Среда, 02 Октомври 2024   
Македонија како и Турција не мора да излезе од НАТО за да стане членка на БРИКС

         310701 copy copy copy copy copy copy copy

                                Македонија како и Турција не мора да излезе од НАТО за да стане членка на БРИКС

                                Стагнација на преговорите со ЕУ може да биде причина да се побара алтернатива!

Македонија е веќе две децении на агендата за приклучување кон ЕУ. Иако на тој пат направи многу жртви и остапки, тие за Брисел не се доволни за да донесе одлука за започнување на пристапните преговори. Веста дека Албанија се издвојува од Македонија на заедничкото европско патување и не беше некое големо изненадување, откако македонскиот народ посредно на избори се изјасни дека е против договорите со Грција и Бугарија, со кои е сменето името на државата, а се тежнее да се избрише македонскиот идентитет, историја и култура.

Македонија која на 9 ноември 2005 година се стекна со статут на кандидат, денес две децении подоцна остана во чекалната на ЕУ. Брисел и покрај промената на името денес продолжува со своите условувања, кој го доведуваат во прашање македонскиот идентитет. Тоа го наметнува повеќе прашањето дали Брисел ја сака Македонија и македонскиот народ да бидат дел од ЕУ и дали сака мир во регионот и пошироко..

Одовлекувањето на пристапните преговори на земјата за членство во ЕУ, покрај евроскептицизмот, може да ги влоши внатрешните состојби, но и да ги подгрее аспирациите на соседите кон Македонија, без разлика што земјата е членка на НАТО. Несфатливо е како Брисел заради Бугарија и Грција, го рескира мирот, не само во регионот, туку и поширако.

Македонија  од самото осамостојување се наоѓа под притисок од соседите. И покрај тоа земјата упорно работи да ги совлада пречките кои и се наметнати, но притоа да го сочува достоинството и идентитетот на македонскиот народ. Меѓутоа стагнација на преговорите со ЕУ може да не однесе во дриг правец. Ако веќе постои сомнеж за вистинската посветеност на ЕУ за проширување со нови членки, ако на агендата на Брисел не е Македонија се додека постои македонскиот православен народ, тогаш сигурно ќе доведе да се бара алтернатива.

Во минатото лето на Бледскиот форум во Словенија, по најавите за прием на Украина во ЕУ, албанскиот премиер Еди Рама иронично ќе рече дека „ако се земе како основа за членство во ЕУ која земја е во војна, тогаш, според него, сите земји од Западен Балкан би се нападнале меѓусебно, само за да станат дел од унијата.“ Денес, рампата за Албанија е крената и таа сама го продолжува патот кон ЕУ, додека за Македонија таа е спуштена од „братската“  Бугарија.

Македонија не е единстваната земја која минува низ голгота на патот кон ЕУ. Примерот со  Турција е поизразен. Имено, иако Турција една од првите членки на Советот на Европа, една од оснивачите на Организацијата за безбедност и соработка на Европа и т.н., таа преговорите ги започна дури во 2005 година и сеуште не е членка на ЕУ.

Но, децениската стагнацијата на преговорите со ЕУ, ќе биде причина Турција да побара алтернатива. Турција одлучи официјално да аплицира за приклучување на БРИКС, првично составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.  Но и покрај ваквата одлука Анкара нема намера да излезе од НАТО.

Одлуката Турција да се приклучи на БРИКС може да биде знак дека Анкара, по долгите неуспешни преговори, се одалечува од ЕУ или пак сака да изврши притисок во ЕУ.

Како и да е ова може да биде пример за размислување. Македонија како и Турција не мора да излезе од НАТО, но ако ЕУ не не’ сака вакви како што сме, тогаш земјата може да стане членка на БРИКС, дел од огромен евроазиски пазар. Ваков чекор може да биде следен и од други балкански земји за кои засега нема место во ЕУ. Па Брисел нека продолжи да размислува за евроинтеграцијата на Македонија и другите земји од т.н. Западен Балкан во ЕУ.  

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.