Сабота, 13 Јули 2024   
Ламбе Арнаудов: НА НОЖОТ И САМИТОТ НА НАТО

1Lam1 copy copy copy copy

Употребата МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКИ, МАКЕДОНСКО, МАКЕДОНСКА... не им штети ниту на народот, ниту пак татковината и/или на нејните стратешки пријатели, освен на предавниците што ја продадоа.

Каква врска има Епопејата на НОЖОТ со Самитот на НАТО?

Има.

Еве каква:

Време пост илинденско.

Отоманската империја обременета, истоштена, нефункционална и со делумно контролирани состојби на голем број од териториите запоседнати од минатото, охрабрува многу народи да обноват или  ново создадат самостојни суверени држави преку буни, востанија и секаков друг вид на отпор, но и преку дипломатски засилени активности.

Ќе ми простат некои историчари или аналитичари за успешноста или пак постигнатите цели на ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ и нивното толкување, но лично мислам дека оваа епопеја од македонското национално и ослободително движење има историски голем придонес и значење во општата и еруптивно јасно изразена желба на многу народи, меѓу нив и македонскиот за формирање и организирање сопствени самостојни држави.

Сé повеќе беше јасно и како никогаш дотогаш македонскиот народ не бил толку блиску до конечно остварување на својот многу генерациски светол сон.

Ваквата геополитичка и стратешка состојба на Балканот веднаш ги пробуди и ги раздвижи големо националистички и асимилаторски процеси од традиционалните, умислени полагачи на правото да ја грабнат територијата и го прогласат народот за свој.

ВМРО организирано и војнички политички се става во акција да ги спречи овие негативни погубни процеси, така што ги организира своите борци, комити и војводи, во разоткривање и елиминирање на носителите на ваквите валкани игри.

За таа цел во 1906 и 1907 година во делот на Прилепскиот, Кавадаречкиот и Демир Хисарскиот регион успешно се справува со ваквите негативни дејствувања на големогрчките и големосрпските  асимилаторски аспирации. Во оваа мошне значајна во тој момент и круцијална борба учествуваат околу 200 борци со огромен успех во извршувањето на поставените задачи.

Се наѕираат позитивни решенија и исходи за МАКЕДОНИЈА со оглед дека се ближеа годините на промени 1908 и 1909 година.

Спрегата помеѓу носителите на асимилаторските процеси и домашните предавници доведе до силен одговор од страна на турската ПОРТА, и со голем број ангажиран аскер, четите биле принудени да се повлечат.

Една чета организирана од млади комити од Костур го запоседнала врвот НОЖОТ и се подготвила за одбрана. Кога турскиот командант на комитите им порачал да заминат и да се куртулат на чистата западна падина, тие одговориле:

“Ние дојдовме да се бориме и да загинеме, а не да бегаме.“

Така, сите 67 млади Костурчани го положиле својот живот на олтарот  на татковината во една од најепохалните битки во пост илинденскиот период, на 14 јули 1907 година.

Што е овде најинтересно?

Сите чети биле од МАКЕДОНЦИ, немало Вардарци, Пиринци, Егејци, многумина меѓу себе не се познавале, а биле од цела МАКЕДОНИЈА и од Костур и Џумаја и Прилеп, Сер и единствен знак на распознавање им била нивната заедничка цел – МАКЕДОНИЈА.

Факт е дека до 1913 година имало само една МАКЕДОНИЈА од 77.741 квадратен километар, со доминантно население МАКЕДОНЦИ, и на дофат на остварување на целта СЛОБОДА за МАКЕДОНИЈА што со многу суровост, итрина и расипаност беше попречена од нашите традиционални непријатели.

На душманите СРАМ!

На КОСТУРЧАНИ СЛАВА!

2024 година, од 9 до 11 јули, Самит на НАТО по повод 75 години од формирање.

Ист театар, исти сценаристи, режисери, глумци – различна публика и за среќа овој пат голем број пријатели на МАКЕДОНИЈА.

Пријатели и разбрани луѓе и политичари, кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ на чело со премиерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ со својата конструктивност, апсолутно прогресивна политичка платформа збогатена со нови димензии во надворешната политика и заштита на националните интереси, што како функција што произлегува од константата ќе донесе значаен сигурносно безбедносен квалитет на југоисточното крило на нашиот заеднички безбедносен систем во кој и ние исправени ќе се чувствуваме сигурни.

И додека однесувањето на Премиерот и нашата делегација никому не сметаше, уште помалку налути, освен Грција, проработија кај нас во МАКЕДОНИЈА душегрижниците “реформираните комунисти-националисти“ кои што главна цел им е да не дозволат ништо убаво да не се случи на нашата држава и народ.

Викате, цвичете, се прпелкате, се пенавите, ама доигравте, немате гориво, снабдувачите ве препознаа и ви ги секнаа доставите.

За ваше знаење. Со ВМРО и сега со ВМРО-ДПМНЕ тешко се постигнува договор, особено кога се работи за македонските национални интереси.

Но, кога ќе се постигне договор, се почитува додека трае.

А не како нашиот сосед Грција кои пред педесетина години ги затворија и ги бркаа НАТО базите од нивните геостратешки територии и позиции и тоа за пари. Ете толку од нивната лојалност кон партнерите пријателите.

МАКЕДОНИЈА не ги заборава своите но и пријателите.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.