Среда, 26 Јуни 2024   
Македонска нација: Честитки за Премиерот и сите избрани Министри

Vlada-Micskoski-2024 copy

Македонија доби влада која ќе работи за народот!

Во неделата беше избрана новата Влада предводена од Христијан Мицкоски. 77 пратеници гласаа „ЗА“, а 22 гласаа „против“.  Против новата Влада, која ја сочинуваат коалициите на ВМРО ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, гласаа пратениците на СДС и Левица.

Со изборот на новата Влада, во историјата заминува најлошата, најкорумпирана Влада, која ја имала Република Македонија од осамостојувањето до денес. Сега веќе поранешна, Владата на СДС и ДУИ остави хаос во секој сегмент на општествениот живот (распаднати институции и празни каси).

 СДС и ДУИ упорно работеа  да не`нема, да ни го срушат достоинството, гордоста и најлошо од се` со своите глупости и`го извалкаа името и идентитетот на нашата Македонија.

Со формирањето на новата Влада се порази неспособноста, незнаењето, ароганцијата, вазалноста и штетноста од владеењето на една дружина, чии карактеристики, станаа матрица на однесување на целокупната владеачка гарнитура. Со формирањето на новата Влада македонските граѓани ставија крај на криминалната и антимакедонска дружина..

Македонскиот народ, кој му ја даде довербата на коалцијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, со право очекува од новата Влада брзи резултати во битката со корупцијата и криминалот, во покачување на стандардот на народот и достигнување на европските вредности, но и враќање на образот кој СДС и ДУИ лесно го извалкаа.

Македонскиот Народ заслужува подобра и поубава иднина.

Подобра и поубава иднина ќе ја понуди новата Влада на чело со Премиерот Христијан Мицкоски. Новата Влада нема да работи  за интересите на одредена елита како што беше до сега, ќе работи за интереситре на целокупниот македонскиот народ.

Така да, уште од првиот ден по преземањето на функциите, кабинетот на новата Влада, започна со работа за да се санираат штетите кои беа направени на државата во изминатиот период.

Во склад со очекувањето на народот, во завршното обраќање пред гласањето за Владата, Премиерот Мицкоски најавувајќи намалување на даноци, зголемени пензии, нови странски инвестиции, фронт против корупцијата и меѓудругото ќе рече: „Во првите сто дена ќе ги подигнеме стандардите, макотрпно ќе работиме, ќе се грижиме, државата ќе се менува“.

Новата Влада предводена од Мицковски не размислува на неуспеси и порази.

Таа е спремна да се фати во костец со преблемите и да ја ресетира државата. И за таа цел, како што се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ „следи нова инвестиција од 450 милиони евра, потоа многу капитални инвестиции, инвестиции во информатичката технологија, конкурентен и силен приватен сектор кој ќе работи во поволна и предвидлива економска клима, нови работни места, поголеми пензии, стабилен економски раст, инфраструктурни проекти  во висина од над 2 милијарди евра во време на мандатот, 1 милијарда евра поддршка за општините, проекти во образованието, здравството и земјоделието.“

За сите тие дела треба време и многу работа, посветеност и чесност.

За таа цел тимот на премиерот Мицкоски во наредните 4 години, мора да го исполнат ветувањето: „Македонија да се смени на подобро, за да стане земја на просперитет, правда и надеж за сите. Македонија ќе биде повторно горда и за секој еден од граѓаните.“

 Честитки на новиот Премиер на Владата на Р. Македонија Христијан Мицкоски и до сите избрани Министри

DOOM - Kongres 2 copy copy copy copy copy copy copy

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.