Среда, 25 Септември 2024   
Македонија беше една од причините поради која започна Првата Светска Војна

1svekrva copy copy copy copy copy copy copy copy

Свекрва

Подготвувајќи се за војна против Османската империја и за поделба на Македонија, балканските држави Бугарија и Србија на 29 фебруар (13 март нов стил) 1912 година склучуваат неколку меѓусебни договори:

1. Договор за пријателство и сојуз;

2. Таен додаток кон претходниот Договор; и

3. Спогодба помеѓу бугарскиот и српскиот генералштаб.

Иако во членот 2  од Тајниот додаток кон Договор за пријателство и сојуз меѓу Србија и Бугарија, двете земји се обврзале дека во освоените македонски територии ќе воспостават заедничка власт (кондоминиум) за да по завршувањето на војната, на Македонија да и` дадат автономија, и дури по тоа, „ако се покажело неизводливо“ да ја поделат меѓу себе, тие уште со влегувањето на нивните војски во Македонија ги игнорираат договорите и се обидуват да заграбат што поголеми територии.

Од развојот на настаните во текот на Првата Балканска Војна и потоа, видливо е дека зборовите за создавање „специјална автономна област“ од територијата на Македонија „меѓу Шар-Планина и Родопите, Архипелагот и Охридското Езеро“ била само демогошка, дипломатско-тактичка фраза и дека сојузниците немале намера да се придржуваат кон договореното. Појавените противречности меѓу сојузниците околу владеењето со територијата на Македонија, кои не ги решава ниту потпишаниот мир со Османската империја во Лондон ќе бидат причина за почеток на Втората Балканска Војна.

Меѓу Србија и Грција бил потпишан таен договор со заеднички дејствија против Бугарија и заграбување на македонските територии што ги држела таа. Бугарија, пак под влијание на Австро-Унгарија, на 29 јуни 1913 година влегува во војна против српските и грчките војски, на кои покрај црногорските, им се придружуваат романските и турските војски.

Притиснати од сите страни, Бугарија е принудена да побара мир.

Букурешкиот мировен договор склучен на 28 јули 1913 година (10 август 1913 г., нов стил) меѓу Србија, Црна Гора, Грција и Романија, од една страна, и Бугарија од друга страна, е еден од двата договори (покрај Цариградскиот) со кој се става крај на Втората Балканска Војна.

Под притисок на Романските војници, кои се закануваат дека секој момент можат да влезат во Софија, Бугарија во Букурешт е принудена да ја отстапи Јужна Добруџа на Романија и да се откаже од своите територијални претензии кон Македонија. Според Букурешкиот договорот Србија го добива Вардарскиот, Грција Егејскиот, а на Бугарија и остануваат Пиринскиот дел на Македонија и Тракија. Меѓутоа, поради неучеството на отоманските претставници на Букурешката мировна конференција, бугарско-османлиските односи остануваат нерешени.

mapa-makedonija-1913-bukurest

                  Со Букурешкиот мировен договор, Македонија била поделена на тој начин:

• Егејскиот дел, со површина од 34.356 km2 го окупирала Грција,
• Вардарскиот дел со површина од 25.342 km2 го окупирала Србија,
• Пиринскиот дел со 6.798 km2 ја окупирала Бугарија и
• Јужниот брег од Охридското езеро - Мала Преспа со 1.115 km2 и биле доделени на Албанија.

Незадоволна од Букурешкиот мировен договор, Бугарија одбива да ги прифати решенијата. За да ги анулира територијалните проширувања на Србија и Грција со кои се нарушува рамнотежата на Балканот и се оневозможени бугарските аспирации кон целата територија на Македонија, Бугарија повторно во игра го става македонското прашање. Во почетокот на август, бугарскиот министер за надворешни работи Никола Генадиев повторно ги повикува големите европски држави да интервенираат за решавање на тракиското прашање.

Односно, по потпишувањето на Букурешкиот мировен договор, бугарската влада на Васил Радославов ја распушта целата своја армија, освен делови кои се префрлени во Тракија. По предупредувањето од европските сили дека османлиската војска ќе ја продолжи офанзивата, потоа прогласувањето на 16 август 1913 година во Коматини на „Независна западнотракиска турска република“ и заканата да ја изгуби Западна Тракија, Софија ја прифаќа османлиската покана за билатерални преговори и ги испраќа своите претставници Михаил Савов, Григор Начович и Андреј Тошев во Цариград. Преговорите званично почнуваат на 26 август во Цариград и завршуваат на 16 септември со склучување на мировен договор.

