Среда, 29 Мај 2024   
НИТУ ЕДЕН ОД БОГОВИТЕ ВО Т.Н. „СТАРОГРЧКА МИТОЛОГИЈА“ НЕМАЛ ГРЧКО ПОТЕКЛО!

1dons copy copy copy

Александар Донски

Продолжуваме со изнесувањето податоци и факти во врска со погрешното именување на балканската античка митологија како „Старогрчка митологија“.  Во претходниот текст видовме дека авторите  на над 80% дела од кои била создадена оваа митологија или не биле никакви „Грци“ или имале непознато етничко потекло.  Видовме и дека во првите дела на оваа митологија од Хесиод и Хомер термините „Грци, грчки“ и слични на нив, не се спомнати НИТУ ЕДНАШ.  Во продолжение ќе направиме преглед и на потеклото на лико­вите од оваа митологија. Притоа ќе се забележи дека грамаден дел од нив воопшто не потекнувале од краевите што подоцна биле сметани како грчки. Ова се однесува, како за главните богови, така и за (ус­ловно кажано) споредните ликови во оваа митологија.

           Всушност,  до 18 век се сметало дека оваа митологија била авто­х­т­она грчка, но тогаш биле обело­денети податоци дека бројни еле­мен­ти од неа биле преземени од други народи.  Овие факти  денес се познати во светската научна јав­ност. Како илустрација ќе при­ложиме цитат од познатата ЦД Гролиер општа ен­ци­­­клопедија (која е една од првите и најпознати американски ЦД енциклопедии), каде во насловот “Грчка мито­ло­гија” (Greek Mythology) чи­­таме:

           “Грчката митологија содржи митолошки елементи од раз­лич­ни култури и истории”. (CD Grolier electronic publishing, inc. Mindscape, Inc. 1995, Novato CA 94945).

           Слично пишува и во светски најпознатата ЦД енциклопедија “Енкарта”:

          “Грчкиот историчар Херодот, кој живеел во 400-те години пред Христа, верува дека многу грчки ритуали биле превземени од Египјаните.” (Encarta, наслов “Greek Mythology”).

           Херодот и навистина пишува за елементите што Грците ги прев­зеле од туѓите религиозни определби. Тој пишува дека и бого­вите и нивните имиња Грците ги превзеле од Пелазгите, кои наводно пред тоа ги превзеле од Египјаните и долго време ги славеле. Во врска со ова Хеородот пишува:

           “Некои од овие богови (со исклучок на Нептун) верувам дека Грците ги презедоа од Пелазгите. За Нептун, тие дознаа од Либијците, кои отсекогаш го славеа”.

           И понатаму:

         “Имињата на боговите дошле во Грција од Египет, а Пелаз­гите ги научиле нив... Оттогаш во своите жртвувања Пелазгите ги користеле имињата на боговите, а од нив, овие имиња ги превзеле  и Грците”.

           Кои биле Пелазгите од кои (според Херодот) Грците ги прев­зеле  боговите?

        Етничкото потекло на Пелазгите не е утврдено. Херодот  (кој бил нивни современик) е дециден во тврдењето дека тие не биле Грци и дека зборувале на неразбирлив јазик за Грците. Херодот пишува и за непријателствата помеѓу Пелазгите и Грците. Тој пишува и дека Пелазгите живееле и во Македонија, во областа Крестонија. Во врска со ова Херодот пишува:

           “Каков бил поранешниот јазик на Пелазгите не можам да кажам со си­гурност. Но, ако го претпоставиме преку јазикот на де­неш­ниве Пелазги - на пример, на оние кои живеат во Крестонија (ма­кедонска област, з.м.) над Ти­ренците, кои, пак порано престо­јуваа во областа наречена Тесалија и им беа соседи на Дорците - или на оние (Пелазги) кои ги основаа Плација и Ски­ли­ца над Хелеспонт и кои привремено живееја заедно со Атињаните, или пак, на оние кои живееја и во другите градови, а всушност се Пелазги - значи ако нап­ра­виме споредба со секој од нив, ќе мораме да потврдиме дека Пе­лаз­гите зборувале на барбарски јазик”.

