|
|
Тој што не го признава македонскиот идентитет во неговата изворност, Тој не го признава и Светото писмо! |
Мане Јаковлески Единството во Македонија е повеќе од потреба, а единство ќе се постигне кога политичарите кои се избрани од народот ќе работаат за народот на државава Македонија, а не секојдневно да го трујат со разни жалопојки и црни сценарија кога се во опозиција. Тие што се во опозицијата мора да научат дека, кога се во опозиција треба да бидат коректор на актуелната власт и да нудат подобри решенија, а актуелната власт да го исполнува ветеното пред изборите и да работи за доброто на наротот, тие што и дале мандат да ја води државата. Или сите заедно и власт и опозиција да се борат да не ни се смени нашиот идентитет, историја, култура за подобро економија,... тоа секогаш мора на сите да биде водилка за македонските интереси. Во спротивно, кои би биле последиците? На политички и на национален план последиците би биле крајно деградирачки за нас Македонците во Република Македонија, но и за оние што живеат во соседството и насекаде во светот. Едноставно несмее да биде дозволено да се плачка сопствениот народ во корист на неколку моќници-среброљупци, да се врши политички терор врз официјалната наука за македонската национална историја, култура, јазик и традиција, независно судство, да се конструираат неприродни тези за „постоење“ на двоен идентитет кај Грците дека истовремено се Грци и Македонци, Бугарите се Бугари а Македонците Бугари, а јазикот што го зборуваат е бугарски а не македонски! Исто така, Македонија како држава која ги почитува националните определби на сите кои живеат во Македонија несмее да дозволи еден ден ТИЕ што се чувствуваат Македонци, да им биде ускратено правото да се изјаснуваат како Македонци! Ова е невиден абсурд, ова ќе биде крај на македонската демократија и мултиетничка толеранција која како така фунцкионира во Македонија. На сите да им се дозволи да се изјаснуваат како што се чуствуваат и тоа е добро, а на сопствениот народ НЕ, тоа е невидена глупост во историјата на човештвото. Да се работи за Македонија е одговорност, одговорност на илјадници кои се бореле, а голем дел го дале животот, тоа е одговорност и кон идните наши поколенија. Кој ја сака и работи за добробит на својата татковина Македонија тој секогаш живее под големото сонце, во големиот простор, во големата заедница, како што човек кој искрено верува во Бог не е никогаш сам и безнадежен. Во Светото писмо (Библијата) постои јасно разграничување меѓу Македонија и Македонците наспроти Елада и од Елините (Грците) а Бугарите ги нема никаде запишано ниту со еден збор. Во Стариот завет Македонија се споменува како Китим, а Македонците како Китимци, наспроти Елиса (Грци). Во Новиот завет на 28 места во 24 стиха се споменуваат Македонија и Македонците, посебно од Елада и од Елините. На самиот крај, цитат од научното изложување на Ѓорги Поп-Атанасов, Македонец од пиринскиот дел на Македонијаво неговата книга „Библијата за Македонија и Македонците“: Тој што не го признава македонскиот идентитет во неговата изворност, Тој не го признава и Светото писмо. Вечна да е Библијска Македонија, АМИН! |