|
|
ДУИ уценува со поделба на земјата |
Свекрва Неодамна еден од авторите на Рамковскиот договор, Aмериканецот Пол Вилијамс, бил ангажиран од ДУИ за дефинирање на законски или уставни измени за спроведување на т.н. Мајски договор, односно барањето на оваа партија за озаконување на принципот на коалицирање победник со победник. Неколку дена потоа, медиумите информираа дека опозициската ДУИ заедно со експерти разгледува модели по примерит на Северна Ирска и Белгија за поделба на Македонија по региони. По повеќе од две децении од воениот конфликт во 2001 година, откако Рамковниот договор е имплементиран во уставот, ДУИ откако ја изгуби власта говори за поделба на земјата. Причината е поради можноста дел од раководството на ДУИ да одговараат за корупција и криминал. Тие за да се заштитат, сега сакаат по секоја цена да станат дел од власта. Затоа тие се закануваат дека ќе го нарушат унитарниот карактар на земјата. Всушност, ДУИ се обидува да уценува, или да биде дел од власта или ќе работи на поделба на Македонија. Но, овие закани во јавноста не се сфаќаат серизно. И премиерот Христијан Мицкоски ќе каже: „сѐ ова останато, јас, простете, го сфаќам како обид да се заштити криминалот. И сѐ додека вака настапуваат, нема да наидат на сериозност никаде“ Односно ДУИ бара ако неможе да краде на централно, барем да може да делува на регионално ниво. Така, поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини пак ќе искоментира на Фејсбук дека „Досега Македонија ја крадеа како целина, во иднина, според платформата на Пол Вилијамс, ќе ја крадат по региони“. За веста дека експерти разгледуваат два модела со кои се предвидува територијална поделба по региони, портпаролката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева вели: „Македонија е членка на НАТО и членството таму значи исполнување на критериумите на кои работеа неколку влади. За ВМРО-ДПМНЕ не е прифатлив рекетарскиот принцип што го применува ДУИ и тоа е „ако не сме во Влада да крадеме, тогаш ќе правиме етнички прашања и поделби. Потсетуваме, ДУИ до пред месец и половина беше на власт заедно со СДС и тогаш на Али Ахмети не му беше важна регионалната поделба на Македонија, колку беше важно „Арберија“ да ги добие тендерите на Артан, внукот на Али да ја купува Соравија, или пак фирмите подизведувачи на Бехтел и Енка да се истите од Зајас или блиски до ДУИ. Тогаш на Ахмети не му беше важно ништо од ова.“ Овие т.н. дурдеџии на 21 век, денес сакаат по секоја цена да ги сочуваат позициите и имотите на челниците на ДУИ. Тие сакаат да склучуваат договори какви никаде во светот нема. Односно барањето на оваа партија за озаконување на принципот на коалицирање победник со победник. Тоа е договор за исплата на класичен рекет, со цел да се сочува мирот. Тоа се договори со кои малцинството владее со мнозинството. Со оглед дека ова е само почеток на однесувањето на ДУИ, откако стана опозиција, по одморите се најавуваат протести, кои лесно можат да излезат од контрола ако не се превенираат. Албанската заедница која сака мир и просперитет треба да му стави крај на комфликтното однесување на ДУИ. А како што ќе изјави Митева: „ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за решенија за подобар живот на луѓето и за одржување хармонија и квалитетни односи засновани на решени проблеми, без поделби и конфликти.“ |