Среда, 16 Октомври 2024   
Актуелната Влада покажа храброст за да ја врати земјата од провалијата во која беше втурната

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонска нација

Во првите сто дена Владата предводена од Христијан Мицкоски покажа одлучност и посветеност не само да го исполнува ветеното, туку и да се справува со последиците презвикани од несовесното владеење на претходната власт.

СДС и ДУИ во текот на своето седумгодишно владеење предизвикаа цунами, кои ги руинира институциите и го изпразни буџетот.

За да се справи со наследената состојба, новата влада предводена од Премиерот Христијан Мицкоски и беше потребно не само одлучност и знаење, туку и храброст за да ја извлече земјата од провалијата во која бесрамно беше втурната од претходната власт.

Воопшто не е едноставно да управуваш, кога сите сегменти од општествениот живот се еродирани. Но во текот на овие сто дена, со упорна работа, чекор по чекор, дел по дел, се решаваа наталоженте проблеми, но и делови од предизборните ветувања.

Кога се сумираат резултатите, може да се каже дека новата власт имаше успешни сто дена. Како прво, по добивањето на мандадот Христијан Мицкоски формира влада без ДУИ, со што беше исполнето едно од ветувањата.

Беа донесени повеќе закони меѓу кои: се усвои дополнетиот ребаланс на Буцетот за 2024 година.

Беа обезбедени средства за пензиите, плати  за доспеани обврски, за студентите, земјоделците и за економијата.

Исто така, премиерот Мицкоски се договори со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, унгарски кредит од 500 милиони евра, со камата од 3,25 проценти, три години грејс период, и 12 години рок на отплата, што е вкупно 15 години. Тоа се средства кои ќе бидат поддршка на економиите во единиците на локалната самоуправа и бизнисот во земјата.

Едноставно, ветувањата на премиерот станаа реалност: повисоки пензии преку линеарно покачување на пензиите за над 330.000 пензионери; 15 милијарди денари за капитални инвестиции за општините.

За 100 дена 4 странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра, коишто ќе значат нови 1.600 вработувања.

Исплатени се повеќе од 1,2 милијарда денари за заостанати субвенции од минатото и во годината.

20 милиони евра за реконструкција на студентските домови и слично.

Истовремено во фаза се исполнување и на другите ветувања како реформи во судството, потоа забрзување на изградбата на повеќе патишта од коридорот 8 и 10, како  и водење дипломатија со исправена кичма.

Разликите помеѓу владеењето на коалиционата власт ВМРО ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ и претходната Влада предводена од коалицијата СДС и ДУИ е неспоредлива.

За сто дена владеење на новата Влада се направени повеќе работи отколку тоа што го сработеа СДС и ДУИ за седум години.

Во седумгодишното недомаќинско и криминално владеење на СДС и ДУИ  немаа време бидејќи беа најмногу ангажирани за да го сменат името и идентитетот на македонскиот народ, како и да си ги наполнат бисагите, со што ја доведоа македонската држава на работ на амбисот. 

Реализираните работи од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ укажува дека оваа влада и покрај сите потешкотии, ќе продолжи да работи во интерес на државата и народот, а не на поединци.

Истовремено, Владата предводена од Христијан Мицкоски е чувар на нацопналните и државните интереси.

Најголемиот успех на криминалната коалиција СДС-ДУИ на патот кон членство во ЕУ е сликање селфи во авион.

VoAvion copy

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.