Среда, 19 Јуни 2024   
Идната Влада на чело со Христијан Мицкоски е гаранција Македонија да биде повторно Горда!

1Mane 4 copy

Мане Јаковлески

На 17 јуни 1990 година беше основана  партијата ВМРО ДПМНЕ. Во текот на 34 години, партијата имаше успони и падови. Денес, младата генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ успеа повторно да го воздигне ВМРО-ДПМНЕ и да му даде нов елан. Македонецот да верува во партијата, како на единствена политичко-идеолошка матрица која го штити неговиот опстој и развој.

Македонецот денес верува дека ВМРО ДПМНЕ ќе успее да ги заштити националните и државните интереси начнати за време на владеењето на СДС и ДУИ. Тој е свесен дека треба време да се поправат политиките за растурање на македонската држава.

Зоран заев е човекот од кој започна катастрофата на Македонија, човекот одговорен за низа матни зделки и распродажба на националните и државни интереси. Денес, наместо да одговара за предавставата, сеуште продолжува да дава изјави кои ги поткопуваат позициите на македонската држава.

Од појавувањето на политичката сцена, јавноста во повеќе наврати можеше да го види правото лице на наизглед невиниот Зоран Заев. Поради злоупотреба на службената должност тој како градоначалник на Струмица за случајот „Глобал“ беше осуден и аболициран од тогашниот претседател Бранко Црвенковски. Потоа беше фатен жив на дело како бара пари за мито. Но со неказнивоста на овој чин тој даде пример и ги отвори вратите за високата корупција.

Уште кон крајот на 2008 година, кога Заев стана вд претседател на тогаш опозициската СДСМ, тој најави дека Македонија треба да ја свитка кичмата во спорот со Грција за уставното име. Па, откако постана премиер во 2017 година започна со урнисувањето на земјата. Иако се колнеше дека нема да дозволи промена на името, на 17 јуни 2018 година, во селото Нивици беше потпишан Преспанскиот договор, со кој противуставно беше сменето името.

Секој обид  да се спречи Заев во растурање на македонската држава беше неуспешен. Така Македонија стана единствена држава која има сеуште политички затвореници, осудени за нешто што не сториле. Уставобранителите беа осудени за наводно терористичко  загрозување на уставниот поредок по Упадот во Собранието на 17 април 2017 година.

Иако по локалните избори во 2021 година, Зоран Заев си даде оставка, се до парламентарните избори оваа година, се спроведуваа неговите политики, кои овозможија процвет на корупцијата и криминалот, а го доведоа македонскиот народ и државата во потчинетост. Во период од 2017 до 2024 година се направени речиси непоправливи грешки.

Новата Влада која ја најави Претседателот Христијан Мицкоски, има тешка задача да се справи со последиците од претходната влада на ДУИ и СДС

Народот масовно, незадоволен од предавничката политика на СДС и ДУИ, ја даде довербата на ВМРО ДПМНЕ и очекува новата Влада да го поправи катострофалното владеење на корумпираните и антимакедонски функционери и со право очекува, сите кои заради лични интереси и криминал ја опустошија Македонија, да одговараат.

Ние Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ-Верните на Организацијата, имаме порака до сите идни функционери во идната Влада на РМ, немојте да дозволите да Ве победат парите.

Немојте да се посрамите прво Вие самите, исто така немојте да го посрамите Претседателот и иден Премиер на Р. Македонија Христијан Мицкоски, членовите на ИК, ЦК, Ветераните, УМС, УЖ, Патриотскиот и на крај немојте да го разочарате напатениот горд македонски народ.

Работете чесно и поштено и бидете горди на функцијата која Ви е доверена. Работете чесно да се гордееме сите со Вас. Работете Македонија да биде повторно горда, како што ветувавме за време на предизборната кампања.

На крај, му честитам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Премиер на Владата на РМ Христијан Мицковски, за со мудрост избраните кандидати за Министри во новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Идната Влада на Македонија на чело со Христијан Мицкоски е гаранција Македонија да биде повторно Горда!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.