Среда, 12 Јуни 2024   
На 17 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбележи 34-тиот роденден

1Mane 4

Мане Јаковлески

 

По иницијатива на Драган Богдановски, пред 34 години, на 17 јуни 1990 година во домот на млади во Скопје се формира ВМРО-ДПМНЕ. Основната причина за нејзиното основање беше борбата за самостојна Македонија и стекнувањето на независност во деведесеттите години на 20. век.

Денес меѓу нас го нема идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски и многу други истомисленици кои се вложија во ВМРО и ВМРО-ДПМНЕ. Нивниот лик и дело живее во нас, нивниот Аманет ни дава сила да одиме само напред.

Слава им на сите кои се бореле за ВМРО, за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија!

Внатершната македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО ДПМНЕ) е конзервативна партија со демохристијанска идеологија. Таа е основана за време на процесот на дезинтеграција на Југославија. Името на партијата доаѓа од историската Македонска револуционерна организација основана во 1893 година, која се залагала прво за политичка автономија, а потоа за создавање држава на македонскиот народ.

Следејќи ги стапките на историското ВМРО, од првиот момент од формирањето, ВМРО ДПМНЕ застанува во одбрана на идентитетот и културата на македонскиот народ. Таквиот став на ВМРО ДПМНЕ ќе доведе до осамостојување на државата на 8 септември 1991 година што беше спротивно на заложбите на поранешните комунисти (СКМ – ПДП), денешни социјалдемократи СДС.

Во текот на 34 години самостојна држава, социјалдемократите се откажаа од знамето, од македонскиот народ кој живее во соседните држави, го сменија името, ја направија земјата двојазична и почнаа да тргуваат со историјата, јазикот и културата на македонскиот народ. Потпишаа два штетни договори, Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија, кои задираат во националните интереси на македонскиот народ и македонската нација.

ВМРО-ДПМНЕ 34 години е на браникот на одбрана на македонскиот идентитет, за разлика од СДС чии челници за личен финансиски интерес тргуваат со нациналните интереси, како да се пиперки и друг зарзават од нивите во Срумичко. За време на владеење на коалицијата СДС и ДУИ Македонија стана обезличена, со зголемен степен на корупција и криминал.

Многу успеси и падови, надежи и разочарувања во денешната триесетичетиригодишнина на ВМРО-ДПМНЕ. Период во кој најголемата и највлијателна македонска политичка партија мина низ многубројни премрежиња и преживеа крупни трансформации. Настаните оставија длабоки траги не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку имаа големо влијание и врз Македонија.  И така на Македонија и е судена а на Македонците  им стана судбина ВМРО.

Македонскиот народ на последните избори се обедини и масовно ја даде својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и идниот премиер на Македонија Христијан Мицкоски, кој треба да ја врати Македонија на правиот пат и да ги продолжи светите идеали на нашите претци.

Оваа млада генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ успеа повторно да го воздигне нашето ВМРО-ДПМНЕ, да му даде нов елан, Македонецот да верува во него, како на единствена политичко-идеолошка матрица која го штити неговиот опстој и развој.

Денес еден здрав корен е на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е  прво горд Македонец, а потоа лидер  на партија, но и чесен и достоен граѓанин на денешна Македонија, за која тој цврсто стои на земјата и лавовски се бори и ја води ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Претседателот Христијан Мицкоски, ИК, ЦК, Пратениците, Градоначалниците, УВ, УМС, УЖ и Патриотскиот Институт сплотени како никогаш до сега, се гаранција Македонија повторно да биде Горда!

Македонија ќе постои затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е само партија, ВМРО-ДПМНЕ е идеологија!

Среќен да е 34-тиот роденден ВМРО-ДПМНЕ!

Вечно да е ВМРО-ДПМНЕ!

Вечна да е Македонија!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.