           И понатаму:

           “Од своја страна, мислам дека Пелазгите беа барбарски на­род”. За Пелазгите од македонската област Кресто­нија Херодот е уште подециден:

           “Со сигурност се знае дека народот во Крестонија зборува на јазик кој е различен од соседните јазици”..

           Некои руски научници (како, на пример, Гриневич и други) сметаат дека Пелазгите биле предци на Словените.

           Во продолжение ќе презентираме конкретни примери во врска со позајмените елементи  од останатите религии и митологии во т.н. “Грчка митологија”. Добар дел од “грчките” богови и останати ми­то­лошки ликови воопшто не биле грчки по потекло.

       Да почнеме со врховниот бог  Зевс. За Зевс се знае дека имал индоевропско потекло. Во врска со неговото потекло, во реноми­ра­ната ЦД Гролиер енциклопедија, читаме:

           “Индоевропскиот културен елемент во оваа митологија е претс­та­вен преку богот Зевс... Зевс е најглавното божество во грч­ката митоло­гија. Тој има чисто индоевропско потекло и претс­та­вува божество, повр­за­но со симболот на небото и небесните фено­мени”.

           Значи, гледаме дека толку познатиот “грчки бог” Зевс,  вооп­ш­то не бил грчки. Или поточно, колку е грчки, толку е и маке­донски, и толку им припаѓа на сите народи што го славеле во тоа време. Исто е и со богот Посејдон. Во врска со неговото потекло, на истото место, читаме:

           “Посејдон претставува оригинално индоевропско божество и тој е постар брат на Зевс”. (ЦД Гролиер, цит. дело).

           За “грчкиот” бог Аполон, се смета дека прет­ста­вува азиско бо­жест­во, увезено од Сибир, каде опстојувало поврзано со азис­ките племенски ша­ман­ски култови. Еве што пишува во оваа енцикло­педија за неговото потекло:

           “Аполон потекнува од Сибир и се смета дека силата на него­виот култ потекнува од племенскиот шаманизам на тој прос­тор, а не од кул­тот на Дионис во Делфи.”(ЦД Гролиер... цит. дело).

           Потенцираме дека цитатите од поглавието “Greek Mythology” од оваа поз­ната ЦД енциклопедија се напишани врз основа на науч­ните трудови на познати научници од областа на оваа митологија чии имиња и научни трудови се наведени во  оваа енциклопедија.

         Значајни ликови во оваа митологија потекнувале од Тра­кија. Така, на пример, митолошкиот јунак Ригмус бил Тракиец. Во обемниот труд под наслов “Genealogical Guide to the Greek Mythology ” (Studies in Mediterranean Archeology, Vol. 107, Coronet Books; ISBN: 9170810621, Pfilladephia, USA 1993) авторот  Карлос Парада (кој денес се смета како еден од најголемите познавачи на оваа мито­логија) во врска со потеклото на Ригмус, пишува:

          “Ригмус бил тракиски сојузник на Троја, син на Пеир, кој пак бил син на Имбрас, кој исто така бил убиен во Троја.” (Карлос Парада, цит. дело, наслов Achilees, Life and Deeds).

           Врз основа на античките дела тракиско потекло имале и: митолошкиот лик Диомед, кој бил крал на Бистонците во Тракија, слепиот крал Финеј, митолошкиот крал Теревс,  митолошкиот лик Ресус, митолошкиот ловец Алкон и други.

           Во т.н. “Грчка митологија” имало и ликови со потекло од Ети­о­пија. Такви биле: митолошкиот крал Мемнон (син на Титон Први), митолошките ликови: Алкион, Алексип, Клидон, Лаомедон, Менекл, Нихиј  и Талиј. Tие го прид­ружувале кралот Мемнон во Тројанската војна (Quintus Smyrneaus, The Fall od Troy), 2.364; 2.365; 2.293).

