|
|
На колку држави е разделена Македонија ? |
Александар Џеповски Дале е разделена на 3, 4, 5 или повеќе делови ? Поточно кажано, на колку континенти е разделена Македонија ? Најмалиот сегмент од Македонија е она со Вардар, Егеј и Пирин, делот во Албанија ама и тука не се вклучени Ематија, северно до Дунав, Средец па се така до Анадолија преку Измир ... Што се однесува до континентите тоа се Европа, Азија и Африка иако има место и за другите континенти откриени од Македонските морепловци илјадници години пред Христа. доколку реално Ватикан ги отвори картите, цела планета се вртела околу Македонија и не е случајно што се развиле такви личности како Александар, Филип, Клеопатра, Херкул, Ахил, Орфеј и многу други во склоп со Македонските Богови како Зевс, Свети Илија ( а за Исус наскоро ќе отвориме тема ) . Вредно е да спомнеме дека во подрумите на Ватикан се крие и една голема тајна а тоа е дека Македонците со помош на големи телепатии преку мозокот можеле и неколку тони камени да ги подигаат и пренесуваат и така ете се создавале Пирамидите низ цел свет. Исто така за потенцирање е и дека Македонската библиотака во Александрија во која се запишале сите тајни на човештвото не била изгорена туку украдена и префрлена во Рим и се разбира во Ватикан. Македонија била центар и почеток на светот па ете дури и рајот се мисли дека бил околу Воден според описот на природата и водопадите. Светот не би бил она што е денес ако не беше Македонија. ДО КОГА НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ БИДЕМЕ СЕИРЏИИ И ЌЕ ИГНОРИРАМЕ СЕ ОНА ШТО ГОСПОД УШТЕ ОД ПОЧЕТОК ГО СОЗДАЛ СВЕТОТ ПРЕКУ МАКЕДОНИЈА И ДАЛ БЛАГОСЛОВ ДА БИДЕ ВОДИЛКА НА ЦЕЛА ПЛАНЕТА ? КОЛКУ Е ЖАЛОСНО ШТО СМЕ ДОЈДЕНИ ДО ОВА ДЕРЕЏЕ И САКААТ ДА НЕ ЕЛИМИНИРААТ, СЕ РАЗБИРА АКО ИМ ДОЗВОЛИМЕ ИЛИ АКО ГОРНИОТ ДОЗВОЛИ. МАКЕДОНИЈА ПОСТОЕЛА, ПОСТОИ И ЌЕ ПОСТОИ. АМИН !!! |