Среда, 29 Мај 2024   
ЗА ВИСТИНСКАТА ДРЖАВНИЧКА И НЕДРЖАВНИКОТ

1martin1 copy copy copy copy copy

М-е Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 

1. И годинава, по традиција го одбележавме 24ти мај, денот на МАКЕДОНСКИТЕ и сесловенски просветители, Светите Кирил и Методиј. Го одбележавме овој голем ден за нас Македонците и не случајно велам "МАКЕДОНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ", бидејки нивната  П Р В А  мисија - кога и е формирана глаголицата, што е предвесник и на кирилицата што ја користиме денас и ние, но и повеќе словенски народи, е измислена ВО МАКЕДОНИЈА и ЗА МАКЕДОНЦИТЕ!!!

   Се изнаслушавме разноразни беседи по тој повод и дури им се придаде и космополитска димензија на светите браќа кои небаре гореле од желба да ги просветат паганите и неписмените (!?) во Македонија, по течението на реката Брегалница, од нејзините извори до Струмица.

   Како млад новинар, небаре почетник, имав прилика да се запознаам со делото на академик Стјепан Антољак, Хрват од Задар, а често пати разговарав и со Проф. д-р Бранко Панов, негов следбеник и истомисленик. Нивната теза што категорично ја застапуваа - во кратки црти - беше: глаголицата е измислена ВО МАКЕДОНИЈА И ЗА МАКЕДОНЦИТЕ во текот на Првата мисијија, позната како БРЕГАЛНИЧКА мисија, во Македонија, по течението на реката Брегалница, а таа траела цели десет години! Чудно е, да не речам дури смешно светите браќа денес да се претставуваат небаре како космополитити загрижени за просветата на словените бидејки од високи личности во византискиот естаблишмент - Константин филозоф Кирил бил ценет како најучен човек во ЦАРИГРАД, а брат му Методиј бил Византиски генерал неверојатно е да се очекува такво нешто!

Византија во тој период водела жестоки борби на Блискиот исток (Сирија, Либан) со Сарацените/Арапите, а за да ги контролира македонските склавниии, кои почнале да креваат глава за осамостојување од владеењето од Цариград, империјата - неможејки да води војна истовремено на два фронта (Nic Hercules сontra duo) одлучила тоа да го прави преку религијата, т.е. христијанството. За таа мисија најпогоден избор биле солунските браќа на кои - за да го проповедаат христијанството им требале религиозни книги, а за да ги преведуваат на јазикот на домородните Македонци им требала азбука согласно говорот на локалното македонско население во струмичко-брегалничката област што, како родени солунјани, многу добро го владееле!.

 Мисијата на светите браќа всушност и се вратила како бумеранг на Византија бидејки преку описменувањето на локалното население тие всушност им ги отвориле очите на македонските словени што подоцна води кон востанија и обиди за осамостојување (Самуиловото царство, на пример).

  Следеле уште три мисии на светите Кирил и Методиј (меѓу Евреите на Крим, меѓу Арапите во Багдад и последната - најпознатата, Моравската мисија).

  Ова го тврдеа академиције С. Антолјак и Б. Панов и ние денес треба да бидеме горди на Првата - Брегалничката мисија на светите браќа,

  Не разбирам зошто македонската историска и лингвистичка наука не придава поголемо значење на Брегалничката мисија бидејки - неспорно е дека ние Македониците дадовме писменост на поголем дел од словенските народи???

  Би сакал да видам дека и МПЦ-ОА во иднина ќе посвети повеќе внимание на Првата и според мене  н а ј з н а ч а ј н а  мисија од четирите мисии на Светите Кирил и Методиј!?

2. Да се осврнам на насловот!

Првата посета во странство на Претседателката Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова беше во Рим по повод чествувањето на Денот на Светите Кирил и Методиј. Многу нешто се кажа за таа извонредно добро организирана посета, за средбите со папата Францис, со претседателот на Италија, за церемонијата во базиликите Сан Клементе и Санта Марија Маѓоре, но јас ќе се осврнам само на еден детал што, а тоа е, според мене, високиот државнички потег на Претседателката Силјановска Давкова par excelance!!! Имено, кабинетите на македонската Претседателка и на Претседателот на Бугарија Радев искомуницирале меѓу себе дали е можна средба помеѓу двата претседатели кои се нашле на исто место (во Рим), во исто време.  Радев, во неговиот надмен и арогантен стил предложил средба во амбасадата на Бугарија во Рим (демек нашата претседателка да појде на негов терен на "бакни рака"), што  Силјановска Давкова го одбила, за што заслужува полна почит поради високиот државнички потег!!!

   За разлика од Гордана, нејзиниот претходник Стево Пендаровски пред неколку години, а по сличен повод (24ти мај), од кога со авион од Софија Радев слета на скопскиот аеродром, како ѓаче го прибра Стевота и заедно со истиот авион одлетаа за Рим. НЕВИДЕНО! Па според меѓународно утврдените протоколи ни амбасадори од различни земји не е виообичаено да се возат во ист автомобил, а камо ли претседатели на две различни сржави во еден авион. Каков дилетантизам и недржавнички потег!!!

3. Позната е онаа, народната: "Кога бродот тоне (веќе е потонат), глувците магла фаќаат"! Слушаме на ТВ екраните дека извесната Фросина Ременски била именувана за генерален конзул на РМ во Венеција, а мажот Јовче Ременски ќе да ти бил офицер за врска со италијансите тајни служби (нешто слично на Зоран Верушевски кој беше во истата функција, а добро паметиме што ни приреди по враќањето од Roma belissima!). Ова именување во најмала рака е безобразие и злупотреба на владата во заминување, и очигледна награда за овој брачен двоец за "заслугите" кога со Македонија царуваше диктатурата на продавачот на лубеници од Муртино Зоран Заев.  Јовче од обичен полицаец направи метеорска кариера во органот (полиција), а сопругата му толку се осили што дури си дозволи во обична кафана, на бел лист хартија таа лично да донесе одлука (замислите какво лудило), да го смени на конгрес избраниот претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија Д-р Живко Митревски и да си именува свој претседател!? (Фросина Ременски да ти била и дел од годинешнатата државна делегација на свеченостите на гробот на Св. Кирил Солунски!?) Патем, генералниот конзулат во Венеција е отворен за потребите на растечката колонија на македонски иселеници во Северна Италија ЗА  ДАВАЊЕ КОНЗУЛАРНИ УСЛУГИ. А каква врска има Фросина Ременски со конзуларна проблематика, не сум сигурен)

   Една од првите одлуки што новата влада  м о р а  да ги донесе веднаш, со кратка постапка, овие двајца да ги врати во Македонија

4. Во Собранието на Македонија започна тродневната сесија за состав новиот состав на Парламентот по неодамнешните избори. Сесијата треба да заврши со избор на нов спикер (претседавач, т.е. претседател на парламентот); следен чекор ќе биде давање мандат за состав на нова влада од страна на Претседателката Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова на Проф. д-р Христијан Мицкоски, по што следи избор на новата влада, а мандатарот ќе ја претстави програмата на владата за наредните четири години.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.