Среда, 10 Јули 2024   
Долгот на македонската интелигенција

DOOM - Kongres 2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонска нација

„Кога еден народ, една земја има голем број „интелектуалци“ кои на секој можен начин гледаат да ја искористат својата официјална и општествена положба, своето знаење и учење само за своја лична корист, и кога мнозинството од интелигенцијата во еден народ е лишена од морал и општествено чувство, во неа цвета погубната демагогија, расцепувањето на народните сили и внатрешните борби кои неминовно водат кон економско и политичко ропство...“ – пишува д-р Владимир Руменов во својата статија "Долгот на Македонската Интелигенция", објавено во весникот. "Независима Македония", бр 162, Софија, 1926 година.

Македонската интелегенција започна да се формира од средината на 19 и почетокот на 20 век, додека Македонија беше во рамките на Отоманската империја. Поинтензивно таа се формира по втората светска војна. Речиси осум децении во рамките во Југославија и три дццнии по осамостојувањето, македонската држава вложува во создавање на македонската интелигенција.

Свесни, како што вели Руменов во својата статија, дека  „тоа е интелектуален капитал на кој се должи благосостојбата и слободите на еден народ...“,  македонската држава и родителите вложија големи средства за основно, средно и високо образование. Водени од националните чуства, тие ги вложија тешко заработените пари за  облека, учебници, пенкала, тетратки, книги и други разни помагала. 

Како што ќе напише тогаш Руменов: „И од сето ова произлегува дека вашата интелигенција, вашиот статус и положбатга во општеството се должи на работата на нашите татковци, нашите родители, на работата на свесниот Македонец...Неспорно е дека вашата интелигенција се должи и на тоа што природата ве обдарила со жив ум и силна љубопитност, но не смее да се заборави дека овие ваши дарови и квалитети би останале мртви, би останале едноставни, неуки и немаше да бидеш тоа што си сега“ ... без да се имаа потребнуте средства за учење, без да се  имаше потребната книга, без потребните помагала и без револуционерната борба за слобода.

Во таков случај кога толку мнгу се вложило во секој од нас тогаш навистина треба да помислиме кога своето знаење и умешност во животот го користиме само за своја лична корист. Зарем не се сфаќа дека сме должници и злонамерници кога постапуваме нечесно кон родителите и државата.

Ваквиот однос на интелигенцијата штетно влијае врз државата.  Како што ќе потенцира д-р Владимир Руменов во својата статија: „народите и државите исчезнаа главно од три суштински причини - поради физичка, морална и национална дегенерација...“

Особено во последните години од владеењето на СДС и ДУИ, кога се дозволи да процвета корупцијата и крилиминалот, беа создадени услови и за физичка, морална и национална дегенерација Тоа предизвика масовно иселување на интелигенцијата, а Македонија беше доведена на работ на исчезнување.

Како што вели ДР. Руменов: „Кога еден народ, една земја има голем број „интелектуалци“ кои на секој можен начин гледаат да ја искористат својата официјална и општествена положба, своето знаење и учење само за своја лична корист, и кога мнозинството од интелигенцијата во еден народ е лишена од морал и општествено чувство, во неа цвета погубната демагогија, расцепувањето на народните сили и внатрешните борби кои неминовно водат кон економско и политичко ропство...“

Сепак со доаѓањето на власт на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, треба да се стави крај на ваквите тендеции. Сега државата треба да создаде услови за интелигенцијата за да таа остане дома и да го врати долгот кон неа и родителите.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.