|
|
Александар Џеповски: Илинден е најголем и најсвет Македонски празник |
Илјадници години ако не и десетици илјади години, Илинден е најголемиот Македонски ден и симбол на Македонија. Не случајно сите најголеми работи и од најголеми причини се одбираа да бидат на Илинден, денот на кој Македонците знаат дека им е приклонет и наменет само за Нас Македонците. Самиот збор ИЛ значи сонце а Илија е име за маж како и Илинка за жена, имиња присутни од памтивек кај Македонците. Свети Илија е единствениот кој со своето тело и до денес живее горе на небото и се смета дека е чувар над Македонија. Исто така да не заборавиме дека од ИЛ и Илија се именувани ИЛИРИТЕ и затоа до денес се разбираме со нив и сме браќа иако некој шири лажни пропаганди и се китат со туѓи перја односно со наши перја. Битката кај Херонеја во која Филип и Александар ги сотреа атињаните и нивните сателити е само една од низата битки започнати и добиени, се така до Крушево 1903 и АСНОМ 1944. Ибришани се и многу други добиени војни на Илинден ама за тоа ќе оставиме место на компетентни лица да проверат и укажат на тие светли но заборавени или поточно кажано забранети моменти. Драги Македонци, не треба многу да трошиме време за овие прекрасни моменти од Македонската историја на овој ден Илинден. Сега е најважно секој Илинден да биде патоказ како да го избркаме душманот од Македонија затоа што има невини браќа осудени за тероризам кои на мува не згазнале. Ова е знак дека некако полуневидливо сме окупирани и чумата да ја истераме а браќата-УСТАВОБРАНИТЕЛИ да ги ослободиме. Затоа овој Илинден да го посветиме на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, новите Илинденци! ГОСПОД НЕКА Е СО УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, И СО СИТЕ МАКЕДОНЦИ! ГОСПОД ДА ЈА ЧУВА МАКЕДОНИЈА, СО АМАНЕТОТ ОД ОВОЈ СВЕТОЛ ДЕН, ИЛИНДЕН! Браќа и сестри, Нека ни е честит Македонскиот Илинден! АМИН !!! |