Среда, 22 Мај 2024   
НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД АВТОРИТЕ НАТ.Н. „СТАРОГРЧКА МИТОЛОГИЈА“ ВООПШТО НЕ БИЛЕ ГРЦИ!

1dons copy copy

Александар Донски 

Во македонскиот фолклор постојат голем број мотиви и еле­мен­ти превземени или, подобро кажано,  директно наследени од антич­ка­та митологија, која денес главно е позната под името “Грчка митологија”(Ста­ро­­гр­ч­камитологија). Овој термин денес е прифатен во најголем дел од јавноста кај нас и во светот. Но, епитетот “грчка”, т.е. “старогрчка” не соод­ветс­твува со интегралната содржина на оваа митологија. Поради тоа, употребата на овој термин претставува невиден превид ка­ков што одвај дали постои во светската историја. За да се докаже ова, доволно е да се постави прашањето: зошто оваа мито­логија го носи  епитетот “грчка”? Што има грчко во неа? Во продолжение ќе дадеме одговор на овие прашања.

Во науката е добро познато дека оваа митологија за прв пат во пишаните извори се има појавено во три дела (кои биле објавени со релативно мала временска разлика). Во врска со ова ќе цитира­ме извадок од светски познатата ен­цик­ло­педија “Microsoft Encarta” во која за пр­вит­е писмени пројави поврзани со оваа митологија читаме:

Грчката митологија го достигнала својот целосен развиток во 700-те години пред Христа. Три кла­сични колекции на митови: “Теогонија” на поетот Хесиод, како и “Или­­јадата” и “Одисеја” од поетот Хомер, се имаат појавено отпри­лика во тоа време.” (MicrosoftEncarta, USA, 1998, “GreekMythology”).

Значи Хесиод е првиот автор што систе­матс­ки ги презентирал клучните настани од оваа митологија. Меѓутоа Хесиод  во своето дело “Теогонија ниту еднаш не спомнува никакви Грци, ниту каков било друг збор изведен од овој етноним (грчки, грчка и сл.).

Исто е и со останатите две фундаментални дела на т.н. “Грчка митологија”, а тоа се “Илијадата” и “Одисеја”. И во нив, со ниту еден збор, не е спомнат етнонимот “Грци”! Поради ова, се поставува пра­ша­њето: каква е таа “Грчка митологија”, кога во нејзините први и фундаментални дела не се спомнати ниту Грци, ниту пак каков било друг збор изведен од овој етномним (грчки, грчко и сл.)?

Но тоа не е сѐ. Ако  направиме преглед на етничкото потекло на најзначајните антички и средновековни автори (креатори) на т.н. “Грчка митологија” ќе се добијат уште поизненадувачки податоци во прилог на негрчкиот карактер на оваа митологија. Светски позна­тиот проучувач и познавач на оваа митологија Карлос Парада, има извршено детални анализи на сите досега познати антички и средно­ве­ковни дела во кои се застапени митови од т.н. “Грчка митологија”.

Карлос Парада е автор на голем број научни трудови посветени на оваа митологија  и тој толку педантно ја обработил оваа митологија што дури нап­ра­вил преглед на нејзините најзначајни автори (практично - нејзини креато­ри) во кој пресметал кој автор со колку редови од своите дела при­донел кон создавањето на оваа митологија. Врз основа на тоа Карлос Парада пресметал и кој  автор со колкав процент учествувал во создавањето на делата, кои целосно или делумно, се посветени на ликови и содржини од оваа митологија.

Дел од трудовите на Карлос Парада се објавени во неговата книга “Genealogical Guide to the Greek Mythology” (Philadelphia, USA, 1993).

Повикувајќи се на педантните истражувања на овој светс­ки познат современ познавач на т.н. “Грчка митологија” се забележуваат следните резултати.

Најзастапен автор чии дела биле посветени на ликови и настани од оваа митологија е античкиот писател Аполодор. Кар­лос Парада пресметал дека од севкупниот досега познат литературен опус на т.н. “Грчка митологија”, Аполодор учествува со 2389 редови или со околу 19%.

