Среда, 31 Јули 2024   
Македонија одбележува 121 година од Илинденското востание и 80 години од АСНОМ

1Mane 4 copy copy Мане Јаковлески

Оваа година покровител на прославата „Десет дена Крушевска Република“ е Премиерот на Владата на Р. Македонија Христијан Мицкоски.

Македонија одбележува 121 година од Илинденското востание и 80 години од АСНОМ

Под слоганот „Борбата трае“ годинава се одбележува еден од најголемите македонски национални празници, 2 Август – Денот на Републиката. На 2 август се одбележува 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, кога се удрени темелите на македонската држава.

На Илинден 1903 година македонскиот народ се крена за да ги скине ропските синџири. Илиденското востание беше дело на Македонецот, кој се крена на вооружена борба против Отоманската империја, вековниот поробувач. Востаниците храбро се бореа против 300.000 турска војска. Востанието не успеа зошто македонскиот народ беше сам без сојузници.

Востаниет кое започна на Илинден, сепак не беше само стихијна пројава на вољата за слобода. Тоа беше борба за слобода и создавање на Македонска народна демократска република. Така се создаде Крушевската република, која постоеше само 10 дена. Владата на Крушевската република  на чело со Никола Карев прогласи полна равноправност на сите националности во Македонија. Во прогласот испратен до турското население во Крушево и околија се вели:

„Ние не кренавме пушка против вас, тоа би било срам за нас. Ние не кренавме пушка против мирниот трудољубив народ што се прехранува како нас со крвава пот... Ние ве жалиме како наши браќа, бидејќи и вие сте робови на ефендијата, на пашите, на беговите и на силните....“

Такви демократски сфаќања имаа македонските борци пред 121 година, кога започна Илинденската епопреја. Тоа што македонскиот народ го зашочна со вооруженото востание во 1903 година, идеалот за создавање на сопствена држава, го оствари со антифашистичката  борба во текот на Втората светска војна.

Следејќи го исцртаниот пат од Гоце Делчев, апостолот на македонската револуционерна борба, македонскиот народ ја започна втората славна ослободителна епопеја во 1941 година.  Таа имаше среќен крај. Во антифашистичката борба Македонците го уништија фашистичкиот окупатор и ги удрија темелите на македонската држава.

Пак на Илинден – 2 август 1944 година, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, уште не стевната борбата, се одржа првото Антифашистичко собрание на Народното ослободување на Македонија (АСНОМ) и се прогласи во присуство на воени преставници од Англија, Америка и Главниот штаб на Југославија, Македонската народна република. Инаку советските делегати беа спречени поради воената ситуација да дојдат на време. 

Така македонскиот народ излезе на полето на културниот натпревар на народите и ги стави своите сили во изградба на меѓународниот мир и соработка. Таа политика, прво во рамките на југословенската федерација, продолжи и по осамостојувањето во 1991 година.

Меѓутоа, денес кога одбележува 121 година од Илинденското востание и 80 години од АСНОМ, македонскиот народ се соочува со нови предизвици. И покрај доприносот на македонскиот народ на меѓународната сцена, сеуште постојат сили, дома и во соседството, кои го негираат името, јазикот и културата на Македонецот.

453478338 497839755965189 743269140871689953 n

Затоа, борбата не е готова. Таа сеуште трае и ќе се одвива до конечна победа.

Да ни е честит и вековит 2 август – Македонски Илинден

АМИН!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.