Преговорите меѓу Софија и Цариград внимателно се следат од балканските сојузници, а посебно го привлекуваат вниманието на Србија која покажува посебна загриженост по објавувањето на веста дека Бугарија ќе бара автономија за Македонија. Белградска „Политика“ од 16 август 1913 година, во текстот под наслов „Начевиќ во Цариград“ ќе забележи:

„Од преговорите кои се водат во Цариград, отстранет е превезот на тајната. Таинствена мисија на Начевиќ која веќе недела дена дава материјал за контрадикторни полуофицијални турски и бугарски коминикеа, доби одеднаш свое објаснување. Наместо Тракија и Едрене да ги спасуваат од Турците, Бугарите во Цариград работат да им наштетат на Србите и Грците. Тие им нудат на Турците договор по прашањето за автономија на Македонија и покажуваат готовност, да отстапат голем дел од својата добивка од првата балканска војна.

Бавноста со која се водат преговорите, веќе сега јасно покажуваат дека Турците немаат желба да влезат во авантура која за нив би била многу опасна. Турција, согледувајќи дека новата балканска интрига нема да се согласува со начелото на самоодбрана, која тие ја истакнаа преминувајќи ја линијата Енос – Мидија, и дека сигурната добивка, која за нив претставува Едрене, не би можела да биде доведена во прашање туку би се создале компликации. Тие не се толку оддалечени од големите европски кабинети за да не знаат дека прашањето на автономијата на Македонија е идеја која припаѓа на историјата.

Од нивниот договор со Бугарите, оттука, не може за Балканот да произлезе нова опасност. Ако дојде до договор, тој ќе биде постигнат на таква основа, која ќе го врати трајниот мир на Балканот. Турската сметка е проста. Прво, Турците немаат причини да влезат во сојуз со Бугарите, кои им се природни противници, и второ, Турците немаат потреба да со неприродни комбинации да добијат нешто што веќе е нивно.

Насочена против Србија и Грција, идејата за автономија на Македонија е безмислена кога во Цариград ќе се постави. Меѓутоа, ако таа создава тешкотии и опасности, таа го покажува расположението кое во Бугарија владее према Србија и Грција, и служи како опомена за идната српска и грчка политика према Бугарија. Затоа што тоа што Начевиќ го работи  во Цариград, цела група видни Бугари кои владата ги испратила, работат во другите земји. Сите бугарски напори во овој момент се насочени на тоа да на Србија и Грција, во деновите на новиот државен живот, да им се наруши внатрешниот мир. Се склучуваат тајни сојузи со австриските Арнаути, се прават планови за револуционерна акција преку Албанија, и се обидува турските погледи на Тракија која е муслиманска и турска, да се префрлат на Македонија која е христијанска.

Сите овие погледи не претставуваат, за сега, никаква опасност. Зошто таму, каде не успеало  оружјето на целокупниот бугарски народ, нема да успеат ни лудите обиди на една банда пропаднати политичари и македонски агенти. Меѓутоа тие ја откриваат тенденцијата на новата бугарска политика, која воглавно е насочена против Србите, и не советуваат нас, иако непријателот е победен, да не бидеме дарежливи. Тие не упатуваат на нови напори, кои на нескротениот непријател, ќе го оневозможат да со својата омраза и грабежливост да им наштетат на своите соседи“.

Предлогот за автономија на Македонија, кој Софија го дава повеќе како дипломатска маневра за да добие концесии за излез на Егејско Море, бил отфрлен од Турците. Сепак со Цариградскиот мировен договор од 16 септември 1913 година (29 септември 1913 г., нов стил ) меѓу Бугарија и Отоманската империја, се договараат границите во Тракија. Бугарија го губи Одринско, но задржува излез на Егејско Море меѓу Марица и Места.

Во сите овие преговори и договори, иако гласно апелирал, македонскиот народ никогаш не бил прашан. Со поделбата на терироторијата на Македонија никој не беше задоволен, па како што вели  тогашниот британски министер за надворешни работи Едвард Греј (1905 - 1916), „секој мир на Балканот беше невозможен, додека Букурешкиот договор постоеше“.

Македонија беше една од причините поради која започна Првата Светска Војна.

Бугарија која никогаш не се помири со Букурешкиот договор, за да се реваншира на Србија, се приклучува на Централните сили. Бугарија и Турција стануваат сојузници и територијалните клаузули од Цариградскиот договор се дополнети со Бугарско-турска конвенција од 1915 година.

Последиците по македонскиот народ од војните кои се водат на тероторијата на Македонија, како и од поделбата на нејзината територија се огромни. Поделен македонски народ, уништено стопанство, иселување на населението, а македонското националноослободително движење, било доведено во крајно тешки услови на дејствување.

Во окупираните делови на Македонија Србија, Грција и Бугарија, вовеле вонредни воени режими кои ја прогонувале секоја активност за независност на Македонија. На окупираната македонска територија започнува груба политика на систематска денационализација и асимилација на македонскиот народ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.