутии и резултатите се поништени) и можно е победничката коалиција што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ да добие уште некој мандат, а ДУИ да изгуби неколку пратеници.

  Првата жена претседател на државата Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова уште од првиот ден по инаугурацијата со фуриозно темпо го започна мандатот, а Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар за состав на новата македонска влада Проф. д-р Христијан Мицкоски релаксирано продолжува со средби со граѓани и најавува економски бум со големи странски инвестиции.

  За тоа - толку! Но сакам во ова прилика да се осврнам на однесувањето на лидерите на партијата на Албанците ДУИ, која дваесетина години беше на власт и која бурно реагира (не штедејки дури и закани со немири и сл.) дека - според нив - тие биле легитимни претставници на Албанците во Македонија и по секоја цедна   м о р а л о   да бидет застапени во новата влада (Како да не, е баш не морало, туку после 20 години молзење на Буџетот на државата и разнебитување на Македонија по сите основи и за интерес и по сценариото на длабоката држава, не е лесно да се помират со реалноста дека дефинитивно ќе бидат во опозиција!!!).

  За мене воопшто е интересна и самата генеза зо постанокот на ДУИ. По бегалската криза 1999 година, кога Македонија вдоми над 350.000 бегалци од Косово, наместо почит и благодарност за солидарноста што сите ние ја покажавме, во 2001 година (истите тие од ДУИ) ни наметнаа крвава војна после која Македонија не е она што беше. Но за мене сеуште е енигма:  Како тоа водачите на терористичката ОНА (денес како политичко издание ДУИ) на чело со Али Ахмети, ги напуштија ладовините на Швајцарските алпи и дојдоа во Македонија да освојуваат територии (судејки по првите комуникеа што ги објавија), а од кога ген-секот на НАТО Џорџ Робертсон ги проласи за  "убијци од планините" (killers from the mountains) ја сменија реториката и постанаа ко божемски "борци за повеќе права на Албанците во Македонијја". (Изгледа инспираторите за појавата на ОНА и ген-секот на НАТО не ќе да биле искоординирани за тие работи па од една страна ни се случи војна во балистички стил, а од друга страна осуда од  ген-секот на НАТО!?).

  Сакам во оваа прилика да разјасниме, и евентуално да им објасниме на шефовите на ДУИ една работа. Не може тие да инсистираат па дури и да уценуваат по секоја цена да бидат застапени и во новата влада!!! НЕ МОЖЕ!!! Светската пракса, а и според нашиот Устав што укажува дека лидерот на победничката партија и коалиција е иден мандатар и ТОЈ има суверено право да составува влада, а главен критериум се програмите на партиципиентите во таа влада (принциот победним на изборите кај Македонците со победник кај Албанците повеќе не важи бидејки токму ДУИ го прекрши тој принцип на инсистирање на екс-Американмскиот амбасадор Џес Бејли, што го призна лично самиот Али Ахмети).

   Дека е така, да го земене примерот за состав на влада во Германија. Таму со децении победник на изборите е коалцицијата ЦеДеУ-ЦеЕсУ, а за партнери во владата некогаш ги земаат социјалдемократите, друг пат зелените, или либералите.

  Значи, зотми Али, ќе мора да се помириш дека ќе одиш во опозиција, но и дека ќе се соочиш со правдата за сите злоупотреби на Буџетот, криминалните тендери и сето зло што и го нанесовте на Македонија овие две изминати децении. Не станува збор за реваншизам, туку едностао соочување со законот којшто време е да профункционира бидејки Македонија заради вас е на дното по корупација според сите светски мерила!

2. Во Скопје по тринаестти пат се одржа годишната конференција на организацијата "Македонија 2025". Оваа година конференцијата се истакнуваше со повеќе нешта што не само што охрабруваат, туку се и своевидна гаранција за просперитетот и на самата организација, но и на целите за коишто е формирана и постои.

  Во прв план би ги истакнал се поголемиот број на финансиски "тешкаши" од македонско потекло од дијаспората, но и  од Македонија. Фактот што овие тешкаши поседуваат бизниси од неколку милијарди (billions) долари ипресионира, но според мене од огромна важност е угледот што тие го уживаат во Канада, САД и други земји. За илустраиција на конвенцијата што организацијата "Македонија 2025" ја одржа минатиот ноември во Чикаго собрани се донации од над еден милион американски долари, а главен говорник на настанот беше првиот човек на Боинг (па свесни ли сте што значи Боинг???). Организацијата финансиски помага талентирани млади луѓе, организира семинари и обуки на меѓународно ниво, а целта е оспособување на млади луѓе да се вратат во Македонија и да придонесат за развој на македонската економија и општество во целина.

Ете, заради овие нешта сум многу осоколен за иднината на Македонија и особено со патриотскиот дует Гордана Сиљановска-Давкова - Христијан Мицкоски гледам светла иднина на нашата татковина.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.