           Сепак најпознат митолошки лик со етиопско потекло била прин­цезата Андромеда (по чие име денес е наречено едно соѕвездие). Taa била етиопска принцеза, која била спасена од Пер­сеј, кој потоа се оженил со неа.

           Некои од ликовите во т.н. “Грчка митологија” биле Фригијци (азиски потомци на балканското племе Бригијци). Таков бил случајот со митолошкиот лик Пелопс по чие име настанал денешниот грчки полуостров Пелопонез. (К. Парада, цит. дело).

         Познати се етничките врски помеѓу Бригијците (Фри­гијците) и античките Македонци, т.е. фактот дека основно етничко јадро на античките Македонци  биле токму Бригијците, чии потомци гледаме дека (според митологијата) му го дале името на денешниот познат грчки полуостров.

       Интересно е потеклото на митолошкиот лик на принцезата Ев­ро­­па, според која  нашиот континент го добил своето име. Ев­ропа воопшто не потекнувала од територијата на денешниот ев­ропс­ки континент. Напротив, таа имала мешано азиско-африканс­ко потекло. Европа била родена во Феникија (област во денешниот Блис­ки Исток), а нејзиниот (веројатен) татко Агенор потекнувал од Египет. (К. Парада, цит. дело, наслов Europa).

        Фригиец бил и легендарниот крал Мида, кој некаде се сре­ќава и како Мита (Д-р Елеонора Петрова, “Бриги”, Музеј на Македонија, Скопје, 1996, стр. 137). Тој имал значајна улога во оваа митологија. Фригиско потекло имале и други ликови од т.н. “Грчка мито­ло­ги­ја”: војниците Мор  и Зех, кои биле убиени во Тројанската војна, митолошката личност Авра и други.

       Во т.н. “Грчка митологија” имало ликови и со египетско потек­ло. Таков бил египетскиот крал Протеј, потоа богот Анубис, кој имал глава на куче (Овидие: “Метаморфози”, 9.690),  богот на тишината Харпократ и други.

           Во т.н. “Грчка митологија” имало вклопено и неколку божества со потекло од народите од денешната територија на Италија. Некои од нив се: божицата Егерија. (Овид, Фасти 3.275), божицата Хора, која била римска божи­ца, богот со две глави Јанус, божицата Јутурна, која  била ќерка на кралот Давн  од Апулија (област во денешна јужна Ита­лија) и нимфата Венилија. Италијанско потекло имале и ларите (Овидиј, Фасти 2.616),  божеството Модиј, божествата пенати и други.

          Во т.н. “Грчка митологија” имало и ликови за кои се смета дека биле по потекло од малозазиската област Пафла­гонија. Таков бил поз­натиот легендарен крал Тантал.

         Во т.н. “Грчка митологија” имало и персиски ликови. Таков бил кра­лот на Персија Орхам и неговата ќерка Левкотеа, која била жива закопана од својот татко откако тој разб­рал дека е вљубена во Хелиос. (К. Парада, цит. дело, наслов Leucothoe 2).

           Некои ликови од т.н. “Грчка митологија” потекнувале и од Ва­ви­­лон. Такви биле Пирам и Тизба, додека легендарната кралица Дидо потекнувала од Картагина.

           Некои митолошки ликови потекнувале и од Сирија. Таков бил верниот слуга на Одисеј, по име Евмај.

       За потеклото на сатирите постојат различни мислења, меѓу кои е и тоа дека сатирите биле од етиопско потекло, а постои мислење дека сатирите биле имитирани од Галите (пора­нешни жители на денешна Франција) што значи дека и Галите ги сметале сатирите како свои божест­ва.

           Свој придонес во оваа митологија имале дури и Индијците. За нимфата Никеја се смета дека потекнувала од Индија (конк­­­ретно од местото Астакија). Таа била силувана од Дионис, отка­ко се опила од вино.

           Да ја спомнеме и најпозната митолошка птица Феникс. За ова суштество се знае дека потекнувало од Арабија, а оттаму било при­фа­тено од Египјаните.

