Среда, 29 Мај 2024   
Тешки предизвици пред новата влада!

DOOM - Kongres 2 copy copy copy copy

Македонска нација

Преговорите за идната влада меѓу коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата на опозиските албански партии „Вреди“, како и со Движењето ЗНАМ, се во напредна фаза. Се очекува новата влада да биде формирана до 20 јуни. Пред оваа нова Влада ќе престојат тешки задачи на внатрешен и надворешен план: надминување на хаосот кој го оставија СДС и ДУИ во текот на седумгодишното владеење со земјата, како и надминување на пречките кои ги поставуваат Грција и Бугарија на патот на Македонија кон ЕУ.

За да се справи со хаосот кој СДС и ДУИ го оставија дома, како и за да се надминат пречките за влез во ЕУ, новата влада ќе треба да се фокусира на Копенхашките критериуми. - правила кои дефинираат кои земји се подобни да се приклучат на Европската унија.

Во 1993 година, Европскиот совет усвои три главни критериуми што земјите кандидати мора да ги исполнат доколку сакаат да станат членки:

Политички критериум - стабилност на институциите кои обезбедуваат демократија, владеење на правото, почитување на човековите права и правата на малцинствата и прифаќање на политичките цели на ЕУ;

Економски критериум - постоење на ефективна пазарна економија и способност на пазарните фактори да се справат со конкурентските притисоци и пазарните закони во рамките на ЕУ; и

Правен критериум - усвојување на целокупното стекнато право на ЕУ.

Покрај овие три критериуми, секоја земја која сака да стане полноправна членка на ЕУ мора да го исполни и четвртиот, административен критериум (критериум Мадрид), кој бара прилагодување на соодветни административни структури со цел да се обезбедат услови за постепено и хармонична интеграција.

Со исполнувањето на овие критериуми, реформи во сите области, пред се ќе се надминат домашните катастрофални состојби кои зад себе ги оставаат ДУИ и  СДС, а со тоа ќе се олесни и патот кон ЕУ - надминување на наметнатите билатерни прашања.

Во текот на седумгодишното владеење ДУИ и СДС, се фокусираа на надворешната политика, а ги запоставија реформите дома.

Водејќи поданичка политика го сменија името и ги загрозија националните интереси. Додека надвор тргуваа со името, идентитетот, јазикот и културата,  дома овозможија огромен замав на корупцијата и криминалот.  Така денес нема област, во која не е потребен ремонт. Сепак меѓу најважните задачи на новата власт за да се  спречи корупцијата и криминалот во земјата ќе биде реформа на правосудниот систем.

Имено, реформскиот процес е исклучително важен пред се за нас самите, а потоа и за евроинтеграциите, Исполнувањето на Копенхашките критериуми се поважни и од мантрата на досегашната коалициона влада на ДУИ и СДС, дека ако се извршат уставни измени  и Бугарите влезат во Уставот, Македонија ќе го започне пристапниот процес за влез во ЕУ.

Со променето име, иако на референдум не го одобри македонски народ, станавме членка на НАТО, но не и на ЕУ и покрај ветувањата. Тоа треба да биде опомена, дека  дури и да се извршат уставните измени, никој на Македонија не и гарантира влез во ЕУ. Едноставно Грција и Бугарија не сакаат Македонија да биде равноправна со нив во Брисел и додека во ЕУ важат сегашните правила, Атина и Софија ќе се закануваат со вето.

Особено треба да се внимава сега, кога ЕУ се наоѓа на прекретница, да се биде или не.

 Различните погледи кон воената интервенција на Москва во Украина, непочитување на деморатските вредности и човековите права  од поедини членки на ЕУ, можат да ја загрозат европската идеја.

Пред претседателот на Македонија Гордана Силјановска Давкова и пред идниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски претстојат тешки предизвици на внатрешен и надворешен план. Сепак главен фокус треба да бидат реформи  во правосудскиот систем, заштита националните интереси, борба со корупцијата и криминалот, се со цел да донесат подобар живот на македонскиот народ и останатите заедници во земјава.  

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.