По него следуваат античките автори Павсанија  и Хигин. Во  целокпуниот досега познат литературен  опус на оваа митологија Павсанија учествува со вкупно 1318 редови (околу 12%), додека античкиот автор Хигин учествува со вкупно 1259 редови (од неговите дела: “Fabulae” и “PoeticaAstronomica”), што во про­центи исто така изнесува околу 12%.По нив следува Хомер, чии дела сочинуваат околу 8% од цело­куп­ниот досега познат литературен опус на т.н. “Грчка митологија”.

Практично овие автори со своите дела учествуваат со над 50% од целокупниот досега познат литературен опус посветен на т.н. “Грчка митологија”.

По нив следуваат: Овидие  со вкупно 632 реда (околу  6%); Нонус  со вкупно 570 реда (околу 5%); Хесиод со 493 ре­да (околу 4,6%); Диодор од Сицилија со 484 реда (око­лу 4,4%) и Виргилиј, кој учествува со 466 реда (околу 4%).

Останатите автори учествуваат со многу помал процент. Така, на пример, Квинтус Смирнеј  учествува со 361 ред (околу 3,3%); Статиј со 286 реда (околу 2,6%); Антонин Либералис  со 225 реда (околу 2%);  Валериј Флак  со 245 реда (исто околу 2%); Аполоние Родоски  195 реда (околу со 1,8 %), а Дионис од Халикар­нас учествува со 162 реда (околу 1,5%). Поз­­натиот Еврипид  во сите свои дела посветил 162 реда на настани и ликови од  оваа митологија, што е околу 1,5% од нејзи­ниот севкупен литературен опус; Плутарх  учествува со 246 реда (околу 1,3%); Херодот  со 109 реда (околу 1%); Пиндар со 100 реда (околу 1%), а Партение Никејски  со 98 реда (исто така околу 1%) и т.н.

Интересно е тоа дека, според педантните пресметки на Карлос Парада, Есхил  во севкупниот досега познат литературен опус на мотиви, настани и ликови од т.н. “Грчка митологија” учест­вува само со 0,5%, додека Аристофан  со 0,04%. Кали­мах учествува со 0,4%, а Кикерон  со 0,3%. Оста­на­тите автори исто така учествуваат со помал процент.

Откако ги наведовме овие бројки, да направиме преглед кон ет­нич­­­кото потекло на најзастапените автори, т.е. творци на најголе­ми­от дел од досега познатиот литературен опус од т.н. “Грчка митоло­ги­ја”.

Рековме дека најзастапен автор (со 19%) е Аполодор. Тој живеел во вториот век во Александрија. Неговото етнич­ко потекло не е познато. Но, постојат податоци за приближниот етнички состав на Александрија од крајот на 1 век по Христа (што значи само неколку децении пред појавата на Аполодор). Во тоа време во Алек­сандрија најдоминантни жители биле: Египјаните, Македонците (кои и го основале овој египетски град и кои биле негови први жители), Хелените (Грците), Евреите и Римјаните.      

За Македонците како жители на Александрија во тоа време пи­шува најпознатиот антички еврејски историчар Јосиф Флавиј (кој жи­веел во 1 век по Христа). Кога пишува за населувањето на Евреите во Алек­сандрија од страна на македонскиот владетел Птолемеј Први, Фла­виј пишува дека овој владетел на Евреите (цитат):                                                    

...во Алек­санд­рија им дал исти привилегии на граѓани, какви што имале и самите Ма­кедонци” (JewishAntiquites..XI, 12,1).

Во својата книга “FlaviusJosephusagainsAppian Флавиј исто така пишува за Македонците како жители на Александрија. Во вто­риот дел (6), тој пишува дека: “Грците и Македонците го поседуваа гра­дот”, а во продол­жение тој ги обвинува Египјаните дека поради рас­ната омраза кон Евреите  ги придобиле Македонците и Грците да се свртат против Евреите кои живееле во Александрија.

Флавиј  спомнува и еден говор на јудејскиот крал Агрипа (прв век по Христа) во кој исто така сосема јасно се спомнати Маке­дон­ци­те како доминантни жители на Александрија, но и како жители на неколку останати области во Египет (Wars of the JewsII, 16,4). Во овој го­вор, зборувајќи за состојбите во градот Александ­рија во времето на римската окупација, Агрипа рекол:

Во Александрија... се стационирани два легиона (римски, з.м.), кои ги надгледуваат подалечните делови на Египет, како и оние делови, кои повеќе се населени од  угледните Македонци”.  

