Среда, 26 Јуни 2024   
Ламбе Арнаудов: Глупоста е привилегија на предавниците

1Lam1 copy copy

Ламбе Арнаудов

Деновиве, очајнички крик на тешко поразените, толку е тивок што воопшто не може да се чуе, од заглушувачката радост и среќа на народот кој го прославува ослободувањето, од тешките стеги на ненародната гарнитура на власт, што до таа мера го имаше окупирано духот на македонскиот граѓанин.

СЛОБОДА! - Чувство, кое заради своето место што го зазема во човечката душа, често и не може да се контролира. Тоа е изблик на помешани чувства од надеж, радост, гордост, убавини, среќа, солидарност, управување со сегашноста, верба во иднината, но исто така постојана будност да не се повтори старото.

Шепотот на поразените и понатака продолжува, да ги вознемирува, понижува, деградира и мрази своите сограѓани заради нивната исконска желба за СЛОБОДА во која креативноста како функција што произлегува од неа, го прави човечкиот дух илјада пати посилен, попродуктивен, но исто така со зајакнат имунитет да вооружи и успешно одбрани од сите ваши лаги и манипулации и да не дозволи враќање ретроградни декадентни состојби во кои ќе доминирате, вие предавниците со вашата основна привилегија и “вредност“-глупоста.

ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата и граѓаните, ве победија, тешко ве поразија и токму тоа го направија што, малу фалеше, да биде загубено за навек и ја вратија во нашите недра

МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ТВОЈА од   сега понатаму и за век и веков да биде така.

Преторијанците кои го бранат народот, татковината и семејството, трите најважни битија на човештвото, уште еднаш и по којзнае кој пат и каде не, на земјинава топка, докажаа дека се непобедливи, но и дека се на вистинската страна.

Колективната меморија, дух и ум на народот е секогаш надмоќна врз вашата злоба, завист, евтини игротеки и кич театри што им ги приредувавте  на народот.

Запрете! Ова се луѓе од Господ создадени, ТОЈ им подарил живот за да се радуваат и го организираат според сопствените убедувања и потреби, секако не на штета на останатите или подјадување на заедничкото општество во кое има место за сите и еднакви стартни позиции за секого.

Заборавате дека не сте над останатите, туку сте со сите еднакви и рамноправни.

Дајте шанса на праведниците.

Култната реплика од еден филм со моќно сценарио и врвни уметнички ликови сé кажува за вас: “Пеесет милиони години според (вашата комунистичка доктрина) биле потребни за мајмунот да стане човек, вам комунистите ви беа доволни пеесет години од човекот пак да направите мајмун.“

Ако ви е убаво да бидете во такво окружување и ако таму чувствувате дека припаѓате и уживате, немам ништо против.

Но не, немој да правите “мајмуни“ од македонските граѓани, тие се украс, бисер, цвет, совршена интеграција на најубавите човечки духовни и телесни вредности, но исто така и чест, совест и вечна борба на македонскиот народ.

Откажете се од однапред изгубената битка. Најтешко се губи тогаш. А, војната никогаш нема да ја добиете.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.