Среда, 28 Август 2024   
Кога СДС не се власт се случуваат обиди за дестабилизација

1Mane 4 copy copy copy copy copy

По мајските избори и формирањето на новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, не поминаа ни три дена, а СДС и ДУИ на прес конференции почнаа да испраќаат критики, дури и закани кон актуелната власт. Најчесто на удар се премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Собранието Африм Гаши.

Денес опозициските СДС и ДУИ, самонаречени државотворни партии на прес конференции со „загриженост“ говорат за одредени состојби во речиси сите сфери на општественото живеење. Но едно забораваат, дека тоа се наследени состојби од нивно време кои не можат да се санираат преку ноќ. Па со право се поставува прашањето, зошто ако толку биле способни, не ги средиле состојбите кога тие беа власт?. После толку недомаќинско и душманско плачкање и разнебитување на државава, не им личи да глумат загриженост.

Ако пак навистина се толку многу загрижени тие треба да бидат конструктивни и да ги подржат политиките на актуелната власт за што побргу санирање на состојбите. Доколку имаме различни политички погледи кон Македонија, различни идеали или идеологии, СЕПАК ЕДНО МОРА ДА НЕ ОБЕДИНУВА, сите да се бориме да го сочуваме нашиот идентитет и достоинство, а не да водиме борба кој повеќе ќе ја разнебити Македонија, заради лични интереси.

СДС драматично отстапи од вредностите за кои се залагаа. Изминатите седум години, додека СДС беа на власт, националните интереси, владеењето на правото и т.н. беа заменети со личните интереси, корупцијата и криминалот.

По седумгодишното разградување и разграбување на земјата, државата беше донесена пред амбис. Затоа еден од главните приоритети кој го постави новата Влада е борбата против корупцијата и организираниот криминал.

По најавите на Владата дека секој еден што се огрешил и се посрамотил пред својот народ, а притоа ги злоупотребил овластувањата, особено ако станува збор за полициски службеници, државни функционери итн…. ќе одговараат пред законот, ги загрижи не само криминалците, но и неколкумина челници од СДС и ДУИ кои ги извалкаа рацете.

Стравот дека некој ќе одговара, предизвика некои преставници на овие партии да се закануваат, да посакуваат и да најавуваат дестабилизација на државата. Ваквата реторика можеше да се слушне уште пред изборите и очигледно е дека се подготвувале за една ваква варијанта доколку ги изгубат изборите.

Кога СДС не се власт се случуваат обиди за дестабилизација

Прво на удар секогаш им е Министерството за Внатрешни Работи.

Така, по аферата „Големо уво“ кон крајот на 2000 година, кога Бранко Црвенковски објави стенограми на прислушкувани разговори, се случи воениот конфликт со УЧК на почетокот на 2001 г.

Во февруар 2015 година, тогашниот лидер на СДС Зоран Заев ги објави т.н. „бомби“, дел од првите снимки на незаконски прислушкувани разговори. Набргу потоа, на 9 и 10 мај истата година полицијата имаше вооружена престрелка за заробување на терористичка група влезена од Косово во кумановската населба Диво Наеље.

Не цела година потоа започна „шарената револуција“, во која беше запалена народната канцеларија на тогашниот претседател, а по која на почетокот на 2017 година дојдоа на власт. Сето ова наведува дека заканите за дестабилизација треба сериозно да бидат сфатени.

Без разлика на сите игри, Македонија има капацитет да се справи со предизвиците кои се пред неа.

Крајно  време е владата да ја исчисти нечистотијата која ја наследи, да се воведе ред и да се возобноват институциите на системот, за земјата да стане пристојна и просперитетна за сите граѓани кои живеат во Македонија, без разлика на вера и нација или партиска определба.

Народот во Македонија со право очекува од актуелната Влада, сите кои со криминал се збогатиле, да одговараат и да им се  одземе стекнатиот имот. Само така државава ќе оди напред и само така ќе се испрати силна порака и на идните функционери, дека со криминал стекнато богатство не се исплаќа.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.