Значи, речиси цели 400 години по основањето на Александрија, Македонците во значителна мера и натаму биле жители на овој град.

Што се однесува до Аполодор, тој можел да биде Македонец,  можел да биде и Хелен (Грк), но можел да биде и Евреин, па дури и Египјанин или Римјанин.

Тоа што Аполодор пишувал на јазикот коине (мешан јазик соз­да­ден од неколку хеленски дијалекти, но и од бројни елементи од други јазици), апсолутно не значи дека Аполодор бил Грк. На овој јазик тогаш пишувале најголемиот број од малубројните писмени луѓе од повеќе народи на светот, затоа што тогаш јазикот коине и латинскиот јазик биле единствените два познати писмени јазици во тој простор, кои биле во поширока употреба.

На јазикот коине пишувал дури и еврејскиот историчар Јосиф Флавиј, па за него никој денес не тврди дека бил “Грк” (а да не одиме понатаму, дека и еден Никола Копер­ник пишувал на латински, па се знае дека не бил Латин; овде се и денешните Нигеријци кои пишуваат на англиски, а не се Англичани и безброј вакви примери). Значи, останува конста­тацијата дека етнич­кото потекло на Аплодор не е познато, но факт е дека тој не потек­ну­вал од територијата на денешна Грција. Извесно време престојувал во Пергам (Мала Азија), а потоа и во Атина.

Втор, според застапеноста во досега познатиот литературен  опус на т.н. “Грчка митологија” (кој учествува со 12%) е Павсанија. За него повеќе од сигурно може да се каже дека не бил никаков Грк. Тој се родил во областа Лидија (која се наоѓала во де­неш­на Турција). Во Лидија се  знае дека  живеел зесебен народ Ли­диј­ци, кои зборувале на сопствен  лидиски јазик. Овој јазик, заедно со хетс­киот, ликискиот, палајскиот и лувајскиот јазик  припаѓал на гру­па­та “Анадолски јазици”. Откако Лидија била освоена од Алек­сан­дар Маке­донски, т.е. во периодот што следел потоа, забележани се и елементи од балканската култура, но нема податоци за масовно иселување на Лидијците од Лидија, од чиј ген најверојатно потекнувал и Павсанија. Значи, и овој автор на т.н. “Грчката митологија” не само што не по­тек­нувал од територијата на денешна Грција, туку повеќе од сигурно не бил ни етнички Грк.

Трет автор според застапеноста во делата на т.н. “Грчка мито­логија” е Хигин. За неговиот живот малку се знае. Во светс­ки познатата енциклопедија Британика, во врска со потеклото на овој автор читаме: Хигин дејствувал во првиот век по Христа. Тој бил латински автор и учен кој, според Светон, од Август  бил назначен како главен надзорник на Пала­тинс­ката библиотека.. (Britannica, Hyginus).

Значи ни третиот по застапеност автор во целокупниот досега познат литературен опус на делата од т.н. “Грчка митологија” не бил никаков Грк, ниту пак потекнувал од грчките тери­тории, па дури и не пишувал на јазикот коине, туку на латинс­ки.

Со 8% застапеност во содржините на т.н. “Грчка мито­логија” следува Хомер. За неговото етничко потекло исто така не се знае ништо и практично не постои никаков податок за неговиот жи­вот. Поради тоа, денес мислењата во светската наука се поделени и во однос на тоа дали тој воопшто постоел како личност или можеби неговите дела биле напишани од повеќе автори.

Во антиката и во средниот век главно се верувало дека Хомер бил единствена личност и дека тој бил автор на делата потпишани со неговото име. Но, во 1795 година авторот Ф.А. Волф објавил книга под наслов “Хомеровиот проблем” (Prolegomena ad Homerum). Во оваа книга Волф го оспорил авторството на Хомер со што отворил дебата во научната јавност која трае до денес.

Денес постојат главно две групи научници. Првата смета декла Хомер постоел како личност и дека тој бил автор на “Илијадата” и на “Одисеја”, а втората група смета дека зад него­вите дела стојат повеќе автори.