        Еден од попознатите ликови во т.н. “Грчка митологија” е и богот на спиењето Хипнос. Постојат мислења дека тој живе­ел во Азија и тоа во областа околу денешното Црно Море.

         Митолошки суштества од предхеленско потекло биле и Ка­вирите, кои потекнувале од островот Самотраки. Херодот смета дека култот на Кавирите бил прифатен од Пелазгите. Во врска со ова тој пишува:

           “Жителите на Самотраки ги примија мистериите (за Ка­вирите, з.м.) од Пелазгите, кои пред да отидат да живеат во Ати­ка, престојуваа на Самотраки и им ги пренесоа своите рели­гиозни церемонии на домородците”.                                                                                Во прилог на несоодветноста на името “Грчка митологија” ќе наведеме уште еден податок. Имено, според содржината на самата оваа митологија, првиот Грк на сцената на историјата се појавил откако веќе се случиле значајни настани на територијата на денешна Грција. Првиот Грк (според оваа митологија) се викал Грек (Graecus) и тој бил син на Пандора, која пак била ќерка на Девкалион и Пира. Се смета дека татко на Грек бил Зевс. Прак­тично (според митологијата) од Грек подоцна бил создаден грч­киот народ. Секако дека од неговото раѓање, па до појавата на овој народ логично дека поминале барем неколку векови.

           Пред раѓањето на Грек на престолот во Атина се наоѓал Кек­ропс, кој се смета за митолошки основач и прв крал на овој град. Кекропс бил оженет со Аглаура. Тие имале неколку деца. Кекропс бил заменет на престолот од својот син  Кранав. Во времето на владеењето на Кранав, Зевс им се налутил на луѓе­то и создал голем потоп  на Земјата. Потопот го преживеал Девка­лион, чиј внук од ќерката Пандора, бил Грек (митолошкиот прататко на Грците).

           Ова практично значи дека градот Атина постоел уште далеку пред појавата на првиот Грк. Во тоа време Атина си имала свои вла­детели, социјален живот и сл. Рековме дека нејзин прв митолошки крал бил Кекропс, кој живеел далеку пред времето на (според мито­логијата) појавата на првиот Грк.  Поради ова, бесмислено звучат об­јас­­нувањата дека Кекропс “во Грчката митологија бил основател на Атина и на грчката цивилизација” (Еncarta, цит. дело, наслов:  Cecrops). Како може некој да основа цивилизација за чие име никогаш во животот немал слушнато? Едноставно, во времето на Кекропс, етно­нимот “Грци” не постоел. Првиот митолошки прататко на Грци­те (Грек) се родил многу подоцна. Оттаму нејасно е и како може оваа митологија да биде наречена “грчка”, ако се знае дека според самата нејзина содржина грчкиот народ се појавил многу подоцна во однос на низа значајни митолошки настани.

         Впрочем  ова го признавале дури и некои од античките автори. Интересен е примерот што го наведува Платон. Во своето дело “Ти­меј” тој пишува дека атинскиот говорник и поет Солон (околу 640 - 560 пред Христа) бил во посета на Египет. Таму се срет­нал со некој египетски свештеник и обајцата почнале разговор околу појавата на првите луѓе. Солон му рекол на  египетскиот свештеник дека првиот човек (според митологијата) бил Форонеј и дека потекнувал од територијата на денешна Грција. На ова египетс­киот свештеник се насмевнал и му рекол:

           “О, Солон, Солон! Вие Грците секогаш сте како деца. Не пос­тои таков поим како што е “антички Грк!” (Egyptian Prest to Solon. Платон, Timaeus, 23б).

           Голем удел во оваа митологија имале и античките Македонци, за што ќе пишуваме во следниот број. (Извадок од книгата „Античко-македонското наследство во денешната македонска нација – прв дел фолклорни елементи) и од документарната емисија на англиски поставена на историскиот канал на You Tube: Aleksandar Donski History Channel.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.