|
|
Македонската војска сама ја ослободува Македонија |
Македонска нација Во Втората светска војна македонската војска сама ја ослободува Македонија. На вториот состанок на ЦК на КПМ кое е одржано од 2 до 4 август 1943 година во Преспа, во непосредна близина на село Отешево, уште познат како Преспанско советување, биле донесени одлуки да се започнат подготовките за свикувањето на Првото заседание на АСНОМ како највисок орган на власт во македонската држава, да се формираат батаљони и бригади, команди на местата и на подрачјата, обласни и околиски НОО. Наскоро потоа на Славеј планина беше формиран Народноослободителен батаљон „Мирче Ацев“ (18. VIII 1943) како прва регуларна воена единица на НОВ и ПОМ. Денес се слави како ден на АРМ. Македонската војска се зголемува по капитулацијата на Италија (8. IX 1943), кога единиците на НОВ и ПОМ запленија големо количество оружје и муниција. При ГШ пристигна и првата англиска сојузничка мисија како значаен чин на меѓунродно признание на НОАВМ. Воените сили на НОВ и ПОМ нараснаа на 6 баталјони, една чета со тешко оружје и една батерија топови (X-XI 1943), а е формиран во Првата Македонско-косовска НОУ бригада (11. XI 1943). ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПОМ го формираа Инцијативниот одбор за свикување на АСНОМ Во Костурско и Леринско, во Егејскиот дел на Македонија, беа формирани Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ, октомври 1943 - април 1944) и Славјаномакедонската ослободителна војска (СОВ) како вооружен дел на СНОФ, во чии рамки дејствуваа НОПО „Лазо Трповски“ и НОПО „Вичо“. ГШ на НОВ и ПОМ почна да води покрупни воени операции. Воените единици успешно им се спротиставува на надмоќните непријателски сили во едномесечниот Февруарски поход (1944) во должина од околу 400 км, во најнеповолни временски услови, и во Пролетната офанзива (25. IV - 19. VI 1944). НОАВМ веќе доби масовен општонароден карактер (летото 1944). Во Пиринскиот дел на Македонија се формираа НО бригада „Јане Сандански“ и Пиринскиот партизански одред „Рила“, а Петричкиот партизански одред беше во постојана врска со единиците на ЕЛАС на планината Али Ботуш. Ширум Македонија беа формирани околу 500 НОО и 116 делегати беа избрани за Првото заседание на АСНОМ (ман. „Св. Прохор Пчивски“, 2. VIII 1944) како највисоко законодавно и извршно народно преставничко тело на македонската држава, на кое македонскиот јазик беше прогласена за службен во македонска држава и започнување државниот развиток на ДФМ за сојузна држава во рамките на ДФЈ. Тие одлуки ги поддржа и првата правна конференција на БКП за Горноџумајската област (Разлошка, Неврокопска, Светиврачка, Петричка и Горноџумајска околија), а во Егејскиот дел на Македонија беше формиран Костурско-леринскиот баталјон, Воденскиот македонски батаљон и потоа Прва егејска НО бригада, кои учествувале во ослободителните борби на Тетовско и Гостиварско. Македонската војска сама ја ослободува Македонија. Во времето на завршените операции за ослободување на Македонија, под команда на ГШ на НОВ и ПОМ, веќе имало околу 85.000 припадници на НОАВМ, со 7 дивизии и 3 корпуси, меѓу кои и околу 10.000 борци и заднински соработници од Егејскиот и Пирински дел на Македонија. По капитулацијата на Бугарија (9. IX 1944), германските сили претрпеле огромни загуби. А со ослободувањето на Гостивар и Тетово (19. XI 1944) завршило целосно ослободувањето на ДФМ. Во ослободувањето на Косово и Јужна Србија учествуваа и македонските дивизии, а во завршните операции за ослободување на Југославија учествуваше и Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ составен од 22.000 борци. Македонскиот народ ја заврши војната со околу 25.000 загинати борци и жртви на фашистичкиот терор. Така НОАВМ даде значаен придонес во антифашистичката војна на Балканот и Европа. (извор: М.Е. том втори, Скопје, 2009, стр. 837) |