Сето ова значи дека ни за Хомер не може да се каже дека бил “Грк”. Не само што етнонимот “Грци” не постоел во негово време, туку и затоа што дури не се знае дали и тој воопшто постоел како личност. Оние кои веруваат во неговото постоење сметаат дека потекнувал од Мала Азија.

Следен автор според обемот со кој учествувал во опусот на т.н. “Грчка митологија” е Овидиј.  За него рековме дека учест­вувал со 6%. Во врска со неговото етничко потекло, во енцикло­педијата Енкарта, читаме:

Овидиј (43 пред Христа - околу 17 по Христа) бил римски поет. Овидие бил роден како Публиј Овидиј Насо во семејство на квестор од средната класа во Сулно  во близината на Рим.”

Значи ниту Овидиј не бил Грк, туку Римјанин, кој своите дела ги пишувал на латински.

Следуваат Нонус со 5% и Виргилиј со 4% учество во  досега познатиот литературен опус на т.н. “Грчка митологија”.

Нонус бил Египјанец кој живеел во 5 век по Христа (Britannica, Nonnus), а за Виргилиј е добро познато дека бил римски поет, роден во едно село во денешна северна Италија, близу Мантова. Живеел од 70 до 19 година пред Христа.        

Од авторите на т.н. “Грчка митологија”  кои не биле Грци и кои не потекнувале од етничките грчки територии ќе ги спомнеме и ла­тинс­ките автори Статиј, Антоние Либералис и Валериј Флак. Статиј со своите дела учествувал со околу 2,6% од севкупниот досега познат литературен опус на т.н. “Грчка митлогија”, а Антоние Либералис и Валериј Флак со по 2%.

За Статиј се знае дека бил римски поет од 1 и 2 век по Христа (Britannica, Statius).

Антоние Либералис исто така бил латински автор.        

Валериј Флак живеел во првиот век по Христа. И тој бил ла­тинс­ки поет (Britannica, Valerius Flaccus).

Да го спомнеме  и Аполоние од Родос, кој учествувал со 1,8% во досега познатиот литературен опус на т.н. “Грчка митологија”. За него се знае дека живеелел во 3 век пред Христа и дека бил роден во Александрија.

Автори кои учествувале во создавањето на т.н. “Грчка мито­логија”, кои биле со негрчко или со непознато етничко потекло биле и: Апулеј Лукиј, римски писател и филозоф, кој жи­ве­ел во 2 и 3 век по Христа и бил роден на територијата на дене­шен Ал­жир; Калимах, кој живеел во 3 век пред Хрис­та во Александрија, а потекнувал од Либија; Кикерон, кој живеел во 2 и 1 век пред Христа и бил познат римски писател и говорник; Клавдиј Елијан, кој живеел во 2 и 3 век и бил римски  реторичар; Пропертиј Секстус, кој живеел во прв­и­от век пред Христа и бил римски поет, роден во Азиси; Атенај од Нау­крат, кој потекнувал од Египет и други. Овде се и  подоцнежните византиски автори: Колут, Конс­тан­­тин Порфирогенит, Стефан Визант, Јован Цецес и други.

И што може да се заклучи од целиот овој преглед? Авторите кои создале над 80% од литературните дела, делумно или целосно  посветени на ликовите и настаните од т.н. “Грчка митологија”, или не биле Грци или  биле луѓе со непознато етничко потекло. Ова е уште еден аргумент повеќе во прилог на неоправ­даноста на употребата на терминот “Грчка митологија.” Барем, од аспект на етничкото потек­ло на нејзините создавачи, оваа митологија не може да биде “грчка”. Каква е таа “Грчка митологија” кога се знае дека огромниот дел од нејзините креатори не биле никакви Грци? Но, тоа не е се. Ако се направи преглед и на потеклото на лико­вите од оваа митологија ќе се забележи дека грамаден дел од нив воопшто не потекнувале од краевите што подоцна биле сметани како грчки. Ова се однесува, како за главните богови, така и за (ус­ловно кажано) споредните ликови во оваа митологија, но за ова во некоја следна прилика.

(Oд книгата „Античко-македонското наследство во денешната македонска нација – прв дел фолклорни елементи“ од авторот на овој текст.

Документарна емисија со сценарио врз основа на оваа книга можете да видите на AleksandarDonskiHistoryChannel на Youtube).

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.