Среда, 28 Август 2024   
Превземен коментар од Фејсбук како поздрав до бугарските негатори

1Dzepovski1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Превземен коментар од Фејсбук како поздрав до бугарските негатори.

Деновиве налетав на еден коментар на Интернет поточно на Фејсбук и мислам дека вреди да се рашири и види наоколу и пошироко.  Па ајде да го проследиме.

Да ја имаш Лидија од Македонија, првата христијанка во Европа,

Да го имаш 1100 години Свети Наум и неговиот манастир, 1000 години Бигорски, 1100 години Свети Климент и Плаошник, што е 300 години пред ренесансата во Европа,

Да го имш Богомилското движење како прво протестантско учење во Европа 6 века пред другите слични движења,

Да го имаш Курбиново со фреската Ангелот од Курбиново стара 900 години, кој го има во истоименото село и само во црквата Равена и никаде на белиот свет на друго место,

Да ја имаш Охридската книжевна школа неколку века пред Болоња,

Да го имаш Галичник со уникатните зографи и ремек делата од дрворези на тамошните мајстори,

Да го имаш Танец со Тешкото, Драчевка, Малешевка, калајџиско и други ора и песни со ритам 11/8 за кои светот станува со овации и се чуди,

Да ги имаш најубавите народни носии и шари,

Да го имаш Делчев со најпрогресивната реченица на овие простори,

Да ги имаш Мисирков, Рацин, Конески, Анастас Коцарев, Петре М. Андреевски, Стефановски Горан и Влатко, Ацо Шопов, Гане Тодоровски.... И уште колку многу имаш мој народе!!!

И да седниш со Бугарите да се расправаш дали сме Македонци и од кога сме.

Е треба да имаш некој синдром на самоуништување и да не се цениш воопшто себеси.

Крај на превземеното од Фејсбук.

Причинува големо задоволство како Македонците си ја бранат Македонија и како со факти и докази ги убиваат во поим своите негатори а во овој случај посебно Бугарите па и Грците. Секогаш има повеќе докази и идеи за дотолчување но ете и тоа "малку" докази и факти се многу слатки и интересни.

Во Стариот завет Македонија се споменува како Китим, а Македонците како Китимци, наспроти Елиса (Грци). Во Новиот завет на 28 места во 24 стиха се споменуваат Македонија и Македонците, посебно од Елада и од Елините.

Цитатот на Ѓорги Поп-Атанасов, Македонец од пиринскиот дел на Македонија: Тој што не го признава македонскиот идентитет во неговата изворност, Тој не го признава и Светото писмо.

МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЈАТА ИДНИНА.

ДЕЦА И ВНУЦИ ИМА ВО ДОВОЛЕН БРОЈ ЗАСЕКОГАШ ДА ЈА БРАНАТ И ОБНОВАТ МАКЕДОНИЈА.

ДУШМАНИТЕ НЕМААТ ОСЕТ И ИДЕЈА КОЛКУ Е СВЕТА БОРБАТА ЗА ВИСТИНАТА И ЉУБОВТА КОН МАКЕДОНИЈА И ДЕКА ГОСПОД ЕДЕН ДЕН ИМА ДА ИМ НАПЛАТИ ЧЕТВОРОДУПЛО А НА ПРАВИТЕ  ПАТРИОТИ ВЕЧНА СЛАВА И МЕСТО ВО РАЈОТ.

АМИН !!!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.