Среда, 07 Август 2024   
Односот на Бугарија кон македонското прашање по Втората светска војна

DOOM - Kongres 2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонска нација

Христо Калајџиев (Ениџе Вардар, 28. Ⅷ 1886 – Софија, 26. Ⅳ 1964) е македонски револуционер, деец на македонското револуционерно движење и на Бугарската комунистичка партија (БКП). Во 1919 година бил член на БКП задолжен да дејствува меѓу македонската прогресивна емиграција и македонското население во Пиринскиот дел на Македонија. Бил апсен, затворан и интерниран во концентрациони логори. Постоењето на македонската нација го сметал за факт, но по Резолуцијата на ИБ во 1948 година се солидаризирал со големодржавната политика на БКП.

По Втората светска војна, во периодот на промените во политиката за македонското прашање и влошувањето на бугарско-југословенските односи, кога луѓе заради промакедонски или пројугословенски позиции во Бугарија биле оптужени за југословенски агенти и ликвидирани, Калјџиев за да го избегне прогонот застанал на страната на пробугарските позиции. Во тој контекст ја пишува и статијата „Македонското прашање и федерацијата на Јужните Словени“, објавена во весникот „Отечествент фронт“, од 27 VIII 1949 год., во која меѓудругото вели:

„Македонското прашање има долга историја – цели децении тоа беше во центарот на меѓународните ривалства и војни на Балканот.

Во 1912 и 1913 година како резултат на двете Балкански војни Македонија беше ослободена од турското ропство, но беше распарчена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Воено-монархистичките клики, што управуваа со тие земји, спроведуваа курс на големодржавен шовинизам и на завојувања, потискајќи го распокинатиот македонски народ, кој се бореше за своето национално обединување и за својата политичка слобода.

Во Бугарија каде што живеат близу 600.000 македонски емигранти, се развило силно прогресивно македонско движење во името на самоопределувањето на македонскиот народ како самостојна нација.

Во текот на Втората светска војна, кога војските на бугарската монархо-фашистичка влада заедно со германските навлегоа во „српска и грчка“ Македонија, бугарското движење на отпорот, под раководство на БКП поведе херојска борба за ослободување на македонскиот народ. Отечествениот фронт, раководен од БКП, водеше подеднаква решителна борба како против големобугарскиот шовинизам на цар Борисовата клика, така и против големосрпскиот шовинизам и хегомонизам на Александар и на неговата клика за ослободување и обединување на македонскиот народ. Во таа борба, водена заедно со југословенските и македонските партизански војски, бугарското антифашистичко движење даде скапи жртви.

Со народната победа од 9 септември 1944 година Бугарија беше ослободена од германско-фашистичкото и монархистичко господство...

По ослободивање на Бугарија и Југославија од фашистичката диктатура и воспоставувањето во тие земји на народно-демокртаска власт при раководна улога на Комунистичката партија, беа создадени најблагопријатни услови за вистинско зближување поеѓу двете братски земји и за крајно демократско уредување на македонското прашање.

Според спогодбата од Блед помеѓу министер-претседателот на НР Бугарија Ѓорѓи Димитров, обединувањето на Македонците од Пиринскиот дел на Македонија со Народна Република Македонија, што се наоѓа во составот на Федеративна Народна Република Југославија, требаше да стане наедно со обединувањето на Јужните Словени, т.е. во рамките на една федерација на Јужните Словени.

Спогодбата на Блед која стави крај на сите спорови и интриги околу македонското прашање и изгради база за полно државно, политичко и економско единство на Јужните Словени, беше пречекана со восхит од бугарските и југословенските народи.

До создавањето на федерацијата, бугарската влада, изразувајќи ја својата преданост кон македонското национално обединување, воведе во училиштата на Пиринскиот дел задолжителен македонски јазик, допуштајќи голем број македонски учители, македонски книжари од Скопје за распространување на книги на македонски јазик.  Меѓу владите на двете братски земји беа решени низа конкретни мерки за создавање на федерација. Но во март 1948 година владата на Тито направи пресврт во својата дотогашна политика, откажувајќи да води понатамошни преговори за формирање на федерација.

Изневерата на маршал Тито кон марксизмот-ленинизмот и кон меѓународниот демократски табор, на чело со СССР, осудена отворено од резолуцијата на Информационото биро на комунистичките партии, даде свој одраз и тука. Лизгајќи се по наведнатата површина на национализмот, групата на Тито застана на старите позиции на големосрпскиот шовинизам од времето на крал Александар, која се стремеше кон хегемонија на Балканот.

Нарушувајќи ја спогодбата на Блед владата на Тито- Ранковиќ и на Лазар Колишевски во Скопје, во расчекор со пилитиката на пријателство, го издигна сосема неосновано барањето за присоединување на Пиринскиот дел кон Југославија, независно од решението веќе формирањето на федерација. Сличен завојувачки стремеж кликата на Тито пројави и кон малата Албанска народна република, што се установи со процесот на Кочи Ѕоѕе во Тирана. 

... Изневерувајќи ја склучената Бледска спогодба, која предизвика толку ентузијазам кај бугарскиот, југословенскиот и македонскиот народ, изневерувајќи го пријателството со Бугарија, со Советскиот Сојуз и со народните демократии, групата Тито-Колишевски вештачки го задоцни остварувањето на заветниот македонски идеал – националното државно обединување на македонскиот народ.  

(„Од признавање до негирање“, 1970, Скопје, стр. 212 - 215)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.