Среда, 12 Јуни 2024   
По катастрофата на изборите, социјалдемократите незнаат кој пат да го фатат

DOOM - Kongres 2 copy copy copy copy copy

Македонска нација

По добивањето на мандатот за формирање влада, мандатарот Христијан Мицковски најави дека пред законскиот рок ќе биде составена новата влада. Главна цел на оваа влада ќе бидат реформите и подобрување на состојбите во здраството, образованието, економијата, земјоделството, енергетиката и т.н.  За таа цел на пленарна седница веќе поминаа измените на Законот за реорганизација на државната управа.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова на 6 јуни му го додели мандатот за формирање Влада на Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ и колацијата Твоја Македонија, која на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 мандати.

Рокот за формирање влада е 20 дена по доделување на мандатот. Меѓутоа, уште неформирана и не поминати ни сто дена, опозицијата не мирува. Соочени со внатрешни проблеми, опозицијата веќе ја критикува идната влада.

По катастрофата на парламентарните и претседателските избори, како и последичната оставка на лидерот Димитар Ковачевски, социјалдемократите незнаат кој пат да го фатат. Оставени без водач, тие како да итаат кон понор. Поради губење на позициите и привилегиите, како поради страв од пад во бездна, тие ја повторуваат истата реторика од времето на предизборието.

И додека ВМРО ДПМНЕ се обидува да изгради единство дотогаш приврзаниците и бизнис партнерите на Зоран Заев, гледаат како да дојдат на чело на СДС и како да го спречат развојот на државата.

За разлика од СДС досегашниот нејзин коалиционен партнер ДУИ, и покрај воинствената реторика,  се обидува да биде конструктивна опозициска партија. Откако било договорено да се формира ад-хок комисија која ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа (Претседателот на оваа комисија да биде на предлог на опозицијата), со поддржка на неколку пратеници од редовите на ДУИ беше изгласан Законот за реорганизација на министерствата. Така, новата влада ќе има 20 министерства, четири повеќе од досега.

Со овој закон се смета дека како „прво ќе се анулира паралелизмот на надлежностите на многу министерства, со што ќе се обезбеди функционалност и одговорност, второ ќе се (дис)лоцираат надлежностите во соодветните министерства, со што ќе се рационализира и ефектуира нивната работа, ... трето ќе се институционализираат нашите стратешки приоритети преку формирање соодветни министерства... и четврто, ќе се подигне нивото на општествената грижа за физичкото и менталното здравје на нацијата.“

Христијан Мицковски досега мирно ги остварува сите свои ветувања. Тој пакажува дека е вистински лидер, кој има знаење и моќ, за да го испорача она што му го ветил на народот. 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.