Среда, 05 Јуни 2024   
МОРАЛНИОТ СУД – МАКЕДОНСКА ВИСТИНА БАРА СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ УСТАВОБРАНИТЕЛИ

1slavek3 СЛАВЕ КАТИН

Моралниот суд – Македонска вистина  е здружение на видни Македонци за одбрана на македонизмот, македонското име, јазикот, културата, религијата и постоењето на македонската нација како рамноправна ачленка меѓу народите и државите во светот. 

moralen sud Katin

Моралниот суд на Македонија е формиран во август 2022 година во состав: Ефтим Клетников, претседател и членовите Дардан Венетски, Сотир Костов, Цветан Гавровски, Нестор Огинар и Валери Стефановски, како народен суд против аморални антимакедонски акти на поединци и институции во државата Македонија и светот.

Инаку, претседателот на оваа значајна  македонска патриотска организација Ефтим Клетников е македонски поет, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач, познат во Македонија и пошироко. Исто така и другите членови на Моралниот суд се познати и признати  личности со патриоотски дух и продолжувачи на вистината за за Македонија кај идните генерациите..

Основна цел на Моралниот суд на Македонија е утврдување морална одговорност на носители на јавни функции за тешки кривични дела протрив државата Македонија и Македонската народ - велепредавство, геноцид и злосторство против човештвото.

Моралниот суд на Македонија првата морална пресуда ја изрече и обзнани на 10 мај 2023 во Скопје против Зоран Заев и Никола Димитров поради промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ.

Моралниот суд на Македонија втората морална пресуда ја изрече и обзнани на 12 октомври 2023 во Скопје против македонскиот дел од македонско-бугарската меѓувладина експертска комисија за историски и образовни прашања за ревизија на македонската историја, отфрлајќи ја нејзината работа како ништовна како антидржавна, антиисториска и антимакедонска.

Моралниот суд на Македонија при Македонскиот манифест на 30 мај 2024 година ја објави третата морална пресуда за бруталното и нехумано судење и драконските казни на лицата кои на 27 април 2017 година влегоа во Собранието во одбрана на Уставот и демократијата. Судот е на мислење дека ова е политички процес кој ги загрозува македонските национални интереси и угледот на земјата во светот

moralen sud Katin2

Така, Моралниот суд - Македонска вистина на својата седница одржана на ден 20 мај 2024 година врз основа на Основите, Целите и Правилата за организирање и функционирање на Судот, заклучи дека треба да донесе морална пресуда и јавно да го соопшти својот суд во врска со скандалозното и селективно обвинение и уште поскандалозното, селективното и нехуманото судење и осуда на 16 македонски патриоти, учесници во настаните од 27-ми април 2017 година.

Затоа, Моралниот суд - Македонска вистина  е на мислење дека ова е инкриминирано дело сторено од Јавното обвинителство и Судот во спрега со политички и полициски структури, заради создавање услови кои треба да овозможат остварување зацртани политички цели. Обвинението е подигнато од Вилма Русковска, а пресудата е донесена од судскиот совет на Кривичниот суд Скопје I со кој преседаваше судијата Добрила Кацарска.

Улогата на Моралниот суд - Македонска вистина е да расправа за суштината, значењето, околностите, последиците и нанесената штета врз македонската демократија, врз владеењето на правото и заштитата на правата на граѓаните. Потоа да се заштити загрозениот и повредениот автентичен национален македонски идентитет на целиот македонски народ, како и личното право на национален и личен идентитет на секој Македонец посебно.

Исто така, Моралниот суд се бори да се заштитат националните (колективни и лични) вредности од аморалните чинови и акти, кои во суштина се срамен идентитетски геноцид. Моралниот суд – Македонска вистина морално ќе ги осудува злоупотребите, пречекорувањата и неправилното извршување на овластувањата, должностите и одговорностите на носителите на државни и јавни функции.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.