Среда, 05 Јуни 2024   
ДУИ со закана за дестабилизација доколку не остане на власт!?

1Mane 3 copy copy

Мане Јаковлески

Министерот за правда во заминување Кренар Лога испратил писма до Делегацијата на ЕУ, до амбасадите на САД, Германија , Франција, Холандија и Белгија, до мисијата на ОБСЕ, во кое изразил загриженост за најавите на новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ И ЗНАМ дека подготвуваат пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории, Судскиот совет и Советот на јавните обвинители.

Најверојатно исплашени што ги чека, бидејки во јануари 2024 година, македонската влада доби допис од комесарката за човекови права на Советот на Европа  Дуња Мијатовиќ со кои се бара поништување на амнестијата за Хашките случаи. 

Барањето повторно да ги истражат четирите хашки случаи: „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“, како и можноста да се одговара за низа незаконски дејствија, предизвикува паника во раководството на ДУИ. 

По губењето на власта на последните претседателски и парламентарни избори, раководството на ДУИ стравува дека по повеќе од две децении на власт, за кое време никој од челниците на ДУИ не одговарал пред домашните судови, сега од опозиција нема да можат да влијаат врз судството. Поради тоа тие по секоја цена, па и со закани од дестабилизација на земјата, се обидуваат да останат во власта.

Мора во државата повторно да се воспостави правда за сите, да одговара секој кој го прекршил законот и не смее елитата да биде заштитата.

По најавената нова владина коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ, смета дека се прекршени Охридскиот договор и изборната воља на Албанците. По тој повод, во Тетово, беше усвоена политичка декларација за етнички изборен легитимитет, во кој се потенцира дека „Европски фронт“ има изборен легитимитет од нивните заедници да ги претставува и тој мора да се почитува од мандатарот.

Меѓутоа, преставувајќи се како гарант на Охридскиот договор и олеснувачи на Мајскиот договор „победник со победник“ кој ДУИ прв го прекрши, челниците на ДУИ забораваат дека нивната коалиција „Европски фронт“ е составена од партии на Албанци, Турци, Роми и Бошњаци, дека не го презентираат мнозинството Албанци во земјата и дека воопшто нема прекршување на Уставот и законите.

Уцената на челниците на коалицијата „Европски фронт“, со „политичко–територијална автономија на Албанците“ и промена на граници, ако не бидат дел од власта, спротивно од нивното име „Европски фронт“ претставува антиевропски чин, пат кон дестабилизација на државата и Балканот, кој за време на Руско-Украинската војна најмалку му е потребен на ЕУ и НАТО. 

Во текот на повеќе од дводецениска власт, народот имаше можност да види како и колку челниците на ДУИ се грижат за Албанците и за сите граѓани во Македонија. Празни села, сиромаштија, криминал во секое министерство, местење тендери, расипништво, руинирано здравство,... Секогаш кога ним им требаше, ги подгреваа етничките тензии, за кои цената ја плаќаше обичниот човек без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин, Влав, Србин, Бошњак, Ром и сите други без разлика на етничка, религиска и друга припадност.

Мора во државата повторно да се воспостави правда за сите, да одговара секој кој го прекршил законот и не смее елитата да биде заштитата. Време е да се одговара за корупцијата и криминалот во високите политички кругови,...Новата владина коалиција не смее да дозволи корупцијата и криминалот да продолжи да ја уништува државата.

Правда мора да има за сите, без разлика на нивната вера и нација, граѓаните во Македонија тоа го очекуваат, во спротивно сите ќе страдаме од неколкумина алчни политичари од ДУИ и СДС. Исто така, народот со право очекува на сите кои во минатото искрадоа се што најдоа, да им се одземе стекнатиот со криминал имот.  Само така ќе се исполнат очекувањата на граѓаните од идната владина коалиција!

Пораките на челниците на коалицијата „Европски фронт“, укажува дека дворската камарила на ДУИ, (клика која преку интриги влијае врз државните работи во своја корист) не работи само против интересите на ЕУ и НАТО, туку и против самиот албански народ и сите други во Македонија и пошироко на Балканот. Ваквите закани може да ги втурне Албанците во нова воена авантура полоша од 2001 година. Албанската заедница во Македонија не смее да биде заведена од неколкумина корумпирани челници од  ДУИ.

Место да облечеме чизми, униформи и да ги земеме „кубурите“, да си ги земеме нашите деца и внуци за раце, да го спречиме иселувањето, да изградиме праведно општество за сите. Во ниту една војна немало победници, сите на крај се губитници, а највеќе обичните граѓани!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.