|
|
Ламбе Арнаудов: МАЈСТОРОТ И КАЛЏИЈАТА |
Ламбе Арнаудов Во некои си тешки времиња, живеел и работел некојси благороден човек, врвен мајстор градител. Сочувствувајќи со тешките состојби на своите муштерии, иако правел врвни дела со своите вешти раце, наплатувал за своите услуги премногу скромно, евтино, само колку да ги покрие трошковите и да преживее, достоинствено и чесно. Во тајфата имал и еден млад, помалу бунтовен, калџија, кој што се пожалил на мајсторот велејќи му: Зошто? Кога исто работиме ти земаш повеќе пари од мене? Одговорил мајсторот: Нормално, затоа што знам многу повеќе од тебе. Не е точно, рекол калџијата, сé што ти знаеш, знам и јас. Тогаш, мајсторот од џебот извадил едно јајце и побарал калџијата да го застане на врвот од дршката на лопатата со која работел. Тоа е најлесно, одговорил и почнал да се обидува да го стави каде што од него било побарано. Врти, штури, лево, десно, никако не му успевало и на крајот се предал и рекол дека тоа никој на овој свет не може. Мајсторот му ја земал лопатата и со мистријата што ја имал во раката нацрпил од калта, ја ставил на дршката и потоа во калта го насадил многу лесно јајцето. Следувала глупава реакција од калџијата: “Така секој може.“ Да, може, ама требаше да знаеш. Е, па почитувани калџии, тука е разликата! Денес, МАЈСТОРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, заедно со својата ТАЈФА исто така вредни мајстори, за само триесеттина дена ви покажа на вас калџиите како се става здрав темел, како се обновува, гради од корен, проширува, надградува и доградува систематски по ред, почитувајќи ги законите на неговото величество ПРИОРИТЕТОТ, се назира чврста, неуништлива, комфорна и комотна, среќна и бериќетна градба, топол дом за секој поединец во општеството. Уникатна градба, сигурни темели, чврсти столбови, носечки дебели и непробојни ѕидови, сето тоа направено од најскапоцени материјали со восхитувачки фасади и безбедни кровови.
Лесно, без многу триење, без барање на алиби, за понекоја тешкотија по пат, со огромна верба во себе дека тоа што го прават е вистинското, бесплатно за народот, а во корист негова, и безгранична љубов, сигурно без застој и забрзано НЕИМАРОТ и неговата ТАЈФА (читај ВЛАДА) го исполнуваат сонот на македонскиот граѓанин, што со вас калџииите беше претворен во морбиден кошмар, од кој секој граѓанин се будеше испотен со тешки главоболки и неизвесна иднина за него, за неговото семејство, за својот народ и саканата и единствена татковина, цели осум (8) години. И повторно, за само 30 дена ви докажаа, на вас калџиите, дека нашата МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЕЦОТ, нивната пот, нивната крв, нивните страдања, не се за мешање кал. Ја заглибивте татковината и народот во длабока кал до гуша. Згора на тоа се радувавте, уживавте и бесрамно онаниравте врз обидите да се извлечеме од калта. Жилави сме истрајни, ние МАКЕДОНЦИТЕ, иако ни подготвивте густа и длабока кал, знаевме дека ќе се извлечеме. Вербата ни е голема и света ни е целта. Се исчистивме, дебелина од калта што ја фрливте врз македонскиот народ. Калта се мие, непрокопсани вие калџии. Образот не се мие! Вас, кои и напакостивте на Македонија, генерации и генерации, ќе ве препознаваат граѓаните по валканиот образ со вечно закоравена и неизбришлива кал. Што и да кажете, како и да се правдате, колку и да злоба фрлате, не ви поминува. Калта од долу и таму останува на дното. Светлината е од горе, заедно со топлината, нејзината сестра и вечна сопатничка, го осветли патот и ја стопли душата на МАКЕДОНЦИТЕ. Калџија куќа не прави! МАЈСТОР СÉ ПРАВИ, И КУЌА И ДРЖАВА НА СРЕЌНИ ЛУЃЕ! Тоа го знаете и вие калџиите, ама злобата ви е поголема од духот, па затоа не признавате ами